Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Политичка бура ја тресе Унгарија откако премиерот Петер Маѓар објави документи за кои тврди дека откриваат планови на претходната влада на Виктор Орбан за отворање центри за прием на мигранти, и покрај долгогодишната жестока антимигрантска политика. Маѓар изјави дека располага со записници и службени документи од 2024 година кои покажуваат дека властите разгледувале можност за повторно активирање на транзитни зони и користење објекти во ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Будимпешта и Киев официјално постигнале договор за образовните, културните и јазичните права на Унгарците во украинскиот пограничен регион Закарпатија, објави унгарската агенција МТИ. Маѓар на Фејсбук објави дека украинската страна се согласила да ги спроведе сите точки од договорот во официјален протокол и го вклучила договорот во акциониот план на ЕУ на Украина за етничките малцинства. За неколку ...
Петтата победа на Шкотска на Светско првенство требаше да биде причина за епска прослава. Победата над Хаити oд 1:0значеше дека ова е тим на кој не му е загарантирано дека ќе има лесна задача против помали нации. Повеќе од 10.000 дена откако испадна од Светското првенство во Франција, Шкотска се врати на најголемата фудбалска сцена и освои три бода. Тие се на врвот на Групата Ц. Сепак, на стадионот во Бостон, контра-наративот беше повеќе од ...
Норвешка со големо внимание го очекува понеделник, кога Окружниот суд во Осло ќе ја соопшти пресудата за 29-годишниот Мариус Борг Хоиби, син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит. Хоиби се соочува со обвинение по 40 точки, меѓу кои и четири обвиненија за силување. Обвинителството бара казна затвор од седум години и седум месеци, додека неговата одбрана смета дека евентуалната казна не треба да надмине една и пол година. Тој ги негира ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу САД и Иран, кој треба да доведе до повторно отворање на Хормушкиот теснец, ќе биде потпишан во недела. Но, иранските власти веднаш ја оспорија оваа најава, наведувајќи дека договорот сѐ уште не е финализиран. Трамп соопшти дека договорот ќе претставува гаранција дека Иран нема да поседува нуклеарно оружје. „Тие повеќе не сакаат нуклеарно оружје и нема да го имаат, ниту преку ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на „пуштање“ во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. Инаку новиот современ дом за стари лица Оаза беше пуштен пред една недела кога во едниот дел од него се вселија првите станари. Денешната реприза на отварање веројатно е поради секојдневната пи ар агенда на премиерот секој ден да има нешто да отвара или да промовиира и се разбира на ...
Полицијата го расчисти случајот со оштетување на канделабра за улично осветлување на подрачјето на Општина Карпош. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 јуни во 21:30 часот во Полициската станица Карпош бил извршен службен разговор со 48-годишен скопјанец, откако било утврдено дека неговиот 13-годишен син го оштетил уличното осветлување. Според информациите, настанот се случил на 11 јуни околу 21:30 часот на улицата ...
Австралија на најдобар можен начин тргна на Светското првенство победувајќи ја Турција со 2:0. Натпреварот беше динамичен и имаше неколку шанси од самиот почеток. Турција прва се закани сериозно преку Арда Ѓулер во 27-та минута, но голманот Патрик Бич направи брилијантна одбрана. Неколку моменти подоцна, Иранкунда искористи одлично додавање, го помина голманот Чакир и рутински шутираше во долниот лев агол за да ѝ даде на Австралија водство ...
Северна Кореја денеска соопшти дека прашањето за денуклеаризацијата е „неповратно завршено“, осудувајќи ги неодамнешните разговори меѓу Јужна Кореја и САД кои ја потврдија нивната цел за денуклеаризација на Северна Кореја. Неименуван портпарол на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги критикуваше барањата за денуклеаризација на земјата откако Јужна Кореја и САД пред три дена потврдија, на состанокот на билатералната ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе биде во интервал од 25 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а ...
Од МВР информираа дека е расчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина Карпош. -На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул.”Волгоградска”, во близина на фитнес ...
„На луѓето навистина им е преку глава од избори бидејќи ние гледаме дека од изборен циклус во изборен циклус ништо не се менува, државата осиромашува, институциите стануваат нефункционални и мислам дека треба да заврши она време што го паметиме, времето на Груевски, кога се одеше на секои две години на нови избори“, смета претседателката на ЛДП, Моника Зајкова Претседателката на Либерално демократската партија (ЛДП) и пратеничка во ...
Нова сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл се случи вечерва во скопската населба Даме Груев (Геге). Според првичните неофицијални информации, до несреќата дошло кога автомобил при вклучување од споредна на главна улица удрил во мотоциклист. На местото на настанот може да се забележи дека дел од мотоциклот завршил под автомобилот, што укажува на силата на ударот. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на ...
Дваесет и четиригодишен скопјанец бил лишен од слобода откако по семејна расправија му го одзел службениот пиштол на својот татко, кој е полициски службеник, и му упатувал закани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни 2026 година околу 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.К. (24) од Скопје. Како што соопшти МВР, претходно неговиот ...
Доналд Трамп најави дека САД утре ќе потпишат нов договор со Иран, кој, според него, целосно ќе го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Трамп, исто така, тврди дека веднаш по потпишувањето, Ормускиот теснец ќе биде отворен за целиот сообраќај, објави тој на социјалната мрежа Truth Social. Трамп остро го критикуваше претходниот договор, познат како JCPOA, кој беше постигнат од администрацијата на Барак Обама со Иран. Тој го опиша како ...
Јанез Јанша е феномен на словенечката политика. Тој беше министер за одбрана во првата независна словенечка влада во 1991 година, а сега повторно се наоѓа на премиерската функција – по четврти пат. Назначен на 22 мај, Јанша веќе предизвикува контроверзии. Меѓу нив се и прашањата за односот кон лица осомничени за соработка со нацистите кои биле погубени без судење по Втората светска војна, но и актуелните економски политики. Предложените ...
На 13.06.2026 во 01:47 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје е пријавено дека на 12.06.2026 околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М., при што Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 13.06.2026 во 01:47 часот во СВР Скопје, ...
Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса. Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ изрази загриженост поради најавите за изградба на дата-центри во земјава, оценувајќи дека ваквите капацитети ќе имаат големи потреби од електрична енергија и вода. Во реакција објавена на социјалните мрежи, од иницијативата се повикуваат на изјава на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во која, според нив, како едно од можните решенија за обезбедување дополнителна електрична ...
До ова дошло во два наврати во петокот, над јужниот и северниот дел на Балтичкото Море, а шведскиот воздушен простор не бил повреден. Односите меѓу Шведска и Русија се на историски најниско ниво што во голема мера е обележано со влезот на Шведска во НАТО и брзото влошување на безбедноста во регионот на Балтичкото Море Шведската војска денеска соопшти дека со свои борбени авиони пресретнала два руски борбени авиони над Балтичкото Море, во ...
Патниците во Европската Унија и понатаму ќе можат да бараат паричен надомест доколку нивниот лет доцни повеќе од три часа, откако земјите членки постигнаа договор да не се менуваат постојните правила за заштита на авионските патници. Со одлуката останува во сила регулативата што се применува од 2004 година, според која патниците имаат право на компензација од 250 до 600 евра, во зависност од должината на летот. Така, ЕУ реши да ги задржи ...
Повеќе од 48 часа не функционира апликацијата Мој ДДВ. Илјадници граѓани се револтирани бидејќи не можат да пристапат до апликацијата и да скенираат сметки. При внесување на пинот за најава, се добива порака Нема конекција од УЈП. На официјалната страна на МОЈ ДДВ е соопштено дека апликацијата функционира со повремени забавувања, но без да прецизираат кога ќе биде повторно вратена во функција. Ве информираме дека апликацијата МојДДВ ...
Сезоната на годишни одмори ги донесе првите големи гужви на граничните премини кон Грција. Според сведоштва на патници, на граничниот премин Евзони се чека со часови, а колоните возила се движат многу бавно. „Чекаме веќе три часа, а границата сè уште не се гледа. Работат повеќе царински пунктови, но бројот на возила е огромен“, изјавил еден патник од Србија кој патувал кон Грција со семејството, пренесе „Блиц“. Возачите се советуваат пред ...
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, наговести дека нема да продолжи да ја води партијата во иднина, наведувајќи дека сака да се приклучи на редовите на ветераните. За време на својот вчерашен говор на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети рече дека нема намера засекогаш да остане претседател на партијата и дека сака да го продолжи својот политички ангажман од друга улога. Од поранешните раководители, Ахмети го спомена ...
Федерален судија ѝ наложи на американската Влада да ги поништи промените направени на спомениците, спомен-обележјата и плочите што го одбележуваат ропството, расизмот и дискриминацијата во националните паркови и јавните простори. -Целта на дејствијата на владата беше да прекројување на националната историја, објасни американската окружна судијка во Бостон, Ангела Кели. Нејзината привремена пресуда е насочена кон Службата за национални ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре. „Потпишувањето на меморандумот со САД во Исламабад нема да се случи во недела“, рече тој, пренесен од британските медиуми. Багеи изјави дека не може да се исклучи можноста за потпишување меморандум со САД во наредните денови, но додаде дека „потребна е претпазливост“ во врска со какви било изјави за ...
Премиерот Христијан Мицкоски сподели на Фејсбук дека остварил средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Денес остварив билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено ...
Швајцарците во недела, на 14 јуни, ќе гласаат на референдум за иницијатива со која бројот на жители во земјата би се ограничил на 10 милиони, а владата би била обврзана да воведе построги мерки за управување со миграцијата. Доколку биде потребно, предлогот предвидува и раскинување на договорот за слободно движење со Европската Унија. Иницијативата ја покрена десничарската и евроскептична Швајцарска народна партија (СВП), која е најсилна ...
На 12.06.2026 во Полициското одделение Нов Дојран е пријавено дека во апартман во Стар Дојран е пронајден починат маж(46) од Битола. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија На 12.06.2026 во Полициското одделение Нов Дојран е пријавено дека во апартман во Стар Дојран е пронајден ...
31-годишна скопјанка, вработена на наплатната станица Петровец утрово пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка. Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово во 06:10 часот во СВР Скопје, 31-годишната Г.Ц.М. од село Р`жаничино, скопско, пријавила дека во 06:00 часот на работното место на наплатна станица Петровец, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзината колешка С.А.. По целосно документирање на ...