Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Најстудено утрово е на Попова Шапка -7 степени, каде има и најголема снежна покривка од 32 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Под нулата е и во Маврови Анови -7, Крушево -6, Битола -5, Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Претор -4, Велес и Берово -2, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница и Тетово -2, Штип и Демир Капија -1. Најтопло е во Гевгелија 3 степени. Во Маврови Анови има 29 сантиметри снег, а во Ѓуриште ...
Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека владата одлучила да ја блокира платформата Тик Ток. На средба со родителите и наставниците околу новиот план за мерки за безбедност во училиштата, тој рече дека веќе е направен план за конкретни мерки за блокирање на Тик Ток. Додаде дека Тик Ток ќе биде затворен една година, но за тоа ќе бидат потребни шест до осум недели. -Ги направивме сите наши истражувања од технолошката страна и ќе ни требаат 6 до 8 ...
Некои бајки и приказни од жанрот детска фантастика коишто успивале поколенија деца наназад – може да послужат како едукативен материјал, во разговорите и воспитувањето за здравиот сон на децата, според истражување објавено во најновото издание на „Британскиот медицински журнал“ (British Medical Journal). Трудот проучува четири познати дела коишто вклучуваат податоци за придобивките од сонот и лоши последици од нарушувањата на спиењето. Така, на ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска го промовираше Манифестот на локалните новинари и медиумски работници за подобрување на условите за работа. Документот, на кој се работеше подолго време низ серија на средби со колегите од сите градови, претставува сублимат на констатации околу актуелните состојби во сферата која е од јавен интерес и барања за овозможување на квалитетно и независно информирање на локалните заедници. ...
На северната хемисфера на Земјата денеска во 10 часот и 21 минута започна зимата и ќе трае до 20 март 2025 година. Денеска е 356-иот ден во годината и до крајот на годината остануваат 10 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 01 минута, а ќе зајде во 16 часот и 08 минути. Ова е најкраткиот ден во годината и ќе трае трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее, а ќе зајде во 11 часот и 2 минути. ...
На 23-ти Декември (понеделник) во Тетово, по повод престојoт на официјална делегација предводена од Претседателот на големиот парламент на Република Турција, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе воведе посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје во периодот од 5 часот наутро до завршувањето на официјалната посета. Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата од клучка Брвеница до Тетовски универзитет, потоа на булевар ...
Укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и Маврово, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Од 15.11.2024 започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате ...
Во Хрватска денеска е Ден на жалост по монструозниот напад врз ученици и вработени во основно училиште во Загреб, во кој загина едно дете, а три други беа повредени, заедно со наставничката (62) која храбро го нападнала 19-годишниот напаѓач и го спречила пострашно кривично дело. Ден на жалост означува – задолжително истакнување на знамето на Република Хрватска на половина копје на сите објекти во кои се сместени органите на државната управа и ...
Припадниците на турската заедница во земјава денеска го одбележуваат Денот на настава на турски јазик, кој е единствен национален празник на Турците во Македонија и од 2007 година е неработен ден за нив. Датумот 21 декември е избран според почетокот на изведување на наставата на турски јазик во 1944 година, во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје. Во Гостивар Денот на наставата на турски јазик се одбележа со манифестација во Центарот за ...
Албанската Национална управа за храна уништи повеќе од 60 тони мандарини, вратени од земји членки на Европска Унија, поради високо ниво на пестициди, опасни по здравјето. Последните неколку недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, кои на големо увезуваат овошје од Албанија, по направените анализи од граница ги вратиле назад камионите натоварени со ова овошје. Вратените мандарини биле произведени во подрачјето на Берат, Љушња и Фиер, каде ...
Кората од лимон е многу лековита за човечкото тело. Содржи витамини А, калциум, калиум, а влакната во кората на лимонот ја поддржуваат работата на срцето, мускулите, очите, нервниот систем и варењето. Од друга страна, полифенолите во кората на лимонот имаат својство на силни антиоксиданси кои можат да се користат во лечење на болести како рак. Кората од лимонот има поголема хранлива вредност од внатрешноста на лимонот или сокот од лимон. 100 ...
Работиме интензивно нашите депонии да добијат облик како европските и од проблем да станат профитабилен бизнис, истакна при денешната посета на регионалната полошка депонија Русино во Гостивар, вицепремиерот и министер за екологија Изет Меџити. „Постојано работиме да најдеме побрзи и подобри начини за подобро организирање на депониите, во таа насока се и кредитите земени од Европската банка за развој од околу 55 милиони евра, а неколку депонии. ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница што почна на 15. месецов се намалени за 10 проценти и повеќе. Државниот пазарен инспекторат, пак, како што соопшти директорот Влатко Стојаноски, регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на два-три трговски субјекти. Инспекторите не регистрирале ...
Компанијата „Гамето“ (Gameto) со седиште во Њујорк, САД, го објави раѓањето на првото бебе во светот зачнато со помош на новата технологија наречена „Фертило“ (Fertilo). Новороденчето дојде на свет во клиниката „Санта Изабел“ во Лима, Перу, и тоа претставува значителен напредок во лекувањето на неплодноста, елиминирајќи ја потребата од приближно 80 отсто од хормонските инјекции коишто се потребни за оплодување со вообичаената метода „Ин-витро“. ...
Министерството за дигитална трансформација денеска го претстави редизајнираниот национален портал uslugi.gov.mk кој на граѓаните им нуди сто нови електронски услуги. Министерот Стефан Андоновски на презентација ги соопшти најважните нови функционалности на порталот. Рече дека со неговиот тим во изминатите пет месеци интензивно работеле да ги подобрат перформансите на е-порталот и искуството на оние што ги користат е-услугите, да воведат што ...
Суд во Јапонија денеска осуди човек за кражба на повеќе од 200 килограми млад кромид од својот сосед – земјоделец и соперник, откако рекордните летни горештини му го уништиле родот. Човекот, кој и се повлекол од земјоделството по кражбата, е осуден на казна затвор од две години, и суспензија од три години, пренесуваат тамошните медиуми. Окружниот суд во Кјото ја оцени кражбата како „злонамерна“, а сѐ тоа се случувало во август и септември. ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, Министерството денеска информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. Утрово, Руското Министерство за одбрана соопшти дека гаѓала цели на ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024. Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат ...
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м. на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец Македонски Брод – Кичево и до 50м. на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ. На Меѓународниот аеродром Скопје според објавата на нивната ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 10 степени. Утре (сабота) поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува ...
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска промовираше иницијатива за субвенциониран студентски превоз за редовни студенти кои студираат надвор од местото на живеење. Претседателот на ФОП, Бленди Ходаи, изјави дека на министерствата за образование и наука и за транспорт им предлагаат модел на субвенционирање каков што има во Словенија. Како што рече, предлогот има две опции – првата е месечна карта за десет патувања што би чинела околу 1.100 ...
Секој кој доживеал мигрена добро знае што значи тоа – неподнослива мачна болка во главата која трае од неколку часа до неколку дена. Тие често се многу онеспособувачки и се придружени со гадење, повраќање и чувствителност на светлина и звук. Иако не постои траен лек за мигрена, комбинацијата на превентивни мерки, лекови и промени во животниот стил може значително да ја намалат нивната зачестеност и сериозност. Меѓутоа, што да правиме кога ...
Од 9 до 15 декември во државава се пријавени 118 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип – 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево. Седумдесет и четири лица се на возраст од 15 до 64 години. Дваесет се над 65 години, 14 деца на возраст од пет до 14 години и 10 на возраст до четири години. Највисока инциденца се ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година. -Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди и тоа за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, а за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, велат од Министерството. Оттаму ...
Вчера (18.12.2024) во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на локален пат во Долна Бањица, гостиварско, патничко возило удрило во пешакот М.С.(34) од Долна Бањица, по што возачот заедно со возилото го напуштил местото на настанот, информира СВР Тетово. Од таму додаваат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. ...
Кога божиќното жито ќе „изникне“, изгледа навистина убаво на празничната трпеза, не само поради свежата, зелена боја, туку и поради симболиката што ја носи – укажува на благосостојба, среќа и здравје. Најчесто се засадува околу Света Варвара, но Свети Никола сè уште се смета за истакнат датум, за да биде бујно и што позелено до еден од најголемите празници – Божиќ. Како да се засади Доколку одлучите да засадите пченица, прво треба да ја потопите ...
Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места, соопшти УХМР. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се ...
Според календарот на МПЦ денеска е Свети Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски. Тој е светец заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците…Свети Никола е еден од најпочитуваните светци, во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески, кои му се посветени. Многу македонски семејства со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми го ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово, информираат од Обвинителство. Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на ...
Постојат многу причини зошто треба редовно да консумирате ориз. Без разлика дали вежбате или барате богат извор на протеини, оризот е вистинскиот избор за вас. Повеќето од нас знаат дека постојат неколку добри причини да се јаде ориз, но она што повеќето од нас не го знаат е што точно прави оризот за нашето тело. Иако можеби не секој знае за што е добар оризот, едно е сигурно – тој е многу вкусен. Оризот е одличен додаток на главното јадење, а ...