
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас значително ја намали сумата што ја предлага за итна воена помош за Украина поради отпорот на неколку земји членки. Калас претходно предложи земјите членки да ѝ дадат на Украина итна воена помош во вредност од најмалку 20 милијарди и до 40 милијарди евра. Овој предлог вклучува и набавка на два милиони парчиња артилериска муниција, системи за противвоздушна ...
Министерството за здравство попладнево ги објави медицинските центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани. Досега 101 пациент е испратен на лекување во странство (Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Грција, Италија, Австрија, Белгија, Литванија, Турција, Шведска, Унгарија и Полска). Според последните најави, во Турција ќе се лекуваат уште три лица, а седум се транспортираат во Шпанија. Во продолжение имињата на ...
Денеска на гробиштата во Струмица е погребан младиот музичар Џоко Ѓоргиев (25), тапанар на групата ДНК, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани. Колегите од ОМУ „Боро Џони“, каде работеше Ѓоргиев, денеска на комеморативна седница со аплауз и песна се простија од него, а за младиот музичар говореше директорката на музичкото училиште Клара Патарова. -Надвор од ова просторија има уште стотици, илјадници луѓе со истото чувство, дека загубиле ...
Две јавни болници во Мадрид, Шпанија ќе примат на лекување седум лица повредени во страотниот пожар во ноќниот клуб во градот Кочани, Македонија, кои се очекува да пристигнат наскоро, објавија дневните шпански весници „ABC Madrid“ и „20Minutos“ повикувајќи се на информација потврдена од портпаролот на Владата на Шпанија Мигел Анхел Гарсија Мартин. Како што наведува „ABC Madrid“, станува збор за болниците во Ла Паз и Гетафе кои ќе ги отворат ...
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 17 март привремено одзело четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета македонска бригада“ во Скопје. -По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се привремено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во ...
Денеска (20.03.2025), полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје. При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба. По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде ...
Првиот вицепремиер, Изет Меџити, вети дека ќе има правда не само за трагедијата со пожарот во Кочани, каде што загинаа 59 лица, а над 100 беа повредени, туку и за другите тешки случаи што ја потресоа земјата, како несреќата со „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово и трагичната несреќа во Ласкарци. Тој нагласи дека Северна Македонија доживеала многу трагедии со тешки последици, но правдата недостасувала, а државата повеќе нема ...
Владата изразува најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај континуираните апели за почитување на етичкото новинарство, денеска ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за погребот во Кочани. -Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие принципи. Сензационализмот и ...
Престрелка во Скопје, во село Моране се случи попладнево, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, едно лице е погодено и е во болница. Повредениот е примен во болницата св. „Наум Охридски“, каде во моментов му се прават испитувања. „Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед ...
Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција, информираат попладнево од турската амбасада. Три млади лица денеска со авион биле пренесени во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул. Турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој ги придружувал повредените на Меѓународниот аеродром, при нивното заминување од Скопје. Моментално во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени. Од нив, половина се во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, додека ...
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) ги повика медиумите во државата што известуваат за погребот во Кочани веднаш да ги избришат фотографиите и да ги приспособат вестите на етички и професионални стандарди. НУНС смета дека денешното известување на повеќе српски медиуми што објавија потресни и вознемирувачки фотографии е длабоко неморално и неприфатливо. Објавувањето фотографии и видеа од гробни места, членови на блиско семејство и ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нема да присуствува на денешниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел, објави провладиниот весник „Хуриет“, повикувајќи се на извори. „По посетата на полскиот премиер Доналд Туск на Анкара, постоеше можност Ердоган да оди на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел. Сепак, тој нема да оди на самитот што почнува денеска, бидејќи Европа не знае што прави“, пишува Абдулкадир Селви, колумнист на весникот. ...
Дваесет и седумгодишен тетовец пријавил дека бил напднат од две лица, кога пристигнал во село Арнакија, скопско. Според информацијата од МВР, тој тука стигнал по претходен договор за средба со женско лице со кое се допишувал преку социјални мрежи, бил физички нападнат од две лица кои му упатувале и закани со огнено оружје, а потоа едниот од нив со тврд предмет (кундак од автоматска пушка) му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф ...
Затворски полицаец во КПУ Затвор-Штип бил вербално па физички нападнат од осуденик, при што добил исеченица на главата. Кривичното дело било извршено вчера околу 9 часот, а нападнатиот вработен во затворот го пријавил случајот во 9.32 часот во СВР Штип. Како што информира МВР денеска во дневниот билтен, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип, заедно со други затворски полицајци, на осуденикот му наредил да го предаде ...
Швајцарските медиуми апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу го оценија како погребување на демократијата во Турција од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Според весникот „Тагес-Анзајгер“ Ердоган со апсењето на Имамоглу, го „заврши својот проект – изборите повеќе не треба да имаат никакво значење во Турција“. – Се чини како Ердоган да ја прашува својата земја: Дали навистина верувате дека можете да одлучите кога ќе ...
Во колони долги по неколку стотина метри граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов. Од најмладите Таневски и Ивановски граѓаните се простуваа во Соборниот храм „Свети Никола“, каде граѓаните со цвеќе и достоинствено и во тишина се простуваа од своите млади сограѓани. Во ...
Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи. Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани… На и околу местата на погребите беа распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. Погребот ...
Земја во жалост, бескрајно жалење, измешано со извици на гнев и бес и едно „зошто“ што го придружува секое спомнување на трагедијата. Северна Македонија денеска ги погребува загинатите од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, што се случи во раните утрински часови во неделата и ова е единствената тема не само во вестите, туку и во разговорите меѓу луѓето на улица. Штом се премине границата преку преминот Евзони во Северна Македонија, знамињата што ...
Оваа трагедија има димензии на национална катастрофа. На политиката не само што не и е тука место, туку таквата злоупотреба на трагедијата е апсолутно недопустлива. Мора да бидеме обединети, затоа што наш заеднички цел е да ги казниме сите одговорни и да обезбедиме дека ваква трагедија никогаш повеќе да се повтори, изјави државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски. Во интервју за белградска „Политика“, Коцевски ...
Партискиот огранок на ДУИ од Кичево, каде што припаѓа Крешник Бектеши, притворениот поранешен министер за економија по трагичниот настан во Кочани, објави порака на социјалните мрежи дека ќе дозволат институциите да си ја завршат работата, но дека „нема да биде покажана слабост“. – Молчиме затоа што ја чувствуваме болката на семејствата на загинатите во Кочани. Молчиме затоа што очекуваме институциите да си ја завршат работата. Но, немојте да ...
Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица. Погребани членовите на ДНК кои загинаа во ...
Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани, што се случи рано наутро во неделата. – Не постои збор со што можеме да ги искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите и замолуваме да не се шпекулира со невистинитите информации, се наведува во соопштението на Министерството. Оттаму ...
Министерството за здравство на Република Македонија најави дека повредените во трагичниот пожар во Кочани ќе бидат подложени на токсиколошки испитувања пред да бидат отпуштени на домашно лекување. Оваа мерка е воведена како дел од напорите за обезбедување максимална безбедност на пациентите кои се опоравуваат од сериозните последици на пожарот. Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција објасни дека испитувањата ќе ...
Одделенијата за изгореници во соодветните здравствени установи во Солун и Атина, продолжуваат да бидат во состојба на зголемена подготвеност, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, осврнувајќи на грчката помош за нашата земја за повредените во трагичниот пожар во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина. – Здравствениот оперативен центар на Националниот центар за итна помош во рамките ...
Психологот и лиценциран психотерапевт Радмила Живановиќ во интервју за МИА, ја нагласува потребата за психолошка поддршка на сите оние кои биле директно засегнати од трагедијата во Кочани, најблиската заедница на жртвите, но и младите кои преку социјалните мрежи секојдневно гледаат информации кои носат дезиориентираност и затоа треба да се реагира веднаш и сега. Имаме и граѓани, вели таа, на кои им треба подолго време да направат одредени ...
Објектот во кој згаснаа животите на нашите деца, не смее повеќе да постои, туку треба да се срамни со земја! На истото место да се направи парк, во чест на жртвите. Самата глетка на таа штала е преболна за народот, нека помине уште една недела и нека се прати багер, се да сруши до темел, апелираат жителите на Кочани на социјалните мрежи посветени на општината. Предлагаат на местото каде сега стојат руините од таканареченото кабаре Пулс, да се ...
Во Скопје и денеска им се оддава почит за загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Бројни граѓани палат свеќи на плоштадот „Македонија“ во чест на починатите во ужасната трагедија. Денеска во Кочани, Штип, Облешево, Скопје се одржуваат погребните церемонии за починатите во пожарот. Погребната церемонија во Кочани, од каде потекнуваат најголем дел од починатите, е во 12 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската ...
Четириесет и едно машко лице и 18 женски лица се меѓу 59-те починати во ужасниот пожар во ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Шест од нив се малолетни, на возраст од 16 години, а 53-ца се полнотелни, покажуваат податоците од Институтот за судска медицина доставени до Основното јавно обвинителство. Најголем дел од починатите се од Кочани – 31, шест од Облешево, по пет од Скопје и од Штип, тројца од Пробиштип, двајца ...
Во трагедијата во Кочани загина и младиот Филип Ивановски. Младото момче било меѓу првите кои успеале да избегаат од чадот и пламените јазици, но одлучил да се врати назад по своја другарка. – Нашиот ангел Филип Ивановски замина во вечноста и се молиме да биде на поубаво место од оваа мочурише во кое живееме ние грешните. Мојот најдобар другар, колега и херој Филип, а помеѓу другарите Фичо, успеал да излезе помеѓу првите скоро без никави ...
Манол Пејков, пратеник во бугарското собрание, преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра за настраданите во пожарот во Кочани, објавија „Пловдив24.бг“. Пејков објави дека ќе стапи во контакт со семејствата на настраданите во Софија и Варна, а сите парични средства кои се собрани ќе бидат донирани на истите. Најави дека ќе оствари и средба со амбасадорот на Северна Македонија во Софија, за да изрази сочувство и да понуди поддршка од ...