Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Речиси 8.000 луѓе загинаа или исчезнаа минатата година на миграциските патишта како што се Средоземното Море и Африканскиот Рог, но реалниот број е веројатно поголем бидејќи буџетските намалувања го намалија пристапот до хуманитарна помош и го отежнаа следењето на смртните случаи, соопшти агенцијата на Обединетите нации. Бројот на легални патишта за мигрирање се намалува, принудувајќи повеќе луѓе да се свртат кон шверцери, соопшти ...
Канадската инфлуенсерка Спенсер Барбоса се смета за една од највлијателните личности на социјалните медиуми. Таа често прикажува реалистична слика за животот на социјалните медиуми, што вклучува објавување фотографии и видеа без филтри и дополнително разубавување. Таа исто така се залага за идејата за прикажување реалистична слика за женското тело, прифаќање на сопствениот изглед и често зборува за самодовербата. Сега објави серија ...
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, две други лица и еден правен субјект, за злоупотреби и несовесно работење со што го оштетиле буџетот на општина Кичево за сума од над 1.400.000 денари. „ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против ...
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна. Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на респиратор. Заменик-директорот за пулмологија Спасоје Попевиќ денес изјави дека неговата здравствена состојба останува сериозна, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите. Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето. „Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од ...
Чуандо Тан е поранешен модел и фотограф од Сингапур. Тој привлече големо внимание на јавноста со својот физички изглед, а сега ги откри и своите мали тајни. Чуандо Тан е вистинска сензација на интернет, но и во реалниот живот. Иако има 59 години, овој господин никогаш не престанува да го привлекува вниманието на јавноста со својот физички изглед. Многумина беа заинтересирани како го постигнува тоа, односно која е тајната на неговите ...
На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби. Мицкоски посочи дека ја разбира вознемиреноста и револтот на јавноста, па дури и коментари од различни етнички заедници, затоа што на граѓаните, како што рече, уште им е свежо сеќавањето како во минатото власта се договарала со правосудството. „Јас како човек бев ...
Соединетите Американски Држави остануваат најважниот воен партнер на Полска, а Варшава беше и ќе остане лојален сојузник, но нема да биде наивна, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во денешното обраќање пред парламентот. Неговите изјави го одразуваат деликатниот чин на балансирање што проевропската влада на премиерот Доналд Туск мора да го изврши за да одржи силен трансатлантски однос што го сметаат за клучен за ...
Моделот Софија Хаџпантели изгради успешна кариера како модел благодарение, верувале или не, на своите густи веѓи кои одбива да ги стилизира или, подобро кажано, да ги „кубе“. Таа позираше за бројни реномирани модни списанија, како што се „Вог“, „Ел“, „Харперс Базар“, кои ја препознаа нејзината специфична убавина, имено нејзините веѓи. Сепак, животот на Софија не е секогаш „мед и млеко“. Поради нејзината одлука да не ги „кубе“ своите ...
Премиерот, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи за концесиите за канабис и акцијата која се спроведува, истакна дека истата се спроведува подолг период и правдата ќе си дојде на свое место, а опозицијата ја мачи тоа што доаѓа време за одговорност за сите вклучени лица, па им работи меморијата кој што потпишал или направил, воедно посочи дека факт е дека фирма од која се запленија 30 тони има ...
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, вчера побара од ЕУ „мисија за утврдување факти“ за да ја процени штетата на гасоводот „Дружба“ во Украина и посочи дека тоа би можело да помогне во деблокирањето на новите средства на ЕУ за Украина, објави „Ројтерс“. „Унгарија ја поддржува идејата за мисија за утврдување факти со учество на експерти делегирани од Унгарија и Словачка за проверка на ситуацијата на гасоводот Дружба“, рече Орбан во писмо до ...
Спротивно на популарното верување, односите со возрасни деца најчесто не се оштетени од грубост или занемарување. Многу почеста причина е прекумерната вклученост – постојаната потреба за помош, советување и надзор, дури и кога тоа не е потребно. Психологот и терапевт Џефри Бернштајн предупредува дека таквото однесување често произлегува од љубовта и стравот од губење на блискоста, но може да има спротивен ефект. Наместо да ги зајакнува ...
Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини. Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и ...
Русија ѝ ги предаде на Украина останките на илјада украински војници, а за возврат ги прими телата на 35 руски војници, изјави советникот на Кремљ, Владимир Медински. „Телата на 1.000 убиени украински војници ѝ се предадени на Украина. Русија за возврат ги прими телата на 35 руски војници“, објави советникот и преговарач на Кремљ, Владимир Медински, на Телеграм. Размената на останки на борци е една од ретките области на соработка меѓу Москва ...
Убаво е кога имаме некого со кого можеме да се гордееме. Некого за кого секогаш ќе кажеме тој беше наш. Тоше Проески остави многу повеќе од песни. Остави спомени, емоции и моменти што со години живеат во животите на луѓето од сите генерации. На 05 март 2026 година, по осми пат, во Центарот за култура – Битола, ќе се одржи концертот „Засекогаш во срцата“, посветен на музиката и наследството на Тоше Проески. Настанот со години прерасна во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека сака што поскоро да ја заврши војната со Русија, дознава порталoт „Аксиос“ од украински функционер и уште два извори запознаени со разговорот. Според изворите, Трамп сака да постигне мировен договор до летото, но остануваат значајни разлики меѓу Украина и Русија, особено околу прашањето за територијалната контрола во источна Украина. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од собраниската говорница му постави директно прашање на премиерот Христијан Мицкоски во врска со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во соседна Србија. „Кој е Душан Адамовиќ? Новоназначениот конзул на Македонија во Србија. Кои критериуми се исполнети согласно упатството за постапка за номинации и задачи на почесни конзули објавено во Службен весник?“, праша Филипче. ...
Денвер Нагетс ги победија Бостон Селтикс со 103:84, изминатата ноќ во НБА лигата. Во последните осум натпревари, Нагетс наизменично бележеа порази и победи (по четири) и во потенцијално тешкиот дуел со Селтикс, излегоа како победници со резултат од 103:84. Селтикс имаа серија од четири последователни победи и девет во последните десет натпревари, а турнејата во Западната конференција ја завршија со резултат од 3-1. Предводник во убедливата ...
Во текот на зимата, многумина од нас имаат тенденција да избираат облека во темни бои. Сепак, белите панталони можат да бидат зачудувачки и елегантен дел во зимскиот стил, нудејќи свежина и стил во време кога модата обично се поврзува со темни бои. Особено овие сончеви денови во текот на зимата се можност да ја вклучите белата боја во вашиот зимски стил, создавајќи пролетни комбинации, дури и ако температурите се ниски наутро и навечер. Со ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, не разбира зошто Украина и Русија не можат да постигнат договор за завршување на војната, изјави американскиот државен секретар, Марко Рубио, како одговор на прашања од новинарите. Рубио објасни дека фрустрацијата на Трамп е од општа природа и се рефлектира во неговите претходни изјави, пишува „Европска правда“. Новинарите го прашаа Рубио зошто фрустрацијата на американскиот претседател се чини дека е ...
Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка. Нивната поддршка е порака дека ова не е ...
Кристијано Роналдо стана ко-сопственик на шпанскиот второлигаш Алмерија, откако купи 25 проценти од акциите во клубот преку неговата новооснована компанија „CR7 Sports Investments“. Иако на 41-годишна возраст сè уште активно игра и постигнува голови за Ал-Наср, со овој потег Роналдо се обидува и да стане сопственик. „Долго време имав амбиција да придонесам за фудбалот надвор од теренот“, рече капитенот на португалската репрезентација. ...
Норвешката инфлуенсерка Џоана Норденг обожава да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, па затоа и стана позната. Нејзините последни објави се направени среде шума и ги израдуваа многу луѓе. Фокусот, секако, не беше на природата и прекрасните пејзажи, туку на нејзиниот изглед и фактот дека среде зима и снег таа позира во минијатурно бикини, а носи и крзнена шапка, ракавици и чизми. Белото бикини совршено одговараше на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија. „Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија. Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на ...
Манчестер Јунајтед оствари профит, но неговиот долг порасна на речиси 1,3 милијарди фунти. Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берарда, изјави дека клубот го жнее позитивниот финансиски ефект од својата програма за отпуштање, откако најновите финансиски резултати покажаа зголемување на профитот и покрај падот на приходите. Иако тимот не е во европските натпреварувања оваа сезона, клубот оствари оперативен профит од 32,6 милиони ...
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание. Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со ...
Документите укажуваат дека Џефри Епстин шверцувал жени преку британските аеродроми се до 2019 година, само еден месец пред неговото апсење. Анализата на евиденцијата за летови, сметките за гориво и резервациите од објавените досиеја на Епстин покажува дека финансиерот и осуден педофил летал со приватни авиони до и од Велика Британија повеќе од 60 пати и резервирал комерцијални летови за млади жени до јуни 2019 година, објавува „Тајмс“. Шест ...
На граѓаните им веќе јасно и знаат сè. Разоткриенo е секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби, велат од СДСМ преку соопштение. „Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан. Потоа крешендо со одредување куќен притвор од обвинителството и сдуството ...
Кошаркарите на Детроит Пистонс остварија важна победа во дуелот на конференциските лидери, на домашен терен ги победија Оклахома Сити Тандерс со резултат 124:116. Во центарот на вниманието беше расположениот Џејлен Дурен, кој доминираше под обрачите со 29 поени и 15 скока, додека Кејд Канингем забележа дабл-дабл учинок од 29 поени и 13 асистенции. Детроит, лидер на Истокот има скор од 43 победи и 14 порази. Со оваа победа, Детроит стигна до ...