Врховниот суд на САД денес пресуди дека претседателот Доналд Трамп го прекршил федералниот закон кога еднострано вовел широки царини на глобално ниво. Одлуката е голем удар за Белата куќа по прашање кое е клучно за надворешната и економската политика на претседателот, објавува CNN. Пресудата, според медиумот, веројатно е најзначајниот пораз што втората администрација на Трамп го претрпе пред Врховниот суд, во кој доминираат конзервативни ...

„Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена ...

Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат. „Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од ...

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам. Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. ...

Полицијата денес продолжи да го претресува домот на Ендру Маунтбатен-Виндзор, еден ден откако беше уапсен и приведен речиси 11 часа под сомнение за злоупотреба на јавна функција, во врска со неговото пријателство со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин. По еден од најбурните денови во модерната историја на британското кралско семејство, поранешниот принц Ендру се врати на имотот Сандрингам, каде што престојува привремено. ...

Изненадувачки епилог доби бијатлонската трка на 15 кимолемтри, масовен старт, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Норвешка го освои своето трето злато на Олимписките игри во биатлон, новиот шампион е Јоханес Дале-Шјевдал. Поврфила Французите, лоши беа на стрелиштетот, честа им ја спадси Фијон Маје, додека Перо и Жакелан завршија на 20-то и 21-то место. Јоханес Дале-Шјевдал , 28-годишникот од Лоренского го постигна најголемиот ...

Првиот том на Македонскиот етимолошки речник е дело од огромно значење за македонскиот јазик, литературата и науката. Целиот проект за прв ваков речник е доказ дека кога државата вложува во наука, а научните работници со посветеност истражуваат и создаваат нови вредности, тогаш имаме значајни и трајни резултати, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на промоцијата на Речникот којшто е еден од научно-истражувачките проекти ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Општина Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните можности во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги има од концесиските активности. На средбата беше истакнато дека Прилеп претставува една од општините со најголем број активни концесионери ...

Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство најавија дека сакаат да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа преку создавање „поевропски НАТО“. Изјавата беше усвоена по состанокот во Краков, каде министрите за одбрана нагласија дека НАТО останува темел на колективната одбрана, но дека европските земји треба повеќе да придонесуваат. Петте држави (формат Е5) се обврзаа на дополнително зајакнување на одвраќањето и ...

Репрезентативецот на Нов Зеланд, Финли Мелвил Ивс, главен фаворит во дисциплината скијање во слободен стил, беше изнесен од снегот на носилка во петокот по тежок пад за време на неговиот втор настап во квалификациите на ЗОИ во Милано и Кортина. Младиот, 19-годишен Ивс, светски шампион во 2025 година, веднаш доби лекарска помош, откако го промаши слетувањето, силно удри на земјата и остана без скиите и стаповите. Натпреварот беше прекинат ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата со внимание го следи процесот за избор на нов државен јавен обвинител, нагласуваат од таму. „Имајќи предвид дека Совет на јавни обвинители јавно соопшти дека дал позитивно мислење за четворица кандидати кои ги исполнуваат законските услови и дека предметот е доставен во понатамошна постапка до Владата на Република Северна Македонија, сметаме дека од овој момент одговорноста за ...

Бугарскиот вицепремиер Стоил Цицилеков, поднесе оставка 24 часа откако положи заклетва во парламентот и ја презеде функцијата. „Чесните избори се поважни од секој поединец“, изјави тој на брифинг, образложувајќи ја својата одлука. Во врска со обвинувањата упатени против него – поврзани со поседување марихуана и управување возило во алкохолизирана состојба – Цицилеков изјави дека има чисто досие. „Немам обвиненија, немам пресуди, немам ...

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, во случајов со марихуаната. Оттука велат дека истрагата се темели на докази обезбедени од Министерството за внатрешни работи, како и на документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија, добиена преку меѓународна правна помош. Според ...

Германија мора да се наметне и да преземе поголема одговорност во преобликуваниот светски поредок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц. За време на својот говор на конференцијата на неговата партија, Христијанско-демократската унија (CDU), тој оцени дека меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои, пренесува Ројтерс. „Ова ќе доведе до создавање нова голема стратегија за Германија во обединета Европа. Покажуваме храброст ...

Актерите Шаја Лебуф и Миа Гот официјално ја раскинаа својата долгогодишна врска. Информацијата ја потврди извор близок до парот за списанието „People“. Шаја Лебуф и Мија Гот официјално ја раскинаа својата турбулентна љубовна врска, а извор близок до парот ја потврди информацијата за гореспоменатото списание. „Нивната врска отсекогаш била комплицирана. Не се сложуваа и се соочуваа со сериозни проблеми во врската минатата година“, рекол ...

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, во кои таа јавно соопштува исход од судска постапка која сè уште е во тек, информираат од СДСМ. „Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена ...

Фудбалерите на Црвена Звезда го шокираа Лил во Франција во првиот натпревар од плејофот за место во осминафиналето, во Лига Европа. Српскиот тим победи со 0:1, а единствениот стрелец на натпреварот беше Тебо Учена во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме. Домашните навивачи не го криеја своето незадоволство. Кога нивните фудбалери отидоа да ги поздрават по последниот свиреж на судијата, реакцијата беше жестока. Тие ...

Непријатниот мирис од плакарот може да биде вистински кошмар, но со овој едноставен трик ќе стане ваше минато. Кренете ја раката ако некогаш сте извадиле џемпер од плакарот за да се стоплите и брзо сфативте дека има непријатен мирис. Со овој супер едноставен трик, вашата зимска гардероба ќе биде без мирис и 100% подготвена за носење. Она што ви треба е шише со распрскувач и вотка (дури и најевтината ќе ја заврши работата задоволително). ...

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, во интервју за јапонската новинска агенција „Кјодо њуз“ рече дека во моментов има 10.000 севернокорејски војници на територијата на Русија, оценувајќи го тоа како „екстремно опасен“ развој на ситуацијата. Како што рече, ова се војници кои стекнуваат искуство во модерното војување врз основа на битките што Русија ги води против Украина. „10.000 севернокорејски војници сега се на територијата на ...

На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го привеле С.В. (45) од Италија. При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција, како и ...

Вукашин Воркапиќ, репрезентаивец на Србија, потпиша договор на две и пол години со Вардар 1961. Договорот беше Воркапиќ да се пресели во Скопје на крајот од сезоната, но финансиските тешкотии со кои се соочува Војводина ја забрзаа реализацијата на трансферот. Тој ќе дебитира во дресот на македонскиот шампион, ви кендов, во дербито против Алкалоид. Воркапиќ е роден во Белград и има 28 години. Игра на позицијата десно крило и поголемиот дел ...

Логан Пол, инфлуенсер и ѕвезда на WWE, постави нов светски рекорд продавајќи ја ретката картичка Покемон „Pikachu Illustrator“ за 16,5 милиони долари. Картата, која многумина ја нарекуваат „светиот грал“ на собирањето картички Покемон, беше продадена на аукцијата Голдин во понеделник, по 41 ден лицитирање. Пол ја купи истата картичка во 2021 година за 5,275 милиони долари и во тоа време тоа беше Гинисов рекорд за една картичка Покемон. ...

AnTuTu ги објави своите јануарски рангирања, врз основа на просечните резултати од сите бенчмарк тестови спроведени во текот на месецот во Кина. Во категоријата водечки телефони, ZTE Nubia RedMagic 11 Pro+ сè уште го држи првото место со просечен AnTuTu v11 резултат од 4.104.271 поени. Сепак, iQOO 15 Ultra доаѓа овој месец и, според производителот, многу е веројатно дека ќе го преземе водството во извештајот за февруари. Vivo X300 Pro ...

Телото што управува со имотот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се согласи да исплати 35 милиони долари за да се реши колективната тужба во која и двајца негови поранешни советници ги обвинуваат за помагање во трговија со млади жени и тинејџерки со цел сексуална експлоатација. Тужбата од 2024 година е поднесена против поранешниот личен адвокат Дарен Индика и поранешниот сметководител Ричард Кан, кои, според тврдењата на ...

Партијата Левица ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише новиот закон со кој се продолжува рокот за легализација на дивоградби. Од Левица посочуваат дека претседателката претходно, како пратеник, јавно укажувала дека етички и правно е невозможно да се повикува на владеење на правото, а истовремено да се носат закони со кои се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти. Собранието го продолжи рокот за ...

Даниел Редклиф, најпознат по улогата на Хари Потер, сака неговиот двегодишен син да го гледа исклучиво како татко, а не како познатиот волшебник, што е можно подолго. Актерот, кој го одгледува својот син со долгогодишната партнерка Ерин Дарк, го откри ова во ново интервју за The New York Times. Пред неговиот нов ангажман на Бродвеј во претставата Every Brilliant Thing, Редклиф одговори на прашањето дали неговиот син, чие име двојката не го ...

Оваа година носи најголемо поместување на пазарот на конектори и полначи од воведувањето на USB-C стандардот. Почнувајќи од 2026 година, начинот на кој ги користиме USB уредите ќе престане да биде „само пренос на податоци и енергија“. Технологијата достигнува точка каде што портите ќе станат попаметни, но и поуниверзални од кога било досега. Една од најинтересните иновации што ќе ја донесе 2026 година е продорот на вештачката интелигенција во ...

Истражување на „Афтонбладет“ покажува дека 22 отсто од жените во Шведска на возраст од 20 до 45 години воопшто не сакаат деца, додека таков став имаат само 8 проценти од мажите. Резултатите укажуваат на загрижувачки демографски трендови и го објаснуваат падот на стапката на плодност низ Европа. Минатата година стапката на плодност во Шведска падна на 1,43 – најниско ниво откако се води статистика од 1749 година. Просекот во ЕУ е 1,38. За ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска побара средствата што Владата ги планирала за набавка на нов авион да се пренаменат за зголемување на минималната плата на 600 евра за сите работници. Кузеска изјави дека е време, како што рече, да се укине луксузот на власта и работниците да добијат достоинствени плати. Таа посочи дека нема повеќе оправдувања дека нема средства, наведувајќи дека имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети и ...

Актерот Ченинг Тејтум се опоравува од операцијата на рамото, а на социјалните мрежи ги покажа и лузните што останале по процедурата. Ѕвездата на филмот „Меџик Мајк“, 45-годишниот Тејтум, пристапи кон сè со доза на хумор, шегувајќи се за големината на лузните. „Нема да лажам, моја е вината што не прашав“, напиша актерот покрај фотографијата. „Мислев дека ќе има две мали дупки. Очигледно не. Хехехе. Не е важно, ги сакам лузните и секој ден ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1010
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
67%
1008
weather icon

Загреб

7ᴼ / 0ᴼ
1.54
82%
1007
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.44
94%
1013
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.25
97%
1007
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
1.34
64%
1009
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1007
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1008
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
87%
1013
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.68
66%
1010
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
67%
1009
Currency

61.64

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Родиум

369733.59

Алуминиум

3.42

Злато

161442.17

Цинк

0.00

Иридиум

259874.72

Сребро

2590.59

Паладиум

49383.55

Рутениум

54591.97

Калај

48.18

Платина

65169.56

Кобалт

3.86

Бакар

11.40