МАРТ: Месец на Франкофонија

19

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, со поддршка на аптеките Зегин, организираат гала филмска вечер, во знак на отворање на Месецот на Франкофонијата, со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“.

Филмот ќе биде прикажан в петок, 1 март 2024, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат).

Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска актерка која живее и работи во Париз.

Филмот е во француско-белгиска копродукција, дело на Тран Ан Хунг (2023) со Жилиет Бинош, Беноа Мажимел, Емануел Сaленже.

Филмот е номиниран за три Цезари во 2024 и е лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал 2023.

Што напишаа француските медиуми за „Страста на Доден Буфан“:

*

Создаден за врвно уживање, во филмот на неверојатен начин се прикажани уметноста на грижливото готвење и свесната дегустација. (Bande à part)

Предупредување: филмот ќе ги стопи и најтврдите срца. Снимен со неверојатна префинетост и нежност, „Страста на Доден Буфан“ е мало чудо кое ќе направи да се вљубите во двојката Жилиет Бинош и Беноа Мажимел како никогаш досега. (Ecran large)

Тран Ан Хунг ни приредува фестивал во сите бои преку подготвување на оброци, нивно служење и дегустација, во опуштен амбиент во којшто забавното преминува во суштинско.

(France Info Culture)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.