Фестивалот на грчки филм по четврти пат ќе се одржи во Скопје и во Битола. Фестивалската програма, покрај скопската ќе ја погледне и публиката во Битола, градот на филмот, градот на богатата кино-култура, градот на почетоците на балканската кинематографија со Браќата Манаки. Отворањето на Фестивалот на грчки филм е на 7 април (недела) 2024 година, во Скопје, а во Битола ден подоцна, на 8 април (понеделник) и ќе ја понуди есенцијата на грчката ...

Групната изложба “Бајката и бајковитото” оваа година е насловена ” Среќата -што е тоа?”, ќе биде отворена на 3 април ( среда) 2024 година во 20 часот во Галерија “КО-РА”- салон сутерен во Ј У Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје. Со оваа традиционална мултимедијална групна изложба се одбележува светскиот Ден на среќата 20 март и Светскиот Ден на бајката 2 април оваа година се одбележани едновремено со заедничка изложба на група уметници, студенти ...

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во првата половина од април престојува Дора Шустиќ. Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана и Загреб, каде што моментлано работи како сценаристка и развива свои ...

28.03.2024 Месецов започнува 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности и ќе се одвива во текот на целата година. Новото, 19-то издание АКТО продолжува на линија на минатогодишното издание АКТО 18 „Јавни простори во движење (кон) II“ и се отвора со низа мурали на кои работат тројца млади уметници/чки, а е предвидено да се изработат низ различни градови во државата, опфаќајќи тематики во духот на солидарноста на заедницата. Првиот ...

Во Домот на култура „Кочо Рацин“- Скопје во сабота, 6 април 2024 година во 18 часот ќе бидат промовирани три книги од Гордана Каракашевска. Книгата раскази „Сињор Џордано и размислувањата за…“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот “Разголување“ се објавени во 2021 година под псевдонимот на авторката Ана Каракаш, но поради Ковид- пандемијата досега не беа промовирани. Промотор и модератор на настанот ќе биде професор Елеонора ...

Во Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје во сабота, 6 април 2024 година во 18 часот ќе бидат промовирани три книги од Гордана Каракашевска. Книгата раскази „Сињор Џордано и размислувањата за…“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот “Разголување“ се објавени во 2021 година под псевдонимот на авторката Ана Каракаш, но поради Ковид- пандемијата досега не беа промовирани. Промотор и модератор на настанот ќе биде професор Елеонора ...

Се отвора Еразмус+ инфо центар во Битола На 4 април (четврток) 2024 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе отвори Еразмус+ инфо центар во Битола кој ќе претставува креативен простор за информирање и вмрежување на сите Еразмус+ корисници и млади лица. Овој настан ќе биде проследен со изложени дела на младата уметница Јана Танчевска, дегустација на македонски вина и музика за која се задолжени учениците од ...

ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија ќе добие уредено спортско игралиште, за што во тек се изведбените работи за неговата изградба. Увид во активностите изврши градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со директорот на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Ѓорги Стамков. Градежните активности опфаќаат партено уредување, поставување сертифицирана тартан подлога на баскет-игралиштето, а висококвалитетна вештачка трева на фудбалското ...

Гевгелија 2.04.2024 Викендот, во Гевгелија за првпат се одржа Интернационалниот фестивал во модерен танц „Гевгелија Денс Фест“, во организација на Танцовото студио за модерни танци „Мистик“- Гевгелија. Во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, каде што се одржа Фестивалот, се натпреваруваа повеќе танцови студија од земјата и странство, а нивните настапи во повеќе категории ги оценуваше стручна жири- комисија. Настанот предизвика голем интерес ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска во интервју за еден медиум, говореше за значењето на Старото училиште во Љубојно и негово прераснување во Центар за промоција на македонскиот јазик. Таа рече дека овој објект не само што е важен поради тоа што претставува едно училиште каде што се образувало голем дел од населението, туку таму се школувале дури и некои од денешните лекари, наставници кои живеат не само во тој регион од ...

Двете вечери овој викенд, на 29 и 30 Март 2024 година, донесоа вистинско спектакуларно доживување кај посетителите на големото шоу „Глумците пеат“, кое оваа година беше со тема- Евровизија, поточно преку една музичка приказна/ пародија нашите познатите актери од македонското театарско и филмско глумиште ни открија што би било доколку Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134 година. Се одржаа во Националната опера и балет (НОБ). Три супер ...

Објавена програмата на OFFest 2024: 6 јуни: Национална опера и балет, 20:00 Bombino BCUC ————– 7 јуни: Национална опера и балет, 20:00 Boi Akih KUTU ————– 8 јуни: Национална опера и балет, 20:00 Vicente Amigo ————- 9 јуни: МКЦ Дансинг сала, 20:00 VOŁOSI Kalata Nakedband ————- ПРОГРАМА ПЛУС: 5 јуни: Кинотека, 19:00 Agadez: the Music and the Rebellion, документарен филм Cesaria Evora, документарен филм Наскоро следува инфо за билетите и останатите ...

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска- Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбата се одржа во Завод и Музеј- Охрид, а учество земаа и членовите на ...

30.03.2024 Министерката Бисера Костадиновска- Стојчевска денеска заедно со дополнителните заменици министри за Внатрешни работи и за Труд и социјална политика Митко Бојмацалиев и Јованка Тренчевска, беше во работна посета на Општина Кривогаштани каде направи увид во проектите за кои од Програмата за капитални дотации во културата се издвоени 7,5 милиони денари. Костадиновска- Стојчевска истакна дека водени од желбата за инвестирање во културните ...

Националниот џез оркестар го најавува концертот кој со нетрпение го очекувавме – Курт Елинг и Национален џез оркестар. Еден од најдобрите џез вокали на сите времиња, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг, доаѓа во Скопје. За него „Њујорк Тајмс“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време.“ Според „Вашингтон Пост,“ „“Од средината на 1990- тите, ниту еден џез- пејач не бил толку смел, динамичен или ...

Годинешното издание на традиционалната манифестација „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе биде отворено на 3 Април 2024 година, со предавање на проф. д-р Виолета Пирузе- Тасевска, којашто сиот свој работен век го мина на оваа Катедра на Филолошкиот факултет. Предавањето ќе биде на тема ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска денеска оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли, со кој разговараа за соработката помеѓу Северна Македонија и Албанија во областа на културата, за досегашната реализација на проектите и можноста за нови. „Имаме одлична соработка и секоја укажана прилика ја користиме за продлабочување на пријателските врски меѓу двете држави. Традиционално добрите односи со Албанија ...

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2024 година. Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Северна Македонија. Државната награда се ...

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави третиот извештај во рамки на истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА), сублимат на податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери и нивното пренесување во медиумите во јануари и февруари 2024 година, во кои се идентификувани штетни наративи Мониторингот за периодот јануари – февруари 2024 година и анализата на резултатите покажуваат дека со ...

Во Драмски театар Скопје, вчера, 27 Март 2024 година, се промовираше „Монографијата Ристо Стефановски“, основачот на Драмски театар. Промоторка беше Искра Гешовска теоретичарка на книжевност и уметност. Актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ- Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите прочитаа делови од книгата. Со ова се му оддаде посебна почит на основачот Борче Стефановски. -Зошто никој до сега не се одважи да му ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска вечерва во Офицерскиот дом пред почетокот на првиот официјален концерт на Камерниот оркестар- Битола, „Барокна фантазија“ искажа почит кон успесите на ансамблот, кој со својата посветена работа децении наназад, од минатата година е нова национална институција од културата. „Камерниот оркестар на Битола е градска и национална гордост, инспиративен во творештвото и оригинален во бројните ...

Утревечер, на 29 март 2024 година, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари- ПОП КУЛТУРА. Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано ...

Скопје 21 Март 2024 година 21 Март, денот на пролетта, е Ден кој во животната биографија на уметникот Живко Поповски- Цветин, ќе остане запишан како Ден кога во 1984 година го добил и писмото од Мајка Тереза, како знак на возвратна почит за цртежот со цвеќиња што таа од него го добила за 8 Март истата година. Во писмото, со кое го повела по нејзиниот пат, на ширење на мирољубива мисија, меѓудругото му ја запишала и оваа порака: “Сиромашните се ...

По повод 27 Март, светскиот ден на театарот, режисерот Јани Бојаџи напиша инспиративна честитка, “Сонувам театар”… *** Сонувам театар. Сонувам мирис на чиги и кулиси. Сонувам како со голи раце симнувам прашина од костими во несреден фундус, од реквизити оставени зад суфити од синоќешна претстава. Сонувам како после доцна проба чекам сите да си заминат, како седам во партерот и во темнината гледам во празната сцена. Сонувам како ја гледам ...

11.4.2024- 20.00 часот Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ ќе го отвори jубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024. Атрактивната балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, кореографијата и режијата се на Олга ...

На 13 и 14 април 2024 година во Македонска Филхармонија “Поточиња” по 21. пат ќе потечат и ќе донесат многу радост и насмевки на детските лица, со нови детски хитови. Билетите се во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и онлајн на следниот линк – https://mktickets.mk/event/potocinja2024/ по промотивна цена од 350 денари до 31.03.2024. Цената на билетите од 01.04.2024 ќе изнесува 450 денари. Фестивалските претстави се со почеток од 11:00, ...

Денес е 27 Март- Меѓународен ден на Театарот Театарот се создал во Грција паралелно со развојот на драмата, како последица од потребата за место каде ќе се изведуваат делата на големите антички писатели. Во почетокот бил граден од дрво, а потоа од камен, театарот оставил во наследство величествени изданија, честопати изградени од најквалитетниот мермер кој можел да се најде во тоа време, пишува Википедија. Најдобро зачуваниот пример на класичен ...

Денот на Пролетта, Денот на Среќата, Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, на 26 Март 2024 година, беа достојно одбележани со поезија и рецитации, од реномирани универзитетски професорки, просветен кадар, поетеси и поети во библиотеката “Страшо Пинџур” во Скопје. -Прекрасна дружба поетско читање, и музички изведби со гитаристот Ванчо Арсов, истакнаа во своите коментари учесничките и учесниците. Настанот беше во организација на ...

За само неколку денови, на 30 и 31 март во хотелот Александар Палас од 10 до 19 часот ќе се одржи второто издание на најголемиот детски саем во земјава, наменет за децата и за целото семејство. Оваа детска манифестација која годинава ќе се одржи по втор пат е препознатлива по задоволните и весели лица кај децата и родителите. Организаторите на Кид Експо, Боттега Евенти и Бејбишоп.мк, го осмислија овогодинешното издание со квалитетна програма и ...

Скопје, 27.3.2024 Македонија е загрозена од различни загадувачи. Загадувањето на воздухот е едно од највисоките во Европа, големата количина на отпад не се рециклира, се влошува квалитетот на водите, има прекумерна сеча на шумите, биодиверзитетот е загрозен од истребување, а климатските промени влијаат на производството на храна. Во ваквата растечка еколошка криза, јавните институции, бизнисите, граѓанските организации, медиумите и академскиот ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
92%
1026
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
67%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.43
80%
1028
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
98%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
80%
1029
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
96%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Платина

59937.34

Алуминиум

2.88

Рутениум

29192.88

Злато

138322.05

Кобалт

58.42

Цинк

3.03

Родиум

255598.44

Паладиум

50830.33

Бакар

10.76

Сребро

2049.55

Калај

41.29

Иридиум

145787.60