СВР Тетово информира дека вчера (26.11.2024) во 12.50 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од велосипед пред влез на зграда на улица „Страхиња Симоноски“ во градот. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар. Полицијата исто така, извести дека вчера во 17.10 ...

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Москва ќе одговори на украинските напади со американски ракети АТАКМС врз Курскиот регион. „Министерството за одбрана на Руската Федерација ја следи ситуацијата и подготвува акција за одговор“, се наведува во соопштението. Според Министерството, во последните три дена, украинските сили двапати нападнале руски цели со западно оружје со долг дострел, пренесуваат руските медиуми. Првиот напад се ...

Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божиќни базари, коишто не се само места каде што можете да се ужива во греено вино или топло чоколадо, туку и вистински мали „земји на чудата“… Стразбур, Франција Во град во источна Франција се наоѓа најстариот божиќен базар во земјата. Тој постои од 1570 година, а денес вообичаено го посетуваат два милиони луѓе секоја година. Овде, не е само Божиќниот базар што вреди да се ...

Нето богатство на американскиот милијардер Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари, поттикнато од континуираните добивки во акциите на Tesla и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари. Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го катапултираше во политиката. Американската новинска агенција додаде дека ...

Ученици од средното економско училиште во Гостивар, кои членуваат во училишниот Медиумски клуб денес беа во посета на Gostivarpress.mk. Клубот функционира од неодамна, а е формиран како резултат на вклучување во проект за медиумска писменост за млади на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). „Откако нашата апликација за медиумски клуб беше прифатена од МИМ, поминаваме неколкудневна обука и го формиравме клубот. Во клубот членуваат ученици од ...

Во 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица изречени се мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса. Воедно, ЈПДП побарало поголема ангажираност и од страна на стручните служби, поточно од контролорите во Контролниот центар, за преземање поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на ...

Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција попладнево по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови. Тема на разговор на денешната средба биле и бодовите по капитација, дестимулативните ...

Исто како што здравиот крвен притисок, односно она што го сметаме за нормални вредности на крвниот притисок, се менува со возраста, така и нормалното отчукување на срцето при мирување се менува со возраста. Колку сте помлади, толку е побрз вашиот пулс, а се забавува како што стареете. Отчукувањата на срцето во мирување (мерено во отчукувања во минута) се мери со ставање на прстите (но никогаш палецот) на вратот или зглобот, каде што го ...

Реновирани оддели, нов паркинг простор, посебен пристап и влез за амбулантни возила, медицинска апаратура. Ова се дел од инвестициите во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар кои денес ги промовираше министерот за здравство, Арбен Таравари. Како што кажа министерот, вкупната вредност на проектите има финансиска рамка од околу 25 милиони денари. „Многу сум среќен што во градот во кој сум се родил и сум поминал поголем дел од мојот живот, ...

Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,7 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ...

Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Ова денеска го подвлече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, проф. д-р Ирена Алексиовска Папестиев, во изјава за медиумите. Алексиовска Папестиев рече дека тоа е прва ...

Во сабота, на 30 ноември 2024 година во Гостивар, ќе се одржи свечен настан по повод 100-годишнината од раѓањето на народниот херој Панче Попоски. Програмата започнува во 10:15 часот, со полагање на свежо цвеќе во неговата чест, кое ќе се одржи во холот на Центарот на култура Асном. Потоа, настанот ќе продолжи во 10:30 часот во малата сала на установата. Иницијативата за организирање на овој значаен настан доаѓа од членовите на семејството на ...

Наскоро Здравствениот дом и општата болница во Гостивар ќе се спојат во една установа, изјави при денешната посета на болницата, министерот за здравство, Арбен Таравари. „Наскоро Здравствениот дом и општата болница во Гостивар ќе се спојат. Претходно веќе имам најавено дека во седум градови каде има општи болници и Здравствени домови ќе се спојуваат. Мислам дека тоа ќе се случи до крајот на идната година, а можеби и порано. Освен во Клиничките ...

Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград. До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода. Ситуацијата се смири по ...

Граѓани добиле лажни е-маил пораки во име на Фондот за здравствено осигурување, од ФЗО апелираат да не се наседнува на лажните пораки, за да не бидат злоупотребени лични податоци и трансакциски сметки. Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност, да пријават во Службата за компјутерски криминал во Министерството за ...

Министерството за здравство бара решение за старата и дотраена зграда каде се сместени гостиварските епидемиолошки служби на Центарот за јавно здравје. Како што изјави денес министерот за здравство, Арбен Таравари можно е објектот целосно да се сруши и да се гради нов, но тоа за сега не е конечна одлука. „Епидемилогија е стар објект за кој во Министерството веќе правиме одредени планови евентуално да се инвестира во нов. Ова не е дефинитивно, ...

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен. Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова. Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев – „АСНОМ и македонскиот јазик“, и ...

Со панел-дискусија на постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колмбуиа, заменик амбасадорот на Европската унија во земјава Бен Нупнау, како и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, вчеравечер во Музејот на град Скопје беше одбележан почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со цел подигнување на општествената свест во борбата за спречување на родово ...

Денеска, 25 ноември 2024 година, околу 09:40 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар било пријавено дека при изведување градежни работи на тротоарот на улицата „Живко Брајкоски“, работници од Јавното претпријатие „Водовод“ пронашле пет гранати со должина од околу 30 сантиметри. Полициски екипи веднаш излегле на терен и ја обезбедиле локацијата. За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување, која презема понатамошни мерки ...

Времето денеска (понеделник) наутро ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку ден, времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Температурата во гостиварскиот регион -1 до 11 степени. Во следните денови од новата работна седмица се предвидува стабилно и претежно тивко време со ниски утрински температури, а дневните да бидат во пораст и ќе достигнат до 16 степени. По одделни котлини да ...

Во седиштето на УЕФА во Нион денеска се одржа ждрепката за завршницата на Лигата на нации и баражите за опстанок и пласман во сите дивизии. Ждрепката донесе атрактивни дуели кои ќе го одбележат третото издание на ова престижно натпреварување. Лига А: Четвртфиналните дербија Најголемото внимание беше насочено кон ждрепката за четвртфиналето во Лигата А, каде што се одредени четири возбудливи двојки: Првите натпревари ќе се одиграат на 20 март ...

Повторно евидентирани случаи на агресивно однесување кон полициски службеници во Гостивар. Ги пренесуваме информациите за нив дадени во билтенот на СВР Тетово: „На 23.11.2024 во 22:40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ш.Р.(23) од тетовско Вејце, кој на улица ,,ЈНА“ во Гостивар, агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија и ги омаловажувал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на ...

Портокалите во десерти почесто се користат во форма на сок, но според овој рецепт за колач се ставаат цели портокали, што го прави слаткото задоволство екстра сочно. Подготовката е повеќе од едноставна и брза, ќе ви заштеди време, а нема шанси да не ви се погоди. состојки: 3-4 портокали (зависно големината) 100 мл. млеко 100 мл. газирана вода 2 јајца 200 гр. брашно 3-4 лажички шеќер 1 кесичка ванилин шеќер половина кесичка прашок за пециво ...

Демократското Движење вчера свечено отвори канцеларии во Гостивар. По тој повод, лидерот на партијата и вицепремиер, Изет Меџити, изјави дека овој момент претставува уште еден важен чекор во патувањето кон создавање силна и претставничка политичка алтернатива за сите граѓани. „Демократското движење секој ден е сѐ посилно, создавајќи цврста структура и јасна визија за подобра иднина. Ова е доказ за посветеноста и единството на луѓето кои веруваат ...

Овие бактерии развиле способност да се спротивстават на третманите со антибиотици, што ги прави посмртоносни и тешки за лекување. Милиони луѓе ширум светот умираат од директни бактериски инфекции, особено кога бактериите развиваат отпорност на антибиотиците што ги користиме за нивно лекување. Токму оваа отпорност на лекови ги прави особено смртоносни. Овие бактерии развиле способност да се спротивстават на третманите со антибиотици, што ги прави ...

Министерството за култура и туризам денеска го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“. Како што информира ресорното министерство, на Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во земјава, со исклучок на Град Скопје и ...

Зимските денови кои следуваат се совршено време да уживате во топли и ароматични пијалаци кои го поттикнуваат празничното расположение. Еден од најпопуларните избори во овој период е греаното вино – неизоставен дел од божиќните маркети, зимските кафулиња, но и домашните собири. Со неколку едноставни чекори, можете да го подготвите сами и да уживате во неговиот богат вкус и мирис. Потребни состојки: Подготовка: Измијте го портокалот темелно под ...

Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Тој рече дека се извршени сите консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите. -Имавме поопсежни консултации со повеќе фактори кои влијаат на крајната цена на производите битна за потрошувачите, тоа се бизнис ...

СВР Тетово информира дека вчера (22.11.2024) во 15.55 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.К (41) од Гостивар, кој бил пријавен од 59 годишниот гостиварец Л.А. дека на улица „ЈНА” во градот физички го нападнал, а потоа и со пиштол пукал кон возилото на Л.А.. А.К. бил задржан во полициска станица и од него бил одземен пиштол ,,ЦЗ” калибар 7,56 милиметри, а увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар. По ...

Здружението на новинари на Македонија во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика на медиумите (СЕММ) почнаа иницијатива за измена на стариот Кодекс на етика за новинарите донесен на 14 ноември 2001 година. Новиот Кодекс треба да биде приспосебен на современите медиумски потреби и дигитализацијата. Директорката на МИМ, Билјана Петковска потенцира дека новиот Кодекс на етика за новинари го наложува новото време и ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
82%
1029
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.56
75%
1029
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.07
97%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
83%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Платина

61733.50

Злато

139470.53

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90

Рутениум

29192.88

Сребро

2128.87

Кобалт

58.42

Родиум

258009.74

Калај

42.35

Паладиум

52470.02

Иридиум

145787.60

Цинк

3.03