
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања. Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања. Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум државата под капата на ДПМНЕ тоа најдобро го знаат. ДПМНЕ ветуваше бесплатен јавен превоз, 250 еко автобуси, ...
Би сакал да ја продолжиме темата која што ја отворив минатата недела на која што до денес не добивме релевантни и кредибилни одговори во однос на улогата на спорни странски консултанти во кампањата на Стево Пендаровски на СДСМ. Имено целата мината недела поставував прашања за улогата на Асаф Еисин во кампањата на Стево Пендаровски и на СДСМ. Добивме многу конфузни одговори, од една страна Стево Пендаровски кажа дека се среќавал со него, но рече ...
Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието. Средствата се предвидени како доходовна поддршка на земјоделците, како субвенции, грантови и друг вид на поддршка, потоа инвестиции во диверзификација, инфраструктура и опрема. Предвидени се средства за стимулирање на осигурувањето на земјоделските поседи и посеви. Ќе се одвојат значајни средства за водоснабдување, реконструкција и изградба на ...
„Јас сум присутен насекаде во државата, посебно во регионот на Изборната единица 4. Изминатиот период комуницирам со многу луѓе од тој регион, имам познавање и за потребите и за можните решенија на нивните проблеми“, истакна Венко Филипче во телевизиско интервју по речиси две и пол години откако ја напушти функцијата министер за здравство. Тој потенцираше и дека пратеникот треба да ги застапува сите граѓани понатаму и во Парламентот, а не само ...
По залагањето на Градоначалникот Митко Јанчев заедно со Комерцијална Банка АД Скопје за стечајната постапка за Еуроникел Индустри, на 22.03.2024 година се склучи договор за продажба на фабриката Еуроникел Индустри од страна на Комерцијална Банка АД Скопје со компанијата Polynickel Holding BV, која е дел од групацијата Yildirim Group, а преку новоформираната компанија Дабл Игл ДООЕЛ - информираат во соопштението од кабинетот на градоначалникот ...
СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма. Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра - стои во денешното соопштение од СДСМ. Дополнително се предвида мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер ...
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста до 7.5% и до 5% годишен раст на економијата. ВМРО-ДПМНЕ проектира дека како идна влада ќе креира 55.000 нови работни места, со што невработеноста ќе се сведе на едноцифрена, т.е. на 7.5%. Тоа ќе се постигне со раст на економијата од 5% годишно - стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд ...
„Возилото беше превртено, а возачот приклештен. Поради тоа интервенираше и противпожарната единица. Повредениот е извлечен и транспортиран во општа болница Кавадарци. Виталните функции беа сочувани. Во болницата се врши понтамошна дијагностика“ рече за КТВ, д-р Ратко Грков од Итната медицинска помош Кавадарци. ОД ТППЕ Кавадарци бевме информирани дека интервенирале со петмина пожарникари, едно возило за техничка интервенција и возило за прва ...
Со одлука на советот, извршена е распределба на финансиски средства на невладиниот сектор во општина Кавадарци, по претходни апликации на јавен повик за предлагање на проекти, согласно општинската програма за развој на невладиниот сектор за 2024 година. Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци добива 250.000,00 денари, Доброволно противпожарно друштво „САШКО ГЕШОВСКИ“ Кавадарци 200.000,00 денари, 180.000 денари се доделени на здружение на ...
Синоќа во 19.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.П.(56) и Б.П.(33) од село Сирково, кавадаречко. При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, кај З.П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и алатки за изработка на ...
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, вчера одржаа повеќе средби со успешни жени земјоделки. Жената земјоделка сите овие изминати години беше наш главен фокус, во мерките и политиките што како министерство ги креиравме, а во тој правец, посветено ќе продолжиме и во наредните години. Заедно постигнавме многу успешни ...
Завршните сметки на општината и на институциите под општинска капа денеска беа меѓу точките на дневен ред за 40-та седница на кавадаречкиот совет. Голем број од советничките дискусии потсетија дека доаѓаат избори. Финансиското работење на општината, училиштата и останатите општински институции се разгледуваше на денешната 40-та седница на советот на општина Кавадарци. Остварувањето на вкупните приходи по сите основи за 2023 година во ...
Во новиот мандат на СДСМ со мене како премиер, ги зголемуваме субвенциите на 750 милиони евра, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа во Прилеп на отворањето на промотивниот штаб на партијата. – Од оваа година дел од субвенциите им се исплаќаат на земјоделците авансно, за да ги добијат средствата тогаш, кога им се најпотребни. Со новата програма на СДСМ за 2024 година, во новиот мандат, тутунарите покрај субвенција за откупен ...
Денес, нека се сетиме на сите достигнувања и борби на жените од минатото, но и да ги прославиме сите заложби кои ги постигнавмезаеднички. Да се вклучиме во поддршка и почит кон секоја жена, за нејзината силна волја и непрекината борба за рамноправност и достоинство. Во текот на последните три децении,нашетоЗдружението за родова еднаквост Визија како основач и членка на Националниот Совет за родова рамноправност во невладиниот сектор го ...
Како звучи идејата за уште едно уникатно искуство со многу музика, возбуда и иновација? Оваа сабота забавата е загарантирана во срцето на Тиквешијата, во Кавадарци, а кафулето Рома, по 12 часот напладне ќе биде центарот на изненадувања и моменти за паметење за сите присутни. За незаборавно доживување во градот на виното, ракијата и серенадите ќе се погрижи IQOS TogetherX. Кавадарци во изминатиот период беше домаќин на најновата иновација - IQOS ...
КАВАДАРЧАНИ СИНОЌА ГИ ПРОГЛАСИЈА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ,СПОРТСКИ КОЛЕКТИВИ И СПОРТСКИ РАБОТНИЦИ ЗА 2023. Синоќа во кино салата при домот на културата Иван Мазов Климе се одржа манифестацијата „Избираме спортист на годината за 2023„. Клубовите претходно доставија до Сојузот на спортови на град Кавадарци свои предлози за поединечните и екипнии достигнувања. На синоќнешната манифестација беа доделени награди во неколку категрии: таленти, јуниори и ...
Следното ниво продолжува во Кавадарци Во центарот на Тиквешијата, го наоѓаме Кавадарци. Град познат како Градот на виното, ракијата и серенадите, а и на најпознатата староградска македонска музика. Познати домаќини, добри угостители, ревносни фудбалски навивачи и мајстори на занаети - така и Кавадарчани велат за себе, а и да се пофалат. Па така од прошетки низ еден од најубавите Градски паркови, кафе во добро уредените Кавадаречки кафулиња, а ...
Утринава во 04.25 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.П. (28) од Кавадарци, постапувајки по претходна пријава од 19 – годишната С.Џ. од Кавадарци дека пред нивниот дом физички го нападнал нејзиниот сопруг И.В. (22) и со дрвен предмет ги оштетил нивните возила „форд“ и „опел астра“ и влезната врата од домот. Р.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил ...
Здружението на лекари специјализанти - ЗЛС го поздравува најавеното линеарно покачување на 5% за сите здравствени работници и соработници за март 2024 година и верува дека ваквиот тренд мора да перзистира. Воедно, потсетуваме и бараме да не се заборави значајна група од над 300 лекари - приватни специјализанти кои секојдневно работат рамо до рамо со нивните колеги за само 26 000 денари, односно нешто над минималната плата. Акцентираме дека ...
Уредите без чад значително ја променија сликата на пазарот на алтернативи на пушењето. Предводник во оваа категорија несомнено се IQOS уредите. Со загревање наместо согорување на тутунот, уредитенудат подобра алтернатива на цигарите за сите полнолетни пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат. На македонскиот пазар неодамна пристигна технолошки најнапредниот уред за загревање- IQOS ILUMA, што користи технологија за индукциско загревање, а ...
Остварувањето на вкупните приходи по сите основи за периодот од 01.01.2023-31.12.2023 година е во износ од 31.334.875 денари во однос на планираните 1.235.593.000 денари или изразено во проценти 83,47 %. – ова го покажуваат податоците од образложението на кварталниот извештај за последниот квартал од минатата година кој го разгледуваа советниците денеска во рамки на 39-та седница. Опозицијата во советот констатира слабо извршување на капитални ...
Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија во наредниот период. Кожувчанка со новото партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ за да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски национални тимови под капата на кошаркарската федерација. -Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да ...
Скандалот со шефот на обезбедувањето на Мицкоски со тепање полицајци и попречување акција против дрога не е прв ваков случај - стои меѓу другото во денешното соопштение од СДСМ и додаваат дека околу Мицкоски постојано имало луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник Антонијо Милошоски седеа на иста маса, во друштво со М.А. од Грчец фатен со 32 килограми дрога. ...
За разлика од СДС, кои кријат инциденти, ВМРО-ДПМНЕ нема селективност, законите важат за сите - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. Кога обезбедувањето на Заев тепаше луѓе, Спасовски го криеше инцидентот и се замолчуваа медиуми да не известуваат за настанот, наспроти тоа, сега има постапка и брза реакција. Во време на СДС синот на заменик министерот во МВР, Буши, со приватно возило дивееше со флешери низ Скопје, како да се работи за ...
Во лозовите насади се вршат операците кроење и редовна проверка и обновување на конструкцијата. Во наредниот период агрономскиот тим ќе изврши известување за редовната пролетна хемиска заштита на лозовите насади, која е потребна како добар старт за понатамошната годишна добра состојба на виновата лоза. Во овоштарството со увид на терен констатирано е дека поголемиот дел од земјоделците ја имаат извршено операцијата кроење и зимиска заштита ...
СТАРТУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ФУДБАЛСКОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА. Фудбалот се враќа на стадионите во Македонија. Овој викенд стартува пролетниот дел од првенството во првата и втората МФЛ. Прволигашите во недела ке ги одиграат средбите од 19 коло. Всушност еден натпревар ке се одигра веке утре, сабота од 14 часот а во него амбициозниот и осетно засилен тим на Гостивар го пречекува Вардар. Во недела од 14 часот ке се одиграат останатите средби. ...
Ракометарите викендов ке ги одиграат средбите од 2 коло во плеј офот и плеј аутот. Во ракометниот плеј оф веке денеска Вардар ке го одигра својот натпревар против Пролет и ке бараат рехабилитација по поразот од Пелистер. Во сабота во езерското дерби Охрид ке го пречека тимот на Струга а Бутел на домашен терен ке се обиде да го изненади Пелистер. Во недела во дербито Алкалоид ке го пречека тимот на ГРК Тиквеш. Кавадарчани се свесни дека во плеј ...
Во центарот на работењето на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнал (ФМИ), при создавањето на својата иновативна тутунска алтернатива IQOS, стои токму науката. Овие уреди, достапни на македонскиот пазар, претставуваат софистицирани урединаменети за загревање на тутунот. Уредите за прв пат се појавија на пазарите во Италија и Јапонија, уште пред 10 години. Подоцна постепено се воведуваа на останатите пазари ширум светот. По неколку серии од ...
Во текот на шеста недела од 2024 година, од 05 до 11 февруари), во Република Северна Македонија се пријавени 1.875 случаи на групни пријави за заболени од грип- заболувања слични на грип. Тоа претставува 13,4 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со шеста недела од минатата сезона, е зголемен за 2,7 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). ...
ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе кривична пријава против лицето Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи е лично и директно одговорен за хаосот со личните документи - рече денеска во изјава за медиумите Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е кривичната пријава, која што само што беше поднесена во Јавното обвинителство. Оливер Спасовски кој што кажував во својство на министер за внатрешни работи во период од околу 2 ипол години ...