Синоќа во кино салата при домот на културата Иван Мазов Климе се одржа манифестацијата „Избираме спортист на годината за 2021„. Сојузот на спортови на град Кавадарци претходно ги собра сите предлози од клубовите односно спортските колективи за поединечни и екипнии достигнувања. Клубовите предлагаа јуниор, сениор, тренер и екипа. Врз основа на пристигнатите предлози стручна комисија направи рангирање врз основа на постигнувањата во 2021 год. На ...

Кавадарчани го искористија поразот на Охрид и како петти ке пренесат еден бод Регуларниот дел на сезоната кај ракометните суперлигаши со средбите од 22 коло заврши. ГРК Тиквеш откако си осигура пласман во плеј офот премногу се опушти и одвај славеше со минимални 28-29 против последно пласираниот радовиш. Бутел киксна дома и одигра само 25-25 со Пролет. Тоа го искористи Еурофарм Пелистер 2 кој славеше во Охрид со 25-28 и ја превзеде позицијата ...

На средбата Шкупи – Тиквеш паднаа 5 гола а на останатите 4 средби од 21 коло паднаа исто толку. ГФК Тиквеш загуби на гостуванјето кај лидерот со 3-2 но не разочара. Шкупи во 57 мин со голот на Сандеј во најмала рака од еден сомнителен пенал водеше со 2-0. Андреј Лазаров во 77 мин намали на 2-1. Во 86 мин киксна кавадаречката одбрана а Сандеј казни за 3-1. Нгоба во 88 мин намали на 3-2. Во судиското продолжение една сомнителна ситуација за пенал ...

Лош викенд за кавадаречките футсалци. Во 16 коло од првата футсал лига Црна Река му гостуваше на фенерџијата Велес и беше поразена со 7-5 . Во дербито на колото третопласираниот Арбен Бајрами „очекувано“ загуби од лидерот на табелата тимот на Шкупи со 6-9. Актуелниот шампион Проект лесно со 1-7 славеше на гостувањето кај Шкендија. Јувентус Серава дома загуби од Железарец со 2-5 а Карадаку и Енхалон ремизираа 3-3. На табелата продолжува битката ...

Кавадарчани испуштија високо водство па спасуваа бод а битолчани промашија седмерец во последните секунди Плеј оф и плеј аут ракометните групи викендов донесоа возбудливи натпревари во кои доминираа гостите.Во ракометниот плеј оф се одигра 2 коло. Охрид одигра 25-25 со Бутел а Вардар потклекна дома и загуби во големото дерби од Еурофарм Пелистер со 24-25. ГРК Тиквеш одигра натпревар полн со пресврти со тимот на Еурофарм Пелистер 2 кој заврши ...

Во сабота ГРК Тиквеш го пречекува Охрид а во недела во Неготино Вардар игра со Аеродром Ракометното првенство влегува во супер интересна завршница. Во суперлигашкиот плеј оф ке се игра претпоследното коло. Во борба за позицијата број 4 во сабота ГРК Тиквеш во салата Јасмин од 19 часот го пречекува Охрид, а во Битола на програмата е братската пресметка помеѓу Еурофарм Пелистер 2 - Еурофарм Пелистер. Во недела Бутел го пречекува Вардар. Во плеј ...

На меморијалот годинава покрај домакиннот Тиквеш ке учествуваат прилепска Победа и битолски Пелистер Како што веке беше најавено екипата на ГФК Тиквеш од Кавадарци ке ја искористи паузата за репрезентативниот прозорец и повторно ќе го организира традиционалниот Меморијален турнир „Вуко Каров и Тиквешките легенди“, а веќе се потврдени и екипите кои ќе бидат дел од него. Според информациите, Тиквеш ќе биде домаќин на прволигашот Победа од ...

Кавадаречката публика вечерва премиерно ќе има можност да го погледне најновиот проект на театарот при домот на културата „Иван Мазов Климе“. Станува збор за комедијата „Од кол на кол“ по текст на Реј Куни, а адаптирана на кавадаречки дијалект од режисерот на претставата Диме Коцевски. Денеска на прес конференција актерската екипа и директорот на домот на културата, Александар Малинков упатија покана до кавадаречката публика да го погледне ...

Утре вечер сабота 18 мај во музеј галеријата во Кавадарци ќе биде отворена изложба насловена „ЧЕ БИДЕ“. Всушност проектот "Че Биде" е трансформациона инсталација која го одразува светот во време на промени што се одразува на нашата иднина секој ден и е посветен на авторските права на уметникот. Овде ќе бидат претставени клучните дела кои се симболично поврзани со темата, вклучувајќи го и делото "Нелсон Мандела", што Јосифов успеа да го врати од ...

Делото „Македонско богатство“ и донесе по пети пат прво место на натпреварот по уметност Американ Арт Авард на кавадарчанката Дивна Пешиќ- Грозданов. По бројните награди и шампионска титула во стрелаштво, сега Дивна продолжува да жнее успеси и во уметноста. На истиот натпревар, во категоријата абстракт, но и во категориите абстрактен експресионизам и религија и еротика има освоено прво место и во 2010, 2012, 2015 и 2017 година. „Во ...

Во изложбениот салон на Музејот на град Неготино синоќа беше отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци. Изложбата е насловена „Боите на небото, водата и земјата во Тиквешијата“. Содржани се 35 дела работени во акрил на платно и лесонит а се создадени во оваа 2020 година и се дел од проектот „Остани дома“ во кој авторот беше исклучително плоден на полето на уметноста. Изложбата беше отворена според ...

Манифестацијата „Арт рок хепенинг“ синоќа го исполни градскиот плоштад во Кавадарци. Почетокот на ова случувањеод културата започнаа претпладнето во Летната бавча на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“, каде ликовни уметници од повеќе градови на Македонија реализираа по едно уметничко дело, а истите ги финализираа пред јавноста вечерта на Градскиот плоштад. Учествуваа ликовните уметници: Драган Најденовски, Ема Ќука и Аница Стевановска од ...

Нашиот Рап артист Слаткаристикавчера вечер ја промовираше новата песна “Оф Мори Мајко“ која за неколку часа стана вистински хит на социјалните мрежи. Песната нема стандарден видео запис, туку поинаков тип на визуелизација реално добиен од Видео камерите од телефоните и компјутерите на учесниците во него. Во видеото се појавуваат повеќе луѓе од различни локации низ светот и во него учестуваатнаши јавни личности како Весна Бејбе, Жарко ...

Во четврток, на 30 јули 2020, со почеток од 20.30 часот, ќе се оддржи online промоција на материјалот за првиот албум на новата кавадаречка рок атракција, бендот “Безопасни“. Комплетниот авторски материјал ќе биде одсвиран во живо, како најава и за официјалното издание наесен на првиот албум на “Безопасни“, насловен како “Три“ и кој ќе ги содржи токму живите материјали од концертот. “Безопасни“ е составен од искусни кавадаречки музичари кои беа ...

Ангела Јовановска е родена 2007 година во Кавадарци. Со танцување започна на свои 6 години во Танцовиот Спортски Клуб „Линеа“ од Кавадарци, под раководство на тренерот Лазар Соколов. До сега, таа има постигнато големи успеси на многу настапи, државни и меѓународни натпревари, а за тоа сведочат и нејзините високи награди, признанија, пехари и медали, кои се своевиден доказ за нејзиниот огромен труд, љубов и пожртвуваност во танцот. Оваа година, ...

Утре и задутре, петок и сабота, на 16 и 17 јули со почеток од 20 ч. во салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе се оддржи манифестацијата “Кавадаречки фолклорни средби“. На оваа манифестација ке учествуваат неколку КУД од земјава како и гостите од Живинице, БИХ. Во петок од 20 ч. во кавадаречкиот дом на култура ке настапат ансамблот “Македонија“ и КУД “Живинице“ (Босна и Херцеговина). Во сабота во истиот термин и на ...

Македонија ги преживува своите најтешки моменти. Економијата тоне, земјоделците се оставени сами на себе додека владата ги распродава националните интереси. Имено, покрај капитулантскиот договор што го направи оваа влада со нашиот јужен сосед, покрај законот за двојазичност и срамниот договор со Бугарија,оваа влада прави невиден во сите гранки на стопанството, истакна на вчерашната прес-конференција претседетелот на ОК Кавадарци на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска одговори на вчерашните обвинувања од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев дека земјоделците се соочувале со политичко цунами. Го прашаа Јованчев каде бил од 2009 до 2016 година кога на лозарите им се случувало вистинско цунами.. (интегрален текст) Изминативе неколку денови се од големо значење за Република Македонија. Имено, Владата предводена од СДСМ за само една година ...

„Општинската организација на СДСМ наместо да држи бледи прес конференции време е да се фати за работа и да престане да ги понижува и манипулира кавадарчани“ - реагираат со соопштение од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на денешната прес конференција на ОО СДСМ на која што одговорија за обвинувњата изнесени претходно. Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ понатаму стои: Освен што нивниот шеф Зоран Заев ги распродава националните и државните интереси не ...

Продолжуваат преписките и обвинувањата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци. “ВМРО- ДПМНЕ се служи единствено со паушални обвинувања, за нивно политичко профитирање. Додека цел свет ја поздравува работата на Владата предводена од СДСМ, опозициската ВМРО- ДПМНЕ со лаги и манипулации, сака да ја искриве убавата слика за Република Македонија - се огласија со реакција од ОО на СДСМ по писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението на СДСМ се ...

На прес конференција попладнево од ОК на ВМРО-ДПМНЕ упатија бројни критики на адреса на актуелната власт за состојбите во лозарството, пред се поради неизвесноста по која цена годинава ќе им се откупува грозјето... (интегрален текст од прес конференцијата ) Поради ниските цени за најзастапените вински сорти грозје вранец и смедеревка, лозарите во Тиквешијата се пред одлука во наредниот период да ги ископачат лозовите насади. Болестите ...

„Најголемите проблеми се зад нас, се движиме во вистинска насока, а патот што го избравме ни гарантира подобро утре. Тоа е патот на раст на платите, на градежната офанзива, патот преку кој парите одат кај граѓаните. Тоа е патот на сигурност, безбедност и слобода – патот до НАТО и ЕУ“ рече на прес конференција секретарот на СДСМ, Љупчо Никоволски, најавувајќи го караванот трибини низ земјава „На прав пат“. (интегрален текст)Имам чест и особено ...

Oд 18 годишна возраст кавадарчанецот Павле Богев, актуелен претседател на младите на СДСМ во Кавадарци е член на партијата, но и претходно бил активен во активностите на партијата. Во разговорот со него тој открива за сите партиски активности во кои како млад човек бил вклучен. Кажува дека од 2018 година, кога станува претседател на локалниот клуб на СДММ Кавадарци неговите обврски и активности стануваат поголеми. Задоволен е од тоа што неговата ...

Од 149-та владина седница: Продолжен е рокот за замрзнување на цените на определни производи; утврден е текстот на Предлогот на Закон за АВМУ; заклучоци околу закупот на терминалот во Александрополис Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април 2023 година, до 30 јуни 2023 година, за следниве стоки: • ...

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски и заменик министераката Вјолца Бериша, ги доделија договорите за финансиска поддршка за мали дестилерии од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци. Малите дестилерии за прв пат во историјата добиваат финансиска поддршка во форма на грант до 300.000 денари за модернизација на ...

Kако што беше очекувано, и покрај лажните ветувања на Власта, новата учебна година повторно ќе почне без учебници, иако Законот за основно образование вели дека учениците на 1 Септември треба да имаат бесплатни учебници - рече на денешната прес конференција претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска. - Спротивно на тоа, одредени учебници ќе нема, а за нив ќе има материјали за учење во електронска форма ...

Денеска во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес се одржа свечена церемонија за промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. На свеченоста присуствуваа и се обратија министерката за одбрана Славјанка Петровска и Заменикот на Началникот на Генералштабот генерал мајор Азим Нуредин. Армиските припадници од редовите на професионалните војници кои ja поминаа тримесечна обука за подофицери во Командата за обука ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Кренар Лога, министер за правда, како и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, се сретна со заменикот помошник државен секретар на ...

Сите учебници кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници се испечатени и интезивирана е испораката до училиштата. Согласно акцискиот план, целосно завршена е испораката во југоисточниот регион, а во моментов учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на државата. Процесот на испорака на сите учебници кои се одобрени, вклучително и на најновите за ...

На средбата од страна на присутните беше потенцирано дека линеарното покачување барање кое ќе ја загрози стабилноста на пензискиот фонд и редовното примање на пензии за 330 000 пензионери во државата. Тренчевска посочи дека во периодот кој што следи ќе се креираат социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите со најниски примања и исто така таа посочи дека посветено ќе се работи и на Законот за минимална ...

Скопје

13ᴼ/13ᴼ
1.54
67%
1026

Белград

10ᴼ/9ᴼ
5.66
58%
1024

Софија

8ᴼ/3ᴼ
1.54
81%
1028

Сараево

9ᴼ/9ᴼ
4.63
53%
1030

Љубљана

11ᴼ/11ᴼ
0.0
96%
1021

Атина

17ᴼ/15ᴼ
5.36
57%
1025

Тирана

16ᴼ/16ᴼ
1.03
100%
1022

Подгорица

18ᴼ/15ᴼ
0.51
94%
1022
Currency

61.525

Currency

56.7223

Currency

73.9217

Currency

38.0158

Currency

41.1568

Currency

65.5703

Currency

7.97375

Currency

0.58283

Currency

0.37858

Currency

0.52573

Currency

1.66076

Currency

0.67474

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

548826 $

Рутениум

15530 $

Калај

32 $

Сребро

1016 $

Злато

86203 $

Бакар

8 $

Паладиум

32411 $

Платина

32076 $

Родиум

153536 $

Цинк

98755 $