Екипи од средното медицинско училиште и основното „Мустафа Ќемал Ататурк“ постигнаа најдобри резултати на денешниот општински натпревар по прва помош што се одржа во Гостивар. Во категоријата подмладок – основни училишта првото место го освои група 2 од ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“, второто група 1 од ООУ „Гоце Делчев“ додека третото група 1 од ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“. Во категоријата млади – средни училишта првото место припадна на група ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги одбележа првите 100 дена од својот втор мандат со митинг во Мичиген, каде што пред своите поддржувачи изјави дека САД се во процес на „револуција на здравиот разум“ и најави големи промени во наредниот период. „Ова е само почеток. Уште ништо не сте виделе“, порача Трамп од говорницата во Детроит, истакнувајќи дека неговата администрација веќе започнала со спроведување на „длабоки реформи“. Во својот ...

Први мај како Меѓународен ден на трудот е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува секоја година во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден. Во знак на почит кон жртвите, Втората интернационала на основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет ...

Министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево им посакаа успех и среќа на специјализанти пред почетокот на нивното тестирање за вработување. – Втора седница на Влада минатата година донесовме одлука проблемот со приватните специјализанти да се реши. Вкупно беа 600 специјализанти, на апликацијата аплицираа 584 приватни специјализанти. Денеска веќе започнува процедурата, ...

Европската Унија најави регулативи што ќе значат преголем товар, па повлекување на автомобилите постари од 10 години. Измените, меѓу другото, се однесуваат и на тн. филтри за дизел-честички (ДПФ-филтри). Имено, Брисел, со веќе предложените измени, во своите земји-членки, наводно, цели кон намалување на бројот на несреќи. Од друга страна пак, според мнозина познавачи, овој потег ќе доведе милиони сопственици на дизел-автомобили во опасност да ...

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Основниот суд Гостивар што денска ја објави Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија констатирал и различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, што, смета, предизвикува дилеми и неможност за постапување, како и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за ...

Денешната седница на Советот на Општина Гостивар беше облагородена со присуството на деца со посебни потреби, кои беа специјални гости на советниците. Тие добија покана за да ја почувствуваат атмосферата, да искусат како е да си на говорница и да се подружат со членовите на советот, а посетата се реализираше во соработка со здружението When in Trouble. Гостите ги поздрави градоначалникот Ваљбон Лимани изразувајќи задоволство за нивното ...

Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека ќе има ограничување на маржите за речиси сите производи ...

Во Гостивар денес се одржуваат Општинските натпревари по прва помош, традиционален настан на кој учениците ги мерат знаењата и вештините по пружање прва помош. Учествуваат 14 екипи од кои 7 од средните училишта од општините Гостивар и Маврово и Ростуше и 7 од основните училишта од гостиварската општина. Натпреварот е во организација на ОО Црвен крст Гостивар и беше свечено отворен утрово. „Често, во секојдневниот живот, можеме да се соочиме ...

Маршот на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани започна денеска точно во 12:05 часот, како симболика за, како што нагласија, задоцнетата реакција на институциите. Протестната поворка започна пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје, каде што семејствата побараа оставки од сите одговорни за несреќата и формирање на експертска влада. Од нивно име, Владимир Апостолов порача дека за трагедијата се ...

Неколку дена патот што води низ централниот дел од Галичник е забранет за сообраќај поради големо свлечиште кое претставува опасност и ја загрозува безбедноста. Како што информираа од Месната заедница, денес го посетиле местото заедно со претставници од Инженерскиот полк на АРМ, со цел изведување теренски увид и разгледување можност за привремено решение на свлечиштето. Дополнително, бил одржан состанок со претставници на Општина Маврово и ...

Свежото овошје и зеленчук изгледа примамливо, но дали навистина е безбедно веднаш да го изедеме без да го измиеме? Многумина од нас не размислуваат двапати пред да каснат јагода или парче краставица од продавница, уверени дека “чистиот изглед” значи и “чисто за јадење”. Сепак, под таа привидна свежина може да се кријат бактерии, пестициди и други штетни материи. Правилното миење на овошјето и зеленчукот не е само добра навика – туку и важен ...

Од 2 мај 2025 година, Јавната установа Национален парк Шар Планина почнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код. Треба да платат сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот, а ослободени од наплата се жителите на селата. сопствениците на приватни имоти, како и правните лица регистрирани на територијата на НП Шар ...

СВР Тетово информира дека вчера (28.04.2025) година во 16.45 часот на улица ,,101“ во Гостивар полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(31) од Гостивар, кој управувал автобус ,,сетра“ сопственост на правно лице од Тетово, кој бил со изминат рок на сообраќајната дозвола и одјавен од 2023 година, и во него ставил регистерски таблици од автобус ,,мерцедес“ со гостиварски ...

Вчера (28.04.2025) во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на ...

Во текот на вчерашниот ден (27 април) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 82 возачи (ТЕ-48 и ГВ-34) за пречекорување на максимално дозволена брзина. Исто така биле санкционирани и 8 (ТЕ) возачи кои управувале возило без да положат возачки испит, како и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-5). Секторот за внатрешни работи Тетово апелира ...

Одборот на бранителите денескa одбележа 24 години од масакрот врз осумте припадници на безбедносните сили што се случи на 28 април 2001 година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Бреза. По интонирање на македонската химна беше оддадена почит со минута молк, како и положување цвеќе пред плочата со имињата на загинатите полицајци и војници од претставници на Одборот, Министерството за одбрана, Армијата, СВР Тетово, политички ...

Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се закануваат и на поединци кои ќе продаваат, бесплатно ќе нудат или онлајн ќе купуваат забранети производи, пренесува 24ur.com. Според минатогодишните измени на Законот за ограничување на употребата на тутунски и сродни производи, во ...

Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20. титула во англискиот шампионат откако вчера го победија Тотенхем со 5-1 на домашен терен во рамки на 34. коло од Премиер лигата. Гостите од Лондон поведоа во 12. минута преку Доминик Соланке, а четири минути подоцна Луис Дијаз израмни за тимот од „Енфилд“. Ливерпул поведе во 24. минута со голот на Алексис Мекалистер, а потоа следеа головите на Коди Гакпо (34) и Мохамед Салах (63). Конечниот ...

Комбинацијата од млад спанаќ, јаболко и ореви дава освежување и енергија и е одличен избор за оброк или додаток во пролет. Уште кога ќе додадете и малку фета сирење, оваа пролетна салата станува совршена. Состојки: 1 рака млад спанаќ 1 јаболко, исечено на тенки парчиња 1 лажица исецкани ореви 30 гр. фета сирење маслиново масло сок од лимон, сол, бибер Подготовка: Најпрво, измијте го спанаќот и исечете го јаболкото на тенки парчиња. Додадете ...

СВР Тетово информира дека вчера (27.04.2025) околу 18.35 часот Б.Д. од Тумчевиште, гостиварско, пријавил дека во водите на река Вардар, во атарот на Чегране, во близина на мостот, забележал човечко тело. Телото било извадено од водата од страна на Територијалната противпожарна единица Гостивар и по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција, соопшти полицијата. За сега нема официјални информации за идентитетот на лицето и околностите на ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од ноќеска на полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата. Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар, а цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 денари за килограм и ќе изнесува 37,155 денари ...

Согласно Законот за празници, 1 Мај (четврток) кога се одбележува Меѓународниот ден на трудот е неработен ден за сите граѓани во Македонија. Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време. Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници ...

Северна Кореја за првпат официјално потврди дека испратила свои војници во Русија за поддршка на Москва во војната против Украина, во рамки на нивниот договор за взаемна одбрана, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Според државната севернокорејска новинска агенција КЦТА, испраќањето на војниците било наредено од лидерот Ким Џонг-ун. Ова е прва официјална потврда на присуството на севернокорејски војници во Русија, неколку месеци откако ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови од земјава ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 9 до 20 степени. Според прогнозата на УХМР, времето од утре до петок ќе биде сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. -Во ...

Во возбудлив и изедначен натпревар од првото коло на плејаут фазата во Првата кошаркарска лига на Македонија, КК Гостивар славеше со резултат 81:78, против директниот конкурент за опстанок екипата на Шкупи од Скопје. Натпреварот се одигра попладнево во Спортската сала „Младост“ во Гостивар, пред малкубројна публика која беше сведок на драматичен финиш и силна тимска игра на домашниот состав. Гостивар ја покажа својата борбеност во последната ...

На националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk од денеска се достапни две нови услуги од основните судови – Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица. Со новата услуга за дигитална потврда за неосудуваност се заокружува пакетот најважни дигитализирани услуги за граѓаните, покрај веќе достапните – изводи од матичните книги, уверение за државјанство, имотен лист и за ...

Хормоналната рамнотежа има клучна улога во здравјето на секоја жена. Хормоните не се само „тивки регулатори“ на телото, туку влијаат и на речиси секој дел од нејзиниот живот и секојдневие. А пак, кога се јавува хормонална нерамнотежа, телото испраќа сигнали што може да укажуваат на некаков здравствен проблем, пишува порталот „Кликс“. Следат неколку симптоми на хормонален дисбаланс: – Ненадејните промени во расположението, како што се ...

Со доаѓањето на пролетта, природата се буди во својата полна убавина, а еден од највпечатливите знаци на оваа сезона е звуците што ја исполнуваат зората. Во раните утрински часови, пред самото изгрејсонце, пејачките птици започнуваат своја уникатна симфонија позната како „утрински рефрен“. Овој феномен претставува посебен момент од денот кога многу птици пеат посилно, почесто и со поголема енергија од вообичаеното. Според научниците, ...

Здружението на акцијаши од Гостивар деновиве почна со активности за уредување на патеката од Беловишки Мост до Асан Чешма. Со акцијата е предвидено расчистување на патеката, поткастрување на околната вегетација која попречува движење, собирање на отпадот како и маркација. „Ова е наша прва акција оваа година. Сакавме да спроведеме чистење и маркација на патеката за попријатно и полесно движење на рекреативците кои ја користат“, велат од ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1005
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
9.26
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1001
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Калај

48.78

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78

Цинк

3.29

Родиум

339994.14