„Возилото беше превртено, а возачот приклештен. Поради тоа интервенираше и противпожарната единица. Повредениот е извлечен и транспортиран во општа болница Кавадарци. Виталните функции беа сочувани. Во болницата се врши понтамошна дијагностика“ рече за КТВ, д-р Ратко Грков од Итната медицинска помош Кавадарци. ОД ТППЕ Кавадарци бевме информирани дека интервенирале со петмина пожарникари, едно возило за техничка интервенција и возило за прва ...

41-годишен велешанец е тешко повреден откако со возилото излетал од пат. - На 25.03.2024 во 10.00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат од село Дреново, кавадаречко, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(41) од Велес, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци, соопшти полицијата. За несреќата бил известен ...