Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
СВР Тетово извести дека ноќеска во период од 00.00 до 02.00 часот после полноќ, полициски службеници од СВР Тетово извршиле Акциска контрола во угостителски овјект во Гостивар, каде поради злоупотреба на туристички престој биле приведени 7 странски државјанки; К.К.(49), A.П.(38), Џ.K.(27) и M.В.(39) сите од Р. Албанија, Ш.Г.(39) од Р. Косово, K.Х.(21) од Р. Украина и O.K.(28) од Р. Русија. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна ...
АМСМ извести дека од 5:45 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, додека од 5.00 часот исто таква забрана има и на патот Маврово – Дебар. Врнежи од снег со променлив интензитет утрово се бележат на Попова Шапка, Ресен, Крушево, Струга, Охрид, Делчево, Маврово, и на планинските превои Буково, Ѓавато, Пресека и Плетвар. Сообраќајот на ...
Во Гостивар утрово паѓа снег со среден интензитет. Снегот за сега не претставува проблем во одвивањето на сообраќајот, а според најавите на метеоролозите ќе врне во текот на целиот ден со променлива јачина и повремено мешано со дожд. Времето денес ќе биде облачно и постудено. На планините врнежите од снег ќе формираат снежна покривка од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира ...
На Светското првенство што се одржа во Киелце, Полска, младиот танчер од Гостивар, Анди Исмаили, постигна историски успех. Во конкуренција од 72 танчери од целиот свет, 16-годишниот Анди го освои златниот медал во категоријата Performing Arts Improvisation, освојувајќи ја титулата Светски шампион! Анди вчера освои и сребрен медал во категоријата Модерен Балет соло момчиња јуниори, со што го потврди својот квалитет и стана Светски вицешампион. ...
Крипто-претприемачот Џастин Сан го исполни ветувањето што го даде откако потроши 6,2 милиони долари на „уметничко дело“ – банана залепена со лента за ѕид – јадејќи го овошјето. Во еден од најскапите хотели во Хонг Конг, Сан пред десетици новинари и инфлуенсери откако одржа говор во кој го поздрави делото како „иконско“ и повлече паралели помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата – ја изеде бананата. „Ова беше многу подобра од други ...
Полицијата вчера спровела активости за спречување на питачење на гостиварското подрачје. Како што информира СВР Тетиви во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар постапиле согласно планот за спречување на питачење во Гостивар и при тоа фатиле повеќе лица како питачеле. На улица „Борче Јованоски“ биле затекнати Е.А.(36) од Скопје и М.Ш.(23) од Прилеп, на улица ,,ЈНА“ била затекната С.Т.(38) од Гостивар и на улица ...
Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства. Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита од ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши од Гостивар ја започна серијата посети на пратеничките канцеларии низ земјава. Целта, како што рече е да се види дали и како канцелариите за контакт со пратениците функционираат и што треба да се преземе да бидат подостапни за граѓаните. Во Гостивар канцелариите се наоѓаат во централното градско јадро, до општинските простории, но поради неподмирени сметки, подолго време немаат електрична енергија. На тоа ...
На 28.11.2024 во 14.30 часот во ОВР Гостивар, 42 – годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена. Според пријавеното, на 25.11.2024 преку социјална мрежа нашла веб страница на која прво требала да уплати одредени парични средства и да изврши задачи за да ѝ биде исплатена заработувачката. „Како што е пријавено, откако во два наврати уплатила вкупно 170 долари и ги извршила задачите едно лице ѝ се јавило и барало да уплати уште пари, по ...
Веројатно барем еднаш сте ги направиле овие грешки при перење алишта, а можеби и сега ги правите. Тие се најчести и според експертите треба да ги коригирате. Облеката ќе ја задржи формата и бојата подолго и ќе се истроши побавно ако ја перете на пониски температури. Плус, топлата или ладната вода може да се справи со нечистотијата исто толку добро како топлата вода, ако имате добра машина за перење и детергент. Само предмети како постелнина или ...
СВР Тетово информира дека вчера (28.11.2024) во 18.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Ростуше – Дебар, патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница во Дебар им подлегнал на повредите. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен ...
Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 27 државни службеници во Собранието на Македонија на различни работни места. Се бара државен советник за безбедносни прашања и надзор, помошник раководител на сектор за работни тела на Собранието, советник-архитект, раководител на oдделение за реализација на програма продуцент – режисер, двајца сниматели, монтажер, двајца новинари,преведувач и толкувач на англиски јазик, советник за ...
Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ. -Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ. Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше ...
Електродистрибуција попладнево информира дека, ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната која беше добиена на ...
Времето денеска (петок) ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 1 до 8 степени. Под влијание на влажна и студена воздушна маса за време ...
Од подобрување на варењето до намалување на ризикот од болести, па дури и когнитивната функција, додавањето ленено семе во рецептите може да има корист за вашето долгорочно здравје. Сепак, заедно со споменатите придобивки, лененото семе има и некои нуспојави. Лененото семе е богато со растителни влакна Додавањето ленено семе во вашиот оброк ќе го зголеми внесот на протеини. Една лажица ленено семе има приближно три грама влакна, што е 11 ...
Во случај на ескалација на конфликтот во Украина, не може да се исклучи ниту едно сценарио, изјави заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, говорејќи за можноста за напад врз воените бази на НАТО. Тој ова го изјави одговарајќи на прашањето дали во случај на нови напади од Украина се можни напади врз воени центри на територијата на Полска и Романија. Тој изјави дека во услови на она што се случува не може да се исклучи ниту ...
СВР Тетово соопшти дека вчера (27.11.2024) во 08.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода С.С.(58) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 35-годишна ќерка дека во нивниот семеен дом физички ја нападнала, а при нападот користела и тврди предмети. Според пријавата, потоа, и нивен сосед ја нападнал 35-годишната жена и заедно со С.С. и ги зеле двете малолетни ќерки. С.С е задржана во ...
Мајкл Џордан конечно ја продаде својата легендарна резиденција во Хајленд Парк, Илиноис, за 14,855 милиони долари, по повеќе од една деценија на пазарот за недвижности. Имотот, кој првпат беше понуден во 2012 година за 29 милиони долари, го привлече вниманието на јавноста и покрај долгите години без купувач. Оваа луксузна резиденција располага со девет спални соби и неверојатни 19 бањи. Меѓу најимпресивните елементи е затвореното кошаркарско ...
На првата седница на новоизбраниот Централен одбор на Социјалдемократскиот сојуз, партијата го избра своето ново раководство, поставувајќи ја основата за нова визија и енергија. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги претстави носителите на клучните функции и новата насока во делувањето на партијата. За генерален секретар е назначен Александар Димитријевиќ, додека за потпретседатели на партијата се избрани: Каја Шукова, поранешна министерка за ...
На 27 ноември 2024 година, во 13:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, при обезбедување на лице место на сообраќајна незгода на магистралниот пат Гостивар-Кичево, го лишиле од слобода Е.К. (29) од село Велешта, Струга. Лицето управувало возило „Голф“ со струшки регистарски таблици и поминало преку стапалото на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Повредениот ...
Загадувањето на воздухот предизвикано од пожари е поврзано со повеќе од 1,5 милиони смртни случаи годишно во светот, огромно мнозинство се случуваат во земјите во развој, се нагласува во ново истражување. Тој број на жртви се очекува да се зголеми во наредните години бидејќи климатските промени ги прават шумските пожари почести и поинтензивни, се вели во студијата објавена во списанието „Лансет“. Меѓународниот тим на истражувачи ги разгледа ...
За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот ...
Менопаузата, којашто обично се јавува на возраст од 45 до 56 години, носи бројни промени во телото поради намалувањето на естрогенот. Меѓу нив се и оние поврзани со исхраната. Гинекологот д-р Димпна Вejл од Олбени, Њујорк, САД, објаснува дека на жените во менопауза им треба повеќе калциум, а помалку железо отколку претходно. Покрај калциумот, витаминот Д има клучна улога во вносот на овој минерал. Без доволно витамин Д, телото не може делотворно ...
Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. Од Сојузот на синдикати, кои на првомајскиот протест побараа зголемување на сите плати, ...
Агенцијата за вработување денеска објави јавен повик за невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за возачи за “Ц” ”ЦЕ” и “Д” категорија. Обуките, како и првото полагање на возачкот испит се бесплатни, а невработените може да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани. Како што стои во огласот невработените треба да исполнуваат одредени критериуми и тоа: За “Ц” категорија: -Да има минимум ...
УХМР излезе со метеопредупредување за студен бран со врнежи од петок. По одделни котлини утре претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и пониска дневна температура. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до ...
Германија може да го одржи својот просперитет само со помош на имиграцијата. Во спротивно, како што покажува студија, на пазарот на трудот му се заканува голем пад. Во наредните години годишно ќе бидат потребни околу 288.000 странски работници. На долг рок, германскиот пазар на труд секоја година „во значителна мера“ зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од фондацијата Бертелсман. „Со цел да се задоволат потребите за ...
Министерот за здравство Арбен Таравари сподели дека е во болница откако вчера доживеал колапс. Тој, како што објави на Фејсбук, е се уште под опсервација на лекарите. -Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци. ...
СВР Тетово информира дека вчера (26.11.2024) во 12.50 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од велосипед пред влез на зграда на улица „Страхиња Симоноски“ во градот. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар. Полицијата исто така, извести дека вчера во 17.10 ...