Филипче: Ги знам проблемите и имам решенија на граѓаните од четвртата изборна единица

„Јас сум присутен насекаде во државата, посебно во регионот на Изборната единица 4. Изминатиот период комуницирам со многу луѓе од тој регион, имам познавање и за потребите и за можните решенија на нивните проблеми“, истакна Венко Филипче во телевизиско интервју по речиси две и пол години откако ја напушти функцијата министер за здравство.

 

Тој потенцираше и дека пратеникот треба да ги застапува сите граѓани понатаму и во Парламентот, а не само граѓаните од неговата изборна единица, надоврзувајќи се дека и самиот потекнува од регион на Изборната единица 4.

 

„Дополнително и нешто што е интересно, а не знам дали многу луѓе во јавноста го знаат, е дека јас имам потекло од тој регион. Моите две баби, и по мајка и по татко, по потекло се од Кавадарци, така што најголем процент од моето потекло е практично од тој регион и затоа ме врзуваат дури и некои спомени од детството. Така што, ете, уште една дополнителна причина“, рече Филипче.

 

Тој во едночасовното интервју се осврна на начинот на кој планира да ја води кампања, на проектите кои ќе ги промовира во јавноста следниот период и на тоа што од него може да очекуваат граѓаните.

„Јас сум човек кој што е отворен, кој што секогаш сака да помогне, да им се најде на луѓето. Вака работев за време на мандатот во Министерството за здравство, меѓутоа и пред мандатот. Едноставно сакам да пружам помош и сум спремен да пружам помош, било каде и било кога, и на било кој на ко што тоа му е потребно. Секако, најмногу во делот на мојата струка, понатаму во здравството, а и во другите сегменти таму каде што секако можам да помогнам“, истакна Филипче.

 



Share

Додади коментар