
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Општина Маврово и Ростуше соопшти дека вечерва (05.09.2024) после 21:00 часот, на територијата на општината, во координација со ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Тетово, ќе се спроведе теристичка адултицидна дезинсекција (од земја) против комарци. „Дезинсекцијата ќе се врши со апарат УЛВ генератор за ладно замаглување, поставен на возило со ротационо светло. Поради спецификата на работата, активностите ќе се одвиваат во вечерните часови, почнувајќи од ...
Двајца македонски спортисти освоија златен медал на Светското првенство во кик бокс што се одржува во Будимпешта. Македонската јуниорска репрезентација се враќа и со еден сребрен медал. Светски шампион во машка конкуренција е Силвио Мировски во категоријата до 71 килограм, а во женска категорија Марија Димовска. Сребрен медал на Светското првенство во кик бокс освои Лука Змејковски. Мировски во категоријата со постари јуниори до 71 килограм, во ...
Во која земја во светот живеат најатрактивните мажи? Картата на Европа објавена на Икс графички го прикажува мислењето на жителите на различни земји и каде според нив живеат најубавите мажи. Со оглед на тоа што земјите се поделени по боја, може да се забележи дека доминантна боја на картата е жолтата, што ја означува Италија, а мажите од оваа земја важат за најатрактивните во поголемиот дел од Европа. Италијанците се најатрактивни за Шпанците, ...
Граѓанската организација „Младите можат“ ја почна кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, чија основна цел е зголемување на свесноста и информираноста за важноста на менталното здравје кај младите на возраст од 14 до 18 години. Кампањата ќе се спроведе во средните училишта во државата и ќе опфати низа едукативни активности насочени кон учениците, но и кон наставниот кадар и стручните служби. -Менталното здравје на средношколците не смее да ...
На овогодинешното 31. издание на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“, младата пејачка Дорис Димовска од Гостивар го потврди својот талент и потенцијал на музичката сцена со освојување на награди. Со песната „Нека свети“, компонирана од Глигор Копров, текст на Весна Малинова и аранжман на Давор Јордановски, Дорис успеа да ги освои сите присутни и да ја понесе наградата за најдобра интерпретација. Песната доби награди и за најдобар текст ...
СВР Тетово соопшти дека вчера (4 септември) во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(31) од гостиварско село. „Претходно, малолетник од Гостивар, во присуство на претставник од Центар за социјални работи, пријавил дека во период од околу две години со А.М. комуницирале преку социјална мрежа, при што често од него барал да се сретнат и да имаат полови односи.“, стои во полициското известие. Од СВР додаваат дека ...
Во текот на вчерашниот ден на територијата на општините Гостивар и Врапчиште регистрирани се седум пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи дадени утрово, сите тие биле изгаснати. Пожари имало во Добридол на нива, како и во месноста викана Мазрача каде горела ниска вегетација, потоа Врапчиште (сува трева), Сенокос кон Неготино (сува трева во ниви), Неготино (ниска вегетација), Чегране (мешана шума и сува ...
Ставивте премногу чили, лута пиперка или некој друг лут зачин во вашето јадење и сега не можете да го јадете? Не грижете се! Понекогаш, во кулинарскиот ентузијазам, лесно може да се претера со пикантните зачини, но тоа не значи дека вашето јадење е изгубено. Постои решение кое ќе ви ја направи храната повторно вкусна и прифатлива за сите. Иако не можете целосно да ја отстраните пикантноста од храната, има неколку работи што можете да ги ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и в.д. градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани денеска разговарале како Владата може да го помогне процесот на децентрализација и реализацијата на општинските проекти. „Разговаравме за конкретни проекти. Ќе помогнеме да заврши проектот за фекална канализација Блок 21, што е многу битен за граѓаните на Гостивар. Исто така, да продолжи битен проект за селото Чегране, што е ...
Без разлика дали се работи за нов или користен автомобил, доверливоста е нешто што го ценат сите купувачи и сопственици на автомобили. Но, без оглед на автомобилот што го возите, можете да влијаете на неговата сигурност со правилно одржување и правилна употреба. Дури и најквалитетните автомобили се склони на дефекти доколку не се соодветно негувани, а има неколку едноставни работи што можете да ги направите за да го одржите вашето возило во ...
Собранието вчеравечер изгласа измени на Законот за железнички систем, со кои се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај. Министерот за транспорт Александар Николоски образложи дека измените се поради тешката финансиска состојба на МЖ Транспорт и оти во координација со Европската комисија во рамки на Планот за раст е договорено да се тргне обврската за либерализацијата. „Со овие измени практично го спасуваме АД ...
Камењата во жолчката се стврднати наслаги на калциум и холестерол кои може да се движат по големина од зрно песок до топче за голф. Оние кои неодамна имале операција за слабеење, како што е операција на гастричен бајпас, и оние кои се на нискокалорична диета за слабеење се изложени на зголемен ризик за жолчни камења. Жените имаат двојно поголем ризик од мажите. Други фактори на ризик вклучуваат возраст (над 40 години), земање апчиња за ...
СВР Тетово соопшти дека вчера (3 септември) во 17.20 часот во ОВР Гостивар, 61 годишниот гостиварец С.З. пријавил дека околу 15.45 часот на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, по претходно случена сообраќајна незгода, настанала физичка пресметка помеѓу него и Ќ.М. од Гостивар. Исто така вчера, во 10 часот на улица „Борче Јованоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 65 годишен гостиварец. Како што извести полицијата, ...
Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски треба да започне денеска во Основен кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Основниот ...
Владата на денешната седница ги донесе следните кадровски решенија: Ивица Боцевски е именуван за специјален владин претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија. Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем. Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола. Ерол Абдиу е именуван за вршител на должноста ...
Денес (26 август) се одбележува Меѓународниот ден на кучињата, ден посветен на верните миленици кои носат радост во секојдневниот живот. Овој ден е можност да се потсетиме на важноста на кучињата во нашите семејства и да им се изрази благодарност за нивната бескрајна љубов, лојалност и убави моменти кои ги споделуваат со нас. Зошто кучињата се најдобри пријатели на човекот? Не е тајна дека кучињата често се нарекуваат „најдобриот пријател на ...
Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата. Најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и ...
Државната изборна комисија соопшти дека исплатата на надоместоците за членовите на избирачките одбори е започната и истата е во тек за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година. Од ДИК напоменуваат дека податоците кои стигнале до нив за членовите на ИО биле со многу технички грешки, поради што мора да вршат дополнителни проверки и корекции. „Динамиката за постапката на исплата на надоместоците зависи од ажурноста и точноста на ...
Министерството за економија и труд денеска објави јавен повик за поддршка на развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловните субјекти, дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, соопшти Министерството. Со оваа мерка се надоместуваат дел од трошоците од страна на Министерството за економија и труд за развојот, одржувањето и ...
На 2 септември 2024 година, околу 14:45 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар Гостивар е донесен малолетник со тешки телесни повреди. По преземени мерки и активности било констатирано дека малолетникот, заедно со уште две лица, бил ангажиран за сечење и цепење дрва во дворот на лицето И.Р. во гостиварското село Чегране. Повредите биле здобиени при работа на машина за сечење дрва. На местото ...
Цените на туристичките аранжмани во Македонија во јули се зголемени повеќе отколку во речиси сите европски земји. Додека просечното зголемување на цената на пакет аранжманите во јули во Европската унија (ЕУ) изнесуваше 6,6 отсто, според Евростат, во Македонија цената на туристичките пакети се зголеми за дури 16,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. Во споредба со земјите од регионот, високо зголемување на пакет аранжманите имаше и Србија ...
Во чест на државниот празник, 8 Септември-Ден на независтноста на Република Македонија, ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ Гостивар ќе одржи концерт на народни ора и песни. Настанот е закажан за петок (6 септември) во гостиварскиот Центар за култура „АСНОМ“ . „Градското културно аматерско уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ организира традиционално пригодно чествување на големиот државен празник, Денот на независноста. Задоволство ни е да ги поканиме граѓаните ...
На 2 септември 2024 година, околу 13:05 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на улицата „Тоде Богданоски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која тешко се повредил мопедист. Според информациите, С.Д. (59) од гостиварското село Равен, управувајќи мопед со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал од мопедот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во ...
Сите граѓани кои имаат возачки дозволи со старото име на државава да пристапат кон обновување на истата, апелираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, потсетувајќи дека старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година. „Досега се издадени 750 000 возачки дозволи со новото уставно име. Потребно е да се издаде уште одредена бројка да се стигне до милион возачки дозволи со новото име. Ги замолувам во наредниот период од неколку ...
Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС при УКИМ) информира дека се испратени барања до Министерството за образование и наука за воведување на електронски индекс и за измена на критериумите за доделување на стипендии од прв циклус – четврта група на стипендии. За воведување на електронски индекс, како што велат, потребна е измена на член 15, алинеја 2 од Правилникот за содржината и формата на ...
Владата и „4iG“ Групацијата, една од водечките ИКТ компании во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел, како што соопшти владината прес-служба, да се забрза дигиталната трансформација во државава во делот на економијата и инфраструктурата. Од Владата најавија дека во следниот период двете страни ќе формираат заедничка работна група за унапредување на соработката, со цел да се анализираат можностите на ...
Училиштата во Холандија воведоа целосна забрана за користење на мобилни телефони. Телефоните во средношколските училници се забранети од почетокот на оваа година, а мерката се прошири и во основните училишта. Холандското Министерство за образование соопшти дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и ја намалуваат нивната концентрација, што негативно влијае на резултатите од учењето. На студентите им е дозволено да користат ...
Постојат работи што никогаш не треба да ги правите ако сакате да го извлечете максимумот од вашиот компјутер. Електричен удар Напливот на струја е нагло зголемување на електричната струја што ја користите за напојување на вашиот компјутер. Причините можат да бидат проблеми со електричната мрежа, удари на гром, вклучување или исклучување на големи апарати. Кога ќе удри во компјутер, може да испорача повеќе напон отколку што можат да поднесат ...
Вкупно 129 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) ќе треба да враќаат пари, зашто од 12 февруари годинава со незаконски склучени договори земале поголема плата. Тие биле административни службеници, но во текот на изборниот процес потпишале договори со кои станале даночни службеници. Одлуката за потпишувањето на договорите била колективна и незаконска, констатирал Државниот инспекторат за труд (ДИТ) кој извршил проверки откако е назначена ...
Република Турција официјално побара членство во групата БРИКС, со цел да го зајакне своето глобално влијание и да изгради нови врски надвор од традиционалните западни сојузници, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. Ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии, велат извори. – Турција може да стане силна, просперитетна, ...