Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се прошири ако се обезбедат докази за инволвираност на други лица во случајот. „Апсолутно ќе се шири оваа бројка доколку се обезбедат докази за оние кои имаат директна или индиректна инволвираност во кривично-правниот настан“, изјави Тошковски на прес-конференцијата во Министерството за внатрешни работи. Тој ...

Илјадници луѓе ги преплавија улиците во центарот на Белград, на протест што најверојатно ќе биде најголем откако студентите-во-блокада повикаа за првпат пред повеќе од 3,5 месеци по загинувањето на 15 луѓе при уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад, јави МИА од Белград. Митингот официјално почна во 16:00 часот и ќе трае до 21:00 часот, но илјадници веќе се собраа неколку часа однапред. Катастрофата на железничката станица ...

Методот „4-7-8“, којшто се заснова на древноиндиските техники на дишење – е новото популарно „оружје“ против несоница. Имено, стручњаците ветуваат дека тоа ќе Ве заспие за само 60 секунди. Истражувањата посочуваат дека бавното дишење, хигиената на спиењето и вежбите за опуштање може да бидат покорисни во лекувањето несоница, отколку некои вообичаени фармаколошки третмани. „Методот на дишење 4-7-8“ е развиен од д-р Ендрју Вејл, лекар во ...

На 20.03.2025 во 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(54) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар. Тој се сомничи дека во периодот од 12.00 до 13.00 часот во помошна просторија од куќа на 71 годишниот Р.Н. од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени, информира СВР Тетово. Кај него биле пронајдени и одземени дел од парите. Тој бил задржан во полициска станица и ...

Министерството за транспорт и врски изврши контрола на 643 од над 1.100 издадени лиценци за работа согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. При контролата било утврдено дека 97 правни лица повеќе не ги исполнуваат законските услови за поседување на лиценците, информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Како што соопшти на прес-конференција, досега се донесени решенија за одземање на: – ...

Ноќеска, на 21.03.2025 во 02.00 часот по полноќ на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Р.Х.(29), Н.Х.(54) и А.Х.(53), сите од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01.00 часот на паркинг простор од нивната зграда, по кратка расправија околу паркирање на возила, физички го нападнале од А.Т.(33) од Гостивар. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање н случајот ќе им ...

Од буџетот на Општина Гостивар ќе бидат издвоени 1 милион денари како помош за семејствата на загинатите и повредените во трагичниот пожар што се случи во дискотека во Кочани. Одлуката беше донесена денеска, на вонредна седница на Советот на општината. Градоначалникот Ваљбон Лимани истакна дека иницијативата за седницата е преземена со поддршка од сите советници: „По настанот во Кочани, презедов иницијатива знаејќи дека ќе ја имам поддршката ...

Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се определува 30 дневен притвор за 13 лица опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во текот на денот. Засега до ОС Кочани нема пристигнато барање за вчера приведените поранешни градоначалници на ...

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс”. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Од Јавното обвинителство вечерва соопштија дека акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а ...

Времето денеска (петок) наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне до 19 степени. Како што информираат од УХМР, утре (сабота) облачноста ќе се зголеми, а во недела ќе владее променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ...

Општина Маврово и Ростуше преку Фејсбук реагираше на информацијата од МВР објавена во медиумите за побаран и примен поткуп од страна на Раководителот на одделението за урбанизам при општината. Од локалната самоуправа велат дека се вчудоневидени и изненадени од ваквите наводи. „Вчудоневидени и изненадени сме од информацијата која беше објавена во медиумите во врска со побаран и примен поткуп од страна на Раководителот на одделението за ...

Републичкиот Црвен крст соопшти дека досега се собрани околу 42,7 милиони денари хуманитарна помош за настраданите во пожарот во Кочани и нивните семејства и оти продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош. Помошта може да се даде преку: Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот ...

Вчера (19.03.2025) во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршија акциска контрола и презедоа координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, информира МВР. ...

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица, наведува ЗНМ. „Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и ...

Членките на здружението Онлајнмедиа, меѓу кои е и Gostivarpress.mk, донесоа одлука нивните редакции да не снимаат и фотографираат погребите на загинатите во трагичниот пожар во Кочани, кој ќе се одржи денеска. Во овој период на жалост, кога болката од згаснувањето на 59 животи е неизмерна, веруваме дека треба да се почитува приватноста на семејствата. Медиумите имаат обврска да известуваат одговорно, етички и професионално. Загубата на овие ...

На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево. Погребот во Кочани е закажан за 12.00 часот а на него ќе чинонаначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA. Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско ...

Владата вчеравечер донесе заклучоци кои го опфаќаат и погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи денес (20 март). Во продолжение заклучоците: 1. Државните институции се задолжуваат да препорачаат на локалната самоуправа и работодавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа вработените на подрачјето на Кочани. 2. Здравствените, образовните установи и градинките треба да организираат вршење на услуги согласно ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК), денеска реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово и Ростуше. „На ден 19.03.2025 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани, и за нив е доставен предлог за определување на мерка притвор. Осомничените констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај. Освен овие седуммина, пред судија на претходна ...

Сојузот на средношколци апелира на разбирање и поддршка кон учениците бидејќи минуваат низ тежок емоционален период по трагедијата во Кочани. Ги повикува образовните институции да покажат емпатија и разбирање за учениците и тие да не се соочуваат со санкции или дополнителен притисок во наставата. -Многу млади чувствуваат потреба да ја изразат својата солидарност преку учество во собири и иницијативи за поддршка. Во овој контекст, ги ...

Црвениот крст на Република Македонија ја продолжува својата хуманитарна мисија, ангажирајќи ги сите расположливи ресурси за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства од неодамнешниот пожар во Кочани. Црвениот крст упати голема благодарност до сите кои досега донираа и ги повика граѓаните и натаму да ја покажат својата хуманост и заеднички да помогнат во справување со последиците од оваа трагедија. Секој кој сака да даде свој ...

Времето денеска (среда) ќе биде претежно сончево со умерен до засилен северен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од -3 до 10 степени. Синоптичарите најавуваат период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нулата, а дневните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат 18 степени. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со ...

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Комората на психолози изготвија насоки за постапување на училиштата, наставниците и родителите во услови на кризна состојба со цел да им овозможат психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани. -Насоките имаат цел да им помогнат на училиштата да пружат психолошка поддршка на учениците по трагичниот настан ...

Низ повеќе градови во Македонија вечерва се одржаа собири на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Граѓаните излегоа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти. Во Скопје собирот почна со 16 минути молк. Присутните изразија сочувство и заедништво создавајќи ѕвездено небо со мобилните телефони, запалија свеќи и оставаа цвеќиња. Низ транспарентите како „Народот страда додека системот одмара“, „Грутка во грлото, ...

Во околу 50 контроли што Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ги извршил на 16 и 17 март на територијата на државата во угостителски објекти со лиценца за кабаре, ноќен клуб, диско клуб и за диско клуб на отворен простор, утврдено е дека 22 имале лиценци, на 15 им била истечена, а за неколку немало податоци дека воопшто поседувале лиценца. Со оглед дека овие угостителски објекти не работат деновиве поради денови на жалост, ДПИ ги обезбедил ...

За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција во МВР, посочи дека се вршат претреси и сослушувања и дека клучното коешто го превземаат како дејствие „е утврдување на конкретни ...

Погребите на нашите сограѓани на 59 македонски души ќе бидат во четврток, 20 март, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион. -На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани. Разрешение се: 1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип 2. Помошник началник на СВР Штип 3. Началник на Одделение за полиција Штип 4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип 5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани 6. Командир на Полициска ...

Во храмовите на Македонската православна црква – ОА утре и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените. – Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по Претходноосветената Литургија да се отслужи Парастос за невино настраданите во трагедијата во ...

Владата преку соопштение апелира да не се пласираат дезинформации за бројот на загинати во пожарот во Кочани. – Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите. Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни ...

Вера

7 дена - МРТ
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
91%
1002
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
53%
1008
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
66%
1000
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.98
94%
999
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
52%
1009
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
84%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
998
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
5.66
47%
998
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
7.72
92%
1002
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
61%
1007
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
60%
1002
Currency

61.6417

Currency

53.1635

Currency

70.7941

Currency

36.8267

Currency

38.2811

Currency

66.9875

Currency

7.73581

Currency

0.66207

Currency

0.33462

Currency

0.52444

Currency

1.19534

Currency

0.57389

Бакар

11.14

Алуминиум

3.51

Иридиум

253540.09

Сребро

2284.78

Паладиум

46489.98

Кобалт

45.39

Родиум

324722.54

Цинк

0.00

Платина

61697.28

Калај

48.02

Злато

148766.80

Рутениум

56199.51