Германската репрезентација синоќа во Рига ја победи Турција во финалето на Европското кошаркарско првенство — 88:83 (24:22, 16:24, 26:21, 22:16). Најефикасен играч во германскиот тим беше Исак Бонга, кој постигна 20 поени, имаше пет скока и три асистенции. Најдобар во поразената селекција беше Алперен Шенгун — 28 поени, 3 скока, 3 асистенции. Овој трофеј на Евробаскетот е втор во историјата на Германија. Претходно, Германците го освоија златото ...

Иако до крајот на сезоната во Мото ГП првенството остануваат уште четири трки, Марк Маркез ја обезбеди титулата. Шпанецот утринава на трката за Големата награда на Јапонија заврши како втор зад Франческо Бањаја, што беше доволно да се израдува на трофејот. За мотоциклистот на Дукати тоа е седма титула во кариерата во „Кралската класа“, прва по 2019 година. Со тоа Маркез се израмни со легендарниот Валентино Роси, а пред нив останува само ...