СДСМ: Во новата програма просечна пензија од 500 евра!

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма.  Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија.  Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра - стои во денешното соопштение од СДСМ.

 

 Дополнително се предвида мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата.

 

 Во изминатите седум години СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите.

 

Просечната пензија порасна зголемивме за 6.400 денари, а минималната за 50%.

 

Со воспоставената методологија пензиите контнинуирано растат.

 

Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, за достоинствен живот за пензионерите - велат од СДСМ.



Share

Додади коментар