
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



„Дојде крајот на месец октомври, а нас платата за септември сеуште не ни е исплатена. Сите овие месеци ни ветувавте дека работите ќе одат кон подобро, дека ќе расте производството и ќе пораснат и платите и ние ви верувавме. Место тоа работите се катастрофални, печката само се грее, производство нема, а ние сме принудени месецот да го преживееме со минимална плата“ – му пишуваа од синдикалната организација на „Еуроникел индустри“ на директорот ...
Ако до среда до 15 часот не се добие позитивен одговор за исплата на плата, набавка на струја за печката и продолжување со производство, синдикатот на Еуроникел индустри денеска најави блокада на комбинатот за во четврток. Според нивните најави блокадата ќе ја започнат во 5 часот и 35 минути. Претседателот на синдикатот, Миле Ѓорѓиев вели дека синдикалната организација е загрижена и незадоволна од состојбите. Доколку нивните барања не бидат ...
Како министерство сите овие години во дело сме докажале дека сме искрен партнер на лозарите. Дека се грижиме и даване поддршка за секој еден земјоделец. При бербата и откупот на грозјето, како и секоја година, така и оваа бевме во постојана комуникација и координација со подсекторската група за вино и грозје, следејќи ја бербата, откупот и цената по која се откупува - стои во соопштението од МЗШВ по вчерашниот протест на лозари од Тиквешијата. ...
Четири пожари на отворен простор избувнаа во текот на вчерашниот ден. Според првичните проценки сите пожари се подметнати, што значи причина за избувнувањето е човечки фактор. Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Кавадарци навремено беа локализирани и изгаснати пожари над градската депонија Мелци, во Росоман, пред ресторанот Вила Бела и на Калчев рид, село Сопот. Пожарникарите апелираат до граѓаните за одговорно однесување. Да се ...
Нема зголемување на цените за воден надомест за наводнување на земјоделските површини и култури. Тие остануваат исти и непроменети во однос на минатогодишните цени и цените од претходните години – велат од АД Водостопанство на РСМ Скопје, Подружница ,,Тиквеш" Кавадарци. - Зголемување на цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури ќе нема. Водокорисниците кои користеле вода за наводнување по гравитационен пат и од пумпните ...
Вчера на споменикот кај село Прждево со положување свежо цвеќе се одбележаа 79 годишнината од значајните настани од НОВ во 1944 година, со акцент на случувањата на овој терен, односно крвавата одмазда кон стреланите цивили во селата Бесвица и Прждево и обесените партизани. Цвеќе положи делегација од сојузот на борци и граѓани поддржувачи од Неготино и градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров. На крвавиот 6 октовмри 1944 година во селото ...
Нов удар врз џебот на граѓаните. Од денеска нов скок на цените на прехранбените производи во маркетите. Тоа се должи на новата стапка на данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто. Иако пред две недели владата донесе одлука за намалување на цените на основните прехранбени производи, денеска ново покачување. На списокот производи кои ќе се даночат со 10 наместо со 5 отсто се сите видови замрзната риба, освен ...
Нов удар врз џебот на граѓаните. Од денеска нов скок на цените на прехранбените производи во маркетите. Тоа се должи на новата стапка на данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто. Иако пред две недели владата донесе одлука за намалување на цените на основните прехранбени производи, денеска ново покачување. На списокот производи кои ќе се даночат со 10 наместо со 5 отсто се лутеницата, цвеклото, фефероните, ...
Перките од ајкула, станаа брашно, сирење, конзерви, детска храна, Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење - реагираат денеска преку соопштение за новото поскапување на прехранбените производи во Македонија од ВМРО-ДПМНЕ. Владата лажеше кога велеше дека ставката на ДДВ од 10% ќе биде само за луксузни производи како перки од ајкула, наеднаш луксуз за оваа влада станаа брашното, џигерот и сладоледот. За власта богати ...
Со стартот на новата академска 2023-2024 година во понеделник, студентите кои ги исполниле условите на јавниот повик започнуваат со користење на правото на субвенциониран студентски оброк. Со зголемен износ од 140 денари, кој ќе се исплаќа на дневна основа, студентите ќе можат да купуваат во маркети, ресторани, пекарници и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Средствата ќе можат да се користат исклучиво преку ...
МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама. Затоа, апелираме на посебно ...
На 27.09.2023 во 14.00 часот во близина на село Рожден, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница. Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај с.Мрежичко, кавадаречко, тие биле забележани како со подесен алат сечат и ...
На 27.09.2023 во 14.00 часот во близина на село Рожден, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница. Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај с.Мрежичко, кавадаречко, тие биле забележани како со подесен алат сечат и ...
На сликите во прилог можеме да ја воочиме моќноста од фотоволтаиците, моменталната моќност на потрошувачи и моќност кон/ од мрежа за секој објект и секако еден приказ дека општинските објекти сами обезбедуваат вкупно 99 проценти од електричната енергија. Во Кавадарци реализацијата на ваквиот иновативен проект придонесе за заштита на животната средина, подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, напредок во образованието бидејќи овие ...
Согласно информациите од Шпаркасе Банка, партнер на Министерството за образование и наука во реализација на мерката – субвенциониран студентски оброк, досега околу 60% од студентите кои ги исполниле условите за остварување на ова право, ја подигнале наменската платежна картичка преку која единствено можат да се користат средствата кои им следуваат. Министерството за образование и наука упатува апел до сите останати студенти кои сè уште не ...
Реализацијата на проектот за основање на регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство влегува во финална фаза. На вчерашната седница советот на Кавадарци донесе одлука за основање на заедничко јавно претпријатие со општините од регионот. Истото во наредниот период ќе треба да го сторат и советите на општините Велес, Неготино, Свети Николе, Демир Капија, Чашка, Градско, Лозово и Росоман. Јавното претпријатие се ...
Овој месец, на 20-ти, на настан во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, помеѓу кои и Кожувчанка ДОО, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар кај нас. На панел дискусијата “Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во професионалното образование” говореа Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, Светозар Јаневски, Претседател на Управниот одбор на ВВ Тиквеш, Митко Јанчев, ...
Винарската визба „Тиквеш“, со своите ресурси и експертиза, активно ќе учествува во партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадар во државата, во рамки на активноста која е кофинансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија, преку проектот „Образование за вработување“ спроведуван од „Хелветас“. Целта на Проектот е преку специјализирани обуки кои ќе бидат дизајнирани согласно претходно идентификуваните ...
Во еден од своите говори, познатиот индиски адвокат и предводник на антинационалистичкото движење во Индија, Махатма Ганди ќе рече: -"Големината на еден народ и една нација и нејзиниот морален напредок, може да се процени според начинот на кој ги третира животните". Градот Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев, советот на општина Кавадарци, ја покажаа својата големина на дело, свесни дека општеството им припаѓа на сите живи суштества и спремни ...
Страшна глетка утринава е регистрирана во паркот за миленици, кој неодамна беше отворен во градскиот парк во Кавадарци. Опремата поставена во паркот е целосно уништена. Тука се поставува прашањето кој го уништи и со која цел? Кој се реши да посегне по јавен објект? Ова покажува дека сеуште има луѓе-нелуѓе на кои им пречи урбаното живеење. Додека општината инвестира во секој агол од градот, со цел да се подигне урбаното живеење, некој решил да ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, продолжува со организација на отворени средби со граѓаните, невладиниот сектор и институциите. Следниот ваков настан ќе се одржи во среда, 20 септмеври 2023 година, во салата на Советот на Општина Кавадарци. На оваа отворена средба, сите заинтересирани граѓани, активистите од граѓанските организации кои делуваат во областа на човековите ...
Навивачи од Скопје упаднале во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци и предизвикале инцидент - велат наши извори. Од СВР Велес на нашето прашање одговорија дека на 14 септември во 01.15 часот во ОВР Кавадарци чувар на спортската сала „Јасмин“ пријавил дека неколку лица фрлале со метални и други тврди предмети и ја оштетиле влезната врата. Увид извршила екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од полицијата не ...
Заврши уште едно издание на стопанско – туристичката и културна манифестација Тиквешки гроздобер. Три дена во Кавадарци се славеше во чест на грозјето и виното. Годинава, според организаторот, се случи најмасовната посетеност на оваа манифестација. Гроздоберот кулминираше синоќа со настапот на балканската ѕвезда Лепа Брена. Бројната публика пееше од почеток до крај со Брена, која доаѓа во Кавадарци после триесетина години. Пред неа настап имаа ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска учествуваше во процесот на берба на грозје во неготинско, во месноста Лепово, на лозовите насади од винаријата Бовин. При тоа оствари средба со лозари и ја посети винаријата Бовин које е корисник на средства од ИПАРД програмата. Лозарите оваа година се пред нов предизвик. Климатските промени, кои пролетва предизвикаа многу дождови, придонесоа да се развијат услови ...
Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата ја донесе Националната стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-2033. Десет годишната стратегија е подготвена заедно и во соработка со стручната јавност, здруженијата на земјоделци и винариите - велат од МЗШВ. Активностите за изготвување на овој стратешки документ отпочнаа уште во 2019 година, изготвувајќи екпертско истражување за состојбите со ...
Винарската визба „Тиквеш“ инвестираше четири милиони евра во изградба на нов објект и набавка на современа опрема за прием и преработка на грозје, потврдувајќи ја со тоа својата долгорочна определба и стратегија за континуирани вложувања во натамошен одржлив развој и имплементација на ЕСГ стандардите. Новата постојка и вградената опрема во неа му овозможуваат на „Тиквеш“ да го зголеми вкупниот капацитет за прием и примарна преработка на грозје ...
Делегации предводени од градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, општинската администрација, претседателот на советот д-р Стојанчо Рамов, советници, пратеници, претставници на армијата, на здружението на борци Кавадарци, и останати претставници на општествено-политичкиот живот денеска положија цвеќе на споменикот на револуцијата по повод 79 години од ослободувањето. На 2 септември 1944 година Деветтата македонска бригада под водство на ...
Доколку обавувате земјоделска дејност и вашиот приход во 2014 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално, се вели меѓу другото во соопштението од УЈП. Понатаму во истото се нагласува: „Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината ...
На последниот ден пред истекот на првиот рок, 3958 обрзници успешно регистрирале 9100 фискални апарати со ГПРС уред, информираат од УЈП. И покрај постојаните апели од УЈП упатени преку средствата за јавно информирање, како и доставените персонализирани известувања до даночните обврзници за навремена регистрација и воведување на фискален апарат со ГПРС уред, околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат отпочнато оваа постапка. Потсетуваме дека во ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ја објави новата одлука околу цената на горивата и според истата, бензинот поевтинува за денар и половина, дизелот за половина денар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денар по и ќе изнесува 73,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар и од полноќ ќе се точи по 72 денари за литар Дизелот поевтинува за половина денар и од полноќ, неговата цена ќе ...