
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Премиерот Христијан Мицкоски најави продолжување на инвестицискиот бум со три можни нови инвестиции, од кои две се проширување на веќе постоечките производствени капацитети и нова во вредност од 150 милиони евра. Во одговор на новинарско прашање претседателот на Владата истакна дека инвестициите се во автомобилската индустрија и индустрија за присуство на суплементи. „Преговараме со три можни нови инвестиции, две се од веќе постојните производни ...
Според некои податоци, приближно 50 отсто од жените во светот, во просек, си ја бојадисуваат косата почнувајќи од 27-годишна возраст. Природната боја на коса доаѓа од два пигменти – еумеланин којшто преовладува кај луѓето со потемна боја на коса, и феомеланин, што дава црвени нијанси. Русата коса, пак, се јавува поради помала количина на пигмент, а белата, т.е. сивата коса – кога присуството на пигмент е значително намалено или воопшто го нема. ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и одбрана; ...
Со повеќе од 200 милиони рецептори во нивните муцки, кучињата можат да мирисаат што било. Но, она што дефинитивно го прават најдобро е да предвидат кога нивниот сопственик треба да се врати дома од работа. За ова имаат дури 4 тактики, од кои само една ја вклучува муцката. Кучињата постојано не воодушевуваат со своите способности, но она што е можеби нивната најголема „супермоќ“ е нивното сетило за мирис. Освен што можат да ја „намирисаат“ ...
Изминатиот период во гостиварските училишта се одвиваат подготовките за новата учебна година која почнува за десетина дена. Во насока на подобра организација и информираност, се одржуваат средби во општината меѓу директорите на училиштата со градоначалникот Ваљбон Лимани и раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче. Генерална оценка е дека училиштата подготвено ќе го дочекат септемвриското ѕвонче, без поголеми проблеми и ...
В.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, денеска заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши извршија увид во проект што се реализира во гостиварската населба Шеста зона. Како што известија од општинската служба за информирање се работи за изградба на улица долга 400 метри со подземна инфраструктура и тротоари со широчина од 2 метри. Инвестицијата е заедничка на локалната самоуправа и Бирото за регионален ...
Украина изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, при што руските единици за ПВО уништија најмалку 10 беспилотни летала што летаа кон главниот град, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Некои од беспилотните летала се уништени над градот Подолск, прецизира тој. Градот се наоѓа на околу 38 километри јужно од Кремљ. „Системите за воздушна одбрана на Министерството за одбрана продолжуваат да одбиваат напади од ...
СВР Тетово информира дека вчера (20 август) во 17 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(26) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал малолетничка од Гостивар и се обидел со употреба на сила да ја внесе во неговото возило, но не успеал. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена ...
Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека е зголемен бројот на регистрирани позитивни на Ковид во земјава и укажа дека треба да се почитуваат антиковид-правилата за проветрување и хигиена. За хоспитализираните пациенти кај кои ќе се открие вирусот, рече дека треба да продолжат да се лекуваат на истата клиника. Соопшти дека на седница на Владата вчера дискутирале да се најде решение со кое ќе им се овозможи на докторите од приватно ...
Времето денес (среда) претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Гостивар ќе достигне 29 степени. Од УХМР најавуваат дека утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер. Од четврток ќе има претежно попладневна облачност ...
Владата на денешната 13-та седница донесе одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Национални шуми, со што, како што информираат од владината прес-служба, се решава проблемот на 2. 000 вработени лица во Национални шуми. На седницата, Владата донела повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за изработка на проектна документација за изградба на обиколница во Кавадарци, спроведување на ...
Дубалките се популарни со десетлетија, но освен што не можат да им помогнат на децата да ги научат и усовршат вештините за одење, може да претставуваат и опасност за најмалите, според некои педијатри. Во таа смисла, Американската академија за педијатрија повика на забрана за употреба на дубалки. Тие „може да предизвикаат сериозни повреди“, според лекарите. Истражувањето објавено во стручното американко списание „Педијатрикс“ наведува дека во ...
Владата на денешната седница донесе заклучок и му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор на ЕВН, претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а за член на Надзорниот одбор да го избере Бојан Николовски. На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски. ...
Нема доволно лекари-специјалисти низ повеќе оддели во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Одредени одделенија функционираат со само еден специјалист, што ни оддалеку не ги покрива потребите. Така, болницата има само еден инфектолог, патолог, физијатар, специјлист по судска медицина и тие области, според надлежните, се најитни за пополнување. „Најголем проблем се специјалистите, како што е судска медицина каде за жал имаме само еден ...
Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот позитивни случаи на Ковид-19, во однос од минатата недела, па по тој повод, ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции, соопштија попладнево од Министерството за здравство. „Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и ...
За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари. Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од ...
Откако вчеравечер се одиграа последните реванш натпревари во 3. прелиминарно коло во Лига Европа и Конференциската лига, познати се плеј-оф двојките во сите три европски купови. Од македонските екипи, Тиквеш и Шкендија го завршија настапот во 1. квалификациско коло во Лигата на конференции, додека Струга по елиминацијата во воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони, настапот го заврши во 2. прелиминарно коло во Лигата на конференции. ...
Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година, пишува порталот EX-YU aviation news. Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858. Виз Ер, како што стои во објавата, продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси ...
Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година. Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември, но за остварување на планот, неопходна е кооперативност и ажурност на сите училишни директори, потенцираат од МОН. Во оваа ...
Од први септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека со дел од училиштата сѐ уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава. „Во тек е и анализата што ја прави Министерството за образование и наука, а ни помага и Светска банка, што точно ќе покаже кои училишта имаат можност да работат само во една ...
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внесат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови. Како што соошти денеска Трајановски, интензивно се работи на експропријации за кои кои претходната влада дала ...
Вечерва после 20 часот, луѓето од нашето подрачје ќе имаат можност да го проследат феноменот на тн. „сина супермесечина“. Доколку времето дозволи – Месечината ќе блесне во полн сјај и ќе изгледа поголема од вообичаеното. Кога нашиот природен сателит во неговото кружење ќе ја достигне најблиската точка до Земјата, што е познато како „перигеј“ (точката каде што Месечината е најдалеку од нашата планета е „апогеј“). „Супермесечината“ се јавува кога ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Врапчиште и новоизградениот објект наменет за Територијалната противпожарна станица за општините Врапчиште и Боговиње. Перински изврши увид во текот на досегашната реализација на проектот и ги разгледа можностите за евентуална помош во актуелното справување со пожарите ширум земјава. „Сега, кога на повеќе локации во земјава демнеат пламени јазици, несомнено е дека ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 71 ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека прв критериум за вработување на приватни специјализанти, е таму каде има најголем дефицит. Друг критериум ќе биде и просечната оценка. Прашан за тоа дека онколошки пациенти се практично незадоволни од ревидирање на Позитивната листа и бараат да бидат вклучени во следното ревидирање, тој рече дека за шест месеци би требало да има повторна ревизија. Тој смета дека недостигот од радиолози ...
Десет години по осветувањето на камен-темелникот на манастирскиот комплекс Преображение Христово во гостиварската населба Циглана, денес за прв беше отслужена света Архијерејска литургија. Храмот беше исполнет со верници од Гостивар и пошироко од сите генерации, дојдени да ја споделат радоста и светоста на празничниот ден. Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од гостиварското ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на својата фејсбук страница објави дека е позитивен на Ковид-19. Како што информира министерот, оваа седмица работните обврски ќе ги извршува од дома, се до исчезнување на симптомите. -Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни. Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од ...
Православните верници денеска го слават празникот Преображение Господово. Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. Важноста на овој настан за човечкиот род е одлично ...
Времето денеска (понеделник) претпладне ќе бидеумерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. Во наредните денови, до среда времето ќе ...
Кога станува збор за спиење и вежбање, важно е да запомните дека секој е уникатен и секој има свој ритам што го води нашиот природен циклус на спиење и будење и нашите сопствени навики, интереси и распоред. Затоа, не постои правило за најдобро време за вежбање без нарушување на спиењето. Повеќето фитнес експерти ќе речат дека најдобро време за вежбање е кога всушност ќе вежбате. Значи, ако тоа значи да вежбате во 6 наутро или во 9 навечер ...