Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар ќе биде домаќин на првата историско спортска изложба посветена на кариерата на олимпискиот шампион во борење Шабан Трстена. Изложбата ќе биде отворена во среда (13 август) во 20 часот, а посетителите ќе имаат можност да погледнат 40 носталгични спортски фотографии кои опфаќаат 20 години од животот на шампионот Трстена на светските спортски арени. Легендата на македонскиот спорт, кој роден 1965 година во ...
Покрај двете олимписки медали (злато и сребро), публиката можеше да види и четириесетина фотографии на кои е претставен дел од спортските успеси на некогашниот борач Шабан Трстена. Тој пред публиката напомна дека неговиот сон се остварил на 10 август 1984 година во Лос Анџелес со искачувањето на олимпискиот трон. „Да се достигне тој висок спортски врв каде што само најсилните и најхрабрите можат да се искачат потребно е многу жртвување и ...