Првиот ретрограден Меркур во 2026 година започнува на 26 февруари и трае до 20 март, а се одвива во чувствителниот и интуитивен знак Риби. Меркур владее со комуникацијата, мислите, сообраќајот, технологијата и секојдневните договори. Кога е ретрограден, енергијата се врти навнатре – има недоразбирања, одложувања и враќање на стари теми и луѓе од минатото. Во знакот Риби, акцентот е ставен на емоциите, интуицијата, соништата, конфузијата и ...

Русија води цивилизациска војна против Западот и го смета НАТО, вклучително и Полска, за свој главен непријател, изјави полскиот претседател Карол Навроцки. Полскиот претседател предупреди дека Москва ќе продолжи да им се заканува на земјите долж источниот дел на НАТО преку „хибридна војна и операции на влијание од големи размери“. „Русија ја гледа Организацијата на Северноатлантскиот договор како свој главен непријател во цивилизациската ...

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН. „Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на ...

Во денешното динамично и дигитално време, кога брзината, флексибилноста и едноставноста се клучни за успехот на секој бизнис, Халкбанк АД Скопје континуирано инвестира во иновативни решенија што ги следат потребите на современите трговци. Во таа насока, Банката ја воведува новата услуга Халк Моби ПОС (Halk Mobi POS), која што претставува напредно решение што овозможува прифаќање плаќања со картички директно преку мобилен телефон или таблет. ...

Жозе Мурињо повторно беше елиминиран во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Неговата Бенфика испадна од Реал Мадрид во бурниот двомеч во кој на Мурињо не му беше дозволено да биде на стадионот во реваншот. Португалскиот тренер, доби црвен картон во првиот натпревар, поради бурни протести. Верувале или не, поминаа 12 години откако Мурињо, со некој клуб успеал да мине понатаму во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Последен пат тоа се ...

„Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни“, соопшти СДСМ. „Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, има пари за 1,2 ...

Иран и САД во четврток одржуваат нова рунда разговори во Женева со цел решавање на долгогодишниот нуклеарен спор и спречување на понатамошни напади на САД врз Иран, со оглед на неговото воено засилување. Двете земји ги продолжија разговорите овој месец во обид да го решат долгогодишниот застој околу нуклеарната програма на Иран, за која Вашингтон, другите западни земји и Израел веруваат дека е насочена кон развој на нуклеарно оружје. Техеран ...

Лионел Меси се присети какво било неговото пристигнување во Барселона. Аргентинскиот волшебник зборуваше во локален подкаст за тоа како се преселил во Шпанија на 13-годишна возраст. „Бев дете, но се сеќавам на сè. Имав пријатели, моето училиште, сè беше во Росарио. Но, бев и среќен, возбуден и едвај чекав да дојдам во Барселона. Се сеќавам, целото соседство излезе да нè испрати кога заминувавме. Сите дојдоа на аеродромот. Беше импресивно. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 февруари 2026 година, петок, ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Албанскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи во четврток изјави дека инцидентот со глисер покрај брегот на Куба е „агресивна провокација од страна на САД“ насочена кон ескалација на ситуацијата и предизвикување конфликт. Нејзината изјава ја пренесе државната новинска агенција ТАСС, пишува Ројтерс. Според соопштението на кубанската влада, нејзините сили убиле четворица егзиланти и раниле уште шест други во среда. Вооружениот ...

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикаа раселување на околу 3.600 луѓе, а 21 сè уште се водат како исчезнати. Градовите Хуиз де Фора и Уба, оддалечени околу 110 километри, беа најтешко погодени, објави Ројтерс. Во Хуиз де Фора, 11-годишниот Бернардо Лопес Дутра, една од жртвите на поплавите, беше погребан во ...

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со републиканците во Претставничкиот дом. Тие се подготвуваат да сведочат во конгресната истрага за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. По месеци борба да избегнат сведочење во она што го нарекоа републикански заговор, тие се согласија да сведочат само кога Претставничкиот дом се приближи кон гласање дали да ги повика на ...

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија. Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни. – Тој моментално е на механичка вентилација – ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најави зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата и развој на нови стратешки системи за оружје, додека во главниот град Пјонгјанг се одржа голема воена парада по повод завршувањето на партискиот конгрес, објавија државните медиуми. Според агенцијата KCNA, Ким рече дека земјата има „цврста волја“ дополнително да ги прошири и зајакне своите нуклеарни сили и да го зголеми бројот на боеви глави и оперативни ...

Познати се сите 16 учесници во осминафиналето, во овогодинешната Лига на шампиони. Вечерва пласман изборија: Аталанта, ПСЖ, Реал Мадрид и Галатасарај. Сите овие тимови одат на левата страна од костурот, исто како што победниците од вторникот (Атлетико, Њукасл, Баер Леверкузен, Боде/ Глимт) отидоа на десната страна. Познато е кои противници можат да ги добијат победниците во баражот. ПСЖ – Барселона/Челзи Галатасарај – Ливерпул/Тотенхем Реал ...

Во реваншот од плејофот за Лигата на шампионите во Торино, Јувентус го победи Галатасарај со 3:2 по продолженијата, но на крајот турскиот тим се пласира во осминафиналето со вкупна победа 5:7. Јувентус успеа да ја стигне предноста од три гола во регуларните 90 минути. Имаше зицер за водство во вкупниот резултат, но трагичаре Жегова. Бидејќи веднаш по тоа промашување, Виктор Осимен постигна гол за вкупна предност, а пласманот на галатасарај ...

Реал Мадрид и ПСЖ се пласираа во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Реал во реваншот ја победи Бенфика со 2.1, а ПСЖ одигра ннерешено со Монако 2:2. Реал не блескаше против Бенфика, но одигра доволно добро за да се пласира в наредната фаза. Рафа Силва го шокира „Бернабеу во 14-та минута, но Реал експресно возврати, по само 120 секунди кога Чуамени г изедначи реузлтатот. Во првиот дел Гулер постигна гол за Реал кој беше поништен поради ...

Европската комисија предложи отворање преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за укинување на роаминг-надоместоците. Како што беше соопштено, откако договорите ќе бидат финализирани и целосно усогласени со правилата на ЕУ за роаминг, нема да има дополнителни надоместоци за повици, СМС-пораки и користење мобилни податоци при патување во земјите на Европската унија. Тоа ќе значи поврзаност по домашни ...

Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија. Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија. Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Зеленски наведе дека разговарале и за ...

Фудбалерите на Аталанта со спектакуларен пресврт ја елиминираа Борусија Дортмунд и се пласираа во осминафиналето, во Лигата на шампионите. По поразот 0:2 во Дортмунд, во Бергамо, Аталанта со гол од пенал во 98-та минута, победи со 4:1. Аталанта ја декласира Борусија, особено во првоот полувреме, кога гостите прв пат се обидоа да се заканат кон голот на Карнесеки во 29-та минута. „Ла Деа“, агресивно влезе во мечот, а по грешката на Емре Џан и ...

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Џулијано Симеоне, објасни зошто решил да го носи своето име на дресот, а не презимето. Неговиот татко, Диего Чоло Симеоне, е легенда на Атлетико Мадрид и веќе трета сезона го тренира својот најмлад син во овој шпански клуб. „Моите браќа и татко ми секогаш го ставаат презимето на дресот, „Симеоне“… Сепак, секогаш сакав да одам по свој пат, затоа избрав да носам „Џулијано““, објасни младиот фудбалер и додаде: ...

Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година. Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите. Реформата беше изгласана со 469 ...

Ракометарите на Пелистер останаа непоразени во Данска, во 12-то коло, во Лигата на шампионите. Пелистер освои бод, кој не му значи многу во борбата за место во нокаут фазата. На крајот ГОГ Гудме-Еурофарм Палистер 28:28 (15:11). Данскиот тим, во најголемиот дел од натпреварот ги контролираше настаните на теренот, имаа играчите на ГОГ Гудме предност од четири гола. Пелистер бчагодарение на голманот Митревски, кам-бекот го започна во вториот ...

„Дојче Веле“ го пренесува пишувањето на германските медиуми за политичките несогласувања што го следат Евросонг. Весникот „Франкфуртер Рундшау“ прашува дали нови расправии би можеле да избијат поради песната „Југославија“, која би можела да ја претставува Србија на натпреварувањето во Виена. Ситуацијата околу песната „Југославија“ на овогодишниот избор за Евросонг предизвика бурни реакции на Балканот, пишува „Дојче Веле“. Станува збор за ...

Белгискиот министер за надворешни работи Максима Прево и германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадефул во Берлин ја осудија заканата на Унгарија со вето на европскиот заем за Украина, еден ден по четвртата годишнина од руската инвазија врз земјата. Вадефул на заедничка прес-конференција со белгискиот колега повторно изрази „запрепастеност“ од однесувањето на Унгарија. „Унгарија мора да разбере дека трпението на останатите држави членки брзо ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја истакнал пред специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, како што наведува, тешката положба на Србите, истакнувајќи загриженост поради намерата на Приштина да започне со спроведување нови закони кои би можеле да ја дискриминираат српската заедница. По средбата во Белград, Вучиќ на Инстаграм наведе дека „посебно ја истакнал загриженоста по повод ...

Денес, во Големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа свечената промоција на првиот историски весник за Кисела Вода. Овој настан е дел од проект посветен на зачувувањето на локалното културно-историско наследство, насловен „70 години Кисела Вода – историја и култура што не се заборава“. На настанот покрај градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, говореа Билјана Јанева од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и ...

Семејството на починатиот научник Стивен Хокинг тврди дека жените во бикини кои позираат со него на фотографија од документите на Џефри Епстин биле негови долгогодишни негователки. На фотографијата познатиот физичар се смее, а покрај него стојат две жени кои држат, како што изгледа, овошни коктели. Како и кај многу други документи што ги објави американското Министерство за правда, не е наведен контекстот кога и каде е направена ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за, како што велат, судскиот притисок кон независното истражувачко новинарство, по денешната одлука на Апелациониот суд Скопје со која е одбиена жалбата на ИРЛ. Во овој момент, велат од таму, според јавно достапните информации, одлуката на жалбата на ИРЛ е објавена, но образложението сè уште не е јавно ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1010
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
8.75
65%
1008
weather icon

Загреб

9ᴼ / 2ᴼ
0.0
76%
1005
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
81%
1012
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.7
86%
1013
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.5
97%
1006
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
1.79
57%
1009
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1008
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
53%
1009
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
70%
1009
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Кобалт

3.86

Бакар

11.40

Сребро

2590.59

Алуминиум

3.42

Злато

161442.17

Платина

65169.56

Цинк

0.00

Иридиум

259874.72

Рутениум

54591.97

Паладиум

49383.55

Калај

48.18

Родиум

369733.59