Кавадарчанец оштетил возила и извршил физички напад
27-02-2024 РЕГИОН

  Утринава  во 04.25 часот во Кавадарци, полициски     службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода     Р.П.  (28) од Кавадарци, постапувајки по претходна   пријава од 19 –  годишната С.Џ. од Кавадарци дека пред   нивниот дом физички го нападнал нејзиниот сопруг И.В.   (22) и со дрвен предмет ги оштетил нивните возила     „форд“ и „опел астра“ и влезната  врата од домот.

 

 Р.П. бил задржан во полициска станица, известен бил     јавен обвинител, а  увид на местото бил извршен од   увидна екипа од ОВР Кавадарци. По документирање на   настанот против Р.П. ќе биде поднесена соодветна   пријава - информираат од СВР Велес.



Share

Додади коментар