Полицијата привела две лица од Сирково - кај нив пронајдено оружје и муниција
19-03-2024 РЕГИОН

Синоќа во 19.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.П.(56) и Б.П.(33) од село  Сирково, кавадаречко.

 

При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основен  суд Кавадарци, кај З.П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол,  повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и  алатки за изработка на муниција. Додека. кај Б.П. биле пронајдени и одземени повеќе ловечки патрони.

 

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни  пријави - информираат од СВР Велес.



Share

Додади коментар