Невремето проследено со силен ветер вчера, кој во одредени делови надмина 70 км на час, предизвика низа проблеми и штети низ земјава. Пријавени се случаи на оштетувања на електрични столбови, кровови на објекти, фасади, автомобили, како и паднати дрвја. Во извештајот на Центарот за управување со кризи бележан е случај на паднато дрво и во Гостивар. Како што стои во информацијата Територијалната противпожарна единица Гостивар, од 16.45 до 17.15 ...

Поради невремето што ја зафати Србија се случија повеќе сообраќајни несреќи. Меѓу нив и македонски автобус се излизга и удри во банкина на автопатот кај Појате, јави дописникот на МИА од Белград. „Причинета е поголема материјална штета“, пишува порталот Телеграф, а Инстаграм страницата 192 рс. објави фотографија од несреќата со изјави од патниците дека на тој дел од автопатот Ниш-Белград, кај Појате се возело со 30 км на час. Српското МВР не ...

Снегот проследен со силни ветрови предизвика хаос во речиси сите земји на Балканот, од каде известуваат за колапс во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во Србија, снежните врнежи создадоа хаос на патиштата, поради што властите апелираат до возачите да бидат внимателни. Активирани се метеоаларми низ целата земја, а во одредени делови истовремено се издадени три предупредувања. Црногорското приморје денеска беше погодено ...

Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека сообраќајот на државните патишта во западниот дел од државата се одвива претежно по влажни коловози, а во источниот дел по суви коловози. Внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност за појава од одрони. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна утринава нема подолги задржувања ...

Јапонското јаболко е растение по потекло од Јапонија, во форма наликува на домат, додека бојата на плодот може да биде светло жолта до портокалова до потемно црвена. Плодовите имаат сладок вкус кој освежува и потсетува на мешавина од јаболка, кајсии и портокали и се највкусни во зимските месеци кога целосно се зрели и омекнати. Ова овошје е полно со витамини (К, Ц, А), антиоксиданси кои му помагаат на имунолошкиот систем да функционира ...

На 21.11.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода С.Д.(36) од Гостивар поради сомнение дека извршила кражба во бутик во трговски центар во Гостивар, информира СВР Тетово. Од неа биле одземени предметите и биле вратени на сопственикот. С.Д. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок. Полицијата информира дека, исто така вчера во 9.00 часот, полициски ...

Согласно податоци од Управата за електронско здравство, преку апликацијата vakcinacija.mk, за вакцина против грип досега биле пријавени 75.712 лица и биле вакцинирани 66.674 граѓани. Заменик министерот за здравство Јовица Андовски денеска на прес-конференција изјави дека одѕивот е одличен. „Ова е рекорден број пријавени и вакцинирани лица, кои сакаат да се заштитат од посериозни компликации од сезонскиот грип. Статистиката покажува дека, од ...

Се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема ...

СВР Тетово извести дека вчера (21.11.2024) поради сомнение за сторено кривично дело напад врз полициски службеници при преземање на службени дејствија на 20.11.2024, судија на претходна постапка на И.А.(23) од Градец му одреди мерка притвор во траење од осум дена и бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката. На М.Р.(19) од Гостивар му е одреди мерка куќен притвор, исто така, во траење од осум дена. ...

Маглата е многу карактеристична појава за овој убав период од годината, кога температурите се ниски, а влажноста на воздухот е исклучително висока. Го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди и затоа се препорачува да го одложите возењето на ова време, особено ако не сте искусен возач. А ако патувањето е неодложно, овие совети ќе ви помогнат. Направете го автомобилот видлив Видливоста на автомобилот е најважна и одговорноста за тоа е исклучиво ...

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот „прозорец“ противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија. Литванците се фаворите на двете средби, но од таборот на нашата репрезентација ветуваат максимална борбеност за секоја топка и искористување на секоја шанса. Селекторот Александар Јончевски за првиот меѓусебен дуел ќе ги нема на располагање Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс ...

Денеска е петок, 22 ноември 2024 година, 327-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 39 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа и 35 минути. Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ...

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Македонија. Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР Кина, Лин ...

На денешен датум се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој албански научници во 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Делегатите од Албанија и албанските здруженија и клубови од цел свет на конгресот во Битола донеле одлука за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик. Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908 година. Учествувале 50 ...

Нето платата во септември е зголемена за 9,8 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, во септември просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала 41 585 денари. Зголемувањето се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности каде има зголемување за 12,6 проценти, ...

Карфиолот, зеленчук кој е полн со есенцијални витамини, минерали и влакна, но нискокалоричен. Ова ни овозможува да уживаме во поголема порција без да се чувствуваме виновни. Покрај тоа, содржината на влакна во карфиолот не одржува сити подолго време, намалувајќи го ризикот од грицкање помеѓу оброците. Настрана од неговите придобивки за губење на тежината, карфиолот е разноврсна состојка која може да се користи во различни јадења. Карфиолот има ...

Управата за јавни приходи излезе со известување за корисниците на МојДДВ врзано со ажурирање на податоците. Ажурирање треба да направат само оние корисници кои во изминатиот период направиле промена на својата банка или трансакциска сметка, потенцираат од УЈП. Според евиденцијата на Управата, 5.487 лица немаат точни податоци за своите трансакциски сметки и мора да ги ажурираат своите податоци за да ја добијат исплатата. „Корисниците на МојДДВ ...

На денешната седница во Собранието, посветена на пратенички прашања, беше избегнат инцидент со физичка пресметка меѓу пратеници од Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое претходно не било најавено писмено, како што налага Деловникот. На тоа процедурално реагираше координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој обвини дека ...

СВР Тетово информира дека вчера (20.11.2024) во 15.15 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.Р.(19) од Гостивар и И.А.(23) од Градец, затоа што физички ги нападнале додека извршувале службени дејствија. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, наведува полицијата. Последниот период во полициската евиденција за ...

Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во сабота претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места каде ќе се формира помала снежна покривка, соопшти ...

По завршувањето на циклусот во Лигата на Нации, македонската фудбалска репрезентација го обезбеди своето место во третиот шешир за претстојните квалификации за Светското првенство во 2026 година. Ова е резултат на одличните настапи во групната фаза, каде Македонија запиша пет победи и едно реми против Летонија, Ерменија и Фарски Острови. Нашата селекција е дел од третиот шешир заедно со репрезентациите на Шкотска, Словенија, Република Ирска, ...

Православните верници денес го слават празникот во чест на Свети Архангел Михаил. Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на Свети Архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“. Постојат девет ангелски ...

Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95.000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада. Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95.004,50 долари пред да се тргува за 94.907 долари малку подоцна. По ...

Православните верници денес го слават празникот во чест на Свети архангел Михаил. Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“. Постојат девет ангелски ...

Денес во продавниците можеме да најдеме бесконечен број производи за нега на кожа. Некои од нив имаат состојки кои звучат малку комплицирано, како салицилна киселина или хијалуронска киселина. Гликолната киселина е уште една таква состојка која во последно време е многу популарна кога се работи за нега на кожата. Што е гликолна киселина и како делува? Гликолната киселина е најпопуларната алфа хидрокси киселина (АХА) која се користи за нега на ...

Управата за јавни приходи (УЈП) во пресрет на најавениот Black Friday викенд упати препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги да ги изразат и наведат при издавање на сметката. Пресметаниот данок на додадена вредност треба да биде наведен во сметката со новосоздадената цена. Од УЈП потсетуваат дека потрошувачите при купувањето се должни да побараат фискална сметка и да ја чуваат по ...

На 19.11.2024 во 12.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го привеле А.Х.(60) од гостиварски Добридол затоа што агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија, информира СВР Тетово. Полицијата ивести и дека утрово во 4.15 часот на крстосница од улица „Панче Попоски“ со улица „С.Симоноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62 021,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 77 396,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесува 61 249,00 денари е зголемена за 772,00 денари. -Од податоците на вредноста на Синдикалната минимална кошница евидентно е ...

Вчера (19 ноември) во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, во содејство со инспектори од сообраќај при општините Тетово и Гостивар, извршиле акциска контрола во врска со зајакнати мерки и активности кон возачите кои во јавен сообраќај вршат јавен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Притоа, на улица „Илинденска” во Тетово било сопрено патничко возило „форд транзит“ со ...

Значаен процент од младите во Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје, која ги сподели резултаите од истражувањето “Младите и нивните навики за обложување во Северна Македонија, во Србија и во Косово“. Беа споделени и нивните препораки против зависност од игри на среќа кај младите. Меѓу нив, се играчите да се информираат за ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
82%
1029
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.56
75%
1029
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.07
97%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
83%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Калај

42.35

Паладиум

52470.02

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.90

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Платина

61733.50

Сребро

2128.87

Родиум

258009.74

Злато

139470.53

Цинк

3.03

Кобалт

58.42