
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Судењето поврзано со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски започнува на 4 септември, информираат од Основен кривичен суд Скопје. Оттаму дополнуваат дека расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство поради спојување на двете постапки. Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и ...
Во гостиварско Зубовце денешниот празник Света Марина традиционално масовно се прославува со литургија и црковно-народен собир. Утрово Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во храмот св. вмч. Марина во селото молитвено присуствуваше на светата литургија, а потоа изврши водосвет и ги благослови кумските лебови. Во својата беседа Владиката меѓу другото истакна: Денес се наоѓаме во овој наш прекрасен храм, еден од најретките, а можеби и ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули и се слави празник во чест на Светата великомаченица Марина (Огнена Марија). Света Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет ...
Нa интернет сѐ попопуларна е диетата со напиток којшто освен што може да помогне при губење тежина, т.е. го продолжува чувството на ситост и спречува претерана консумација, т.е. грицкање, а треба да се пие непосредно пред оброк, пренесува порталот „Кликс“. Се состои од чаша вода и лажица чија семе. Може да се додаде и парче лимон за вкус и дополнителни здравствени придобивки. „Чија семето може да го спречи гладот бидејќи му треба подолго време ...
Неколку членки на НАТО, вклучително и САД, издадоа предупредување за патување во Либан, повикувајќи ги своите граѓани веднаш да ја напуштат земјата поради потенцијална војна меѓу Израел и пропалестинската вооружена група Хезболах. Ситуацијата ескалира во саботата, на 27 јули, кога во ракетен напад загинаа 12 деца во градот Мајдал Шамс на Голанската висорамнина. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека експлозијата била предизвикана од ...
Вчера (28 јули) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 106 возачи (ТЕ-91 и ГВ-15) од кои 12 со брзина од над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Од нив 81 пречекорување се регистрирани надвор од населено место, а 25 пречекорувања на пропишаната брзина во ...
Министерството за здравство заедно со Клиниката за гастроентерохепатологија и „Хепар центар“ – Битола по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, започнаа заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и за ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања. Министерот за здравство Арбен Таравари ја посети мобилната единица во центарот на Скопје, од каде информираше дека националната ...
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, вчера (28 јули) на магистралниот пар Гостивар – Кичево спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози внимателно и одговорно“, под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина. Како што информира ...
Од полноќ се намалуваат цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 за половина денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Новата цена на дизелот од полноќ ќе биде 73 денари за литар, а на Екстра лесно масло за домаќинство 71,50 денари за ...
Општина Гостивар информира дека на 29 јули навечер ќе се реализира втората терестичка дезинсекција на подрачјето на општината за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници. „Дезинсекцијата ќе се изведува навечер после 24:00 часот до раните утрински часови, само под поволни временски услови, ако случајно времето е врнежливо или е со јак ветер дезинсекцијата се одложува за утредента или евентуално за некој нареден ден со поволни ...
На 3 и 4 август во близина на мавровско Ново Село, ќе се одржи меѓународна изложба на расни кучиња 2xCACIB Маврово 2024. Настанот ќе вклучи две интернационални и една национална изложба, што го прави едно од најзначајните случувања во светот на кинологијата. Минатата година, на истото место изложбата собра учесници од 26 држави од различни делови на светот. Оваа година, се очекуваат околу 250 учесници од околу 20 држави, што ќе донесе значително ...
Во полицискиот билтен за гостиварското подрачје изминатите 24 часа евидентирани се неколку настани кои ги пренесуваме во продолжение: Вчера (28 јули) во 21.45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Р.И.(23) од Скопје, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. Во 17.45 часот во ОВР ...
Јавно осветлување Гостивар – Концесионерот кој се грижи да обезбеди безбедно и добро осветлено опкружување за сите граѓани на Општина Гостивар, ги информира корисниците дека е отворена бесплатна телефонска линија на која граѓаните, ќе може да пријавуваат проблеми со јавното осветлување на целата територија на Општина Гостивар. Целта на оваа линија е навремено лоцирање и решавање на проблемите на граѓаните што се поврзани со уличното осветлување ...
Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што направи некогаш во Либија и во Нагорно Карабах, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може во Палестина да го направи тоа што го прави сега“, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги резултатите на индустријата за оружје. „Како што влеговме ...
МВР соопшти дека вчера (27 јули) во 12.30 часот во гостиварска Горна Бањица, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.М.(46) од Горна Бањица. „При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени патни исправи, лични карти и други документи на повеќе лица за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Исто така, Б.М. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец над 60 километри на час. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 34 степени. UV=8 Според УХМР, во наредните денови од новата работна седмица ќе биде претежно сончево и топло. Во вторник ќе дува ...
Компактниот кросовер GAC GS3 го зазеде првото место на рангирањето за квалитет на автомобили во Кина, кое беше создадено на иницијатива на администрацијата на НР Кина за регулирање на пазарот. Ова се наведува во пораката на кинескиот автопроизводител од 25 јули годинава. Во сегментот на компактни кинески кросовери, GAC GS3 ги претекна своите конкуренти, меѓу кои Changan CS35 plus, Geely Coolray, Chery Tiggo 5, BAIC X3 и други, освојувајќи 131 ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за новинската агенција „Мета.мк“ рече дека прво ќе се изврши проверка на начинот на кој досега работеле студентските домови, врз основа на поплаките што досега стигнале во министерството, а потоа контролите ќе бидат на редовна основа. „Досегашните поплаки за работењето на студентските домови ги проследивме до Државниот просветен инспекторат. ДПИ има многу работа, но ги замолувам ...
Под слоганот „Борбата трае“ годинава ќе биде одбележан еден од најголемите национални празници во Македонија, 2 Август – Денот на Републиката. -Централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2 Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Оваа манифестација претставува значаен момент за сите граѓани на нашата држава каде ќе се оддаде почит ...
МВР информира дека вчера (27 јули) во 10 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – Градец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Л.А.(32) од Градец и мотоцикл без регистраски ознаки, управуван од Д.С.(25) од Боговиње, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница во Тетово. ...
Со уникатно шоу на реката Сена вечерва во 19:30 часот свечено ќе бидат отворени 33. летни Олимписки игри (ЛОИ) во Париз. На Игрите ќе настапат 10.500 спортисти од 206 држави, кои ќе се натпреваруваат во 32 спортови, а прв пат во историјата ќе бидат поделени олимписки одличја во брејкденс. Македонската олимписка експедиција ја сочинуваат шестмина спортисти – Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола ...
Преземањето контрола на нашето целокупно здравје и благосостојба е клучно во текот на летната сезона. Иако сезонското овошје и зеленчук можат да помогнат, важноста на здравите семиња не треба да се занемари во летната диета. Додека траат летните жешки денови, секој од нас го чувствува товарот, и на телото и на умот. Поради ова, можеме да бидеме подложни на дехидрација, топлотен удар и ослабен имунитет. Меѓутоа, со додавање на сезонско овошје и ...
Во чест на големиот македонски празник Илинден, традиционалната коњаница „Патот на црешовото топче“ повторно го направи својот годишен поход до Свештената Бигорска Обител. И оваа година, по петнаесетти пат, Бигорски беше домаќин на илинденската манифестација „Бигорски манастир – Патот на црешовото топче“, информираа од Бигорскиот манастир. -Со благослов на нашиот старец и игумен, Епископ Антаниски г. Партениј, група млади родољубиви комити, ...
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска го посети прифатилиштето за бездомни кучиња на Друштво за грижа на бездомни кучиња АНА АГРО ДООЕЛ во Ратае, со кое општината потпиша едногодишен договор за Програма за спроведување и решавање на проблемот со бездоми животни врз основа на јавна набавка. Според договорот, општината има одредено 2.542.372 денари без ддв за 12 месечното третирање на бездомните животни. Ветеринарот Ане Апостоловски, ...
Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40, а прва/втора класа за 30 денари по килограм, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски после состанок со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка. -Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. ...
Во тек се последните подготовки и координација за настан со кој во Гостивар ќе се одбележи значајниот македонски празник 2 Август, Илинден. Целовечерниот концерт, според најавата ќе се одржи во пресрет на празничниот ден, на 1-ви август во летниот амфитеатар на кејот покрај Вардар. Свеченоста е во организација на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ чии членови ќе имаат и свој настап. Покрај нив, како гости на настанот ќе се претстават играорците на КУД ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „убиство“. Како што информира Јавното обвинителство, тројцата браќа од селото Дебреше на 23 јули 2024 година со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања. На критичниот ден, најпрво настанала физичка ...
Порталот „Бетвеј казино“ го открива најскапото место за изнајмување лежалки. Се работи за клубот „Ариенцо бич“ во Италија, каде што ова задоволство може да чини и до 350 евра на ден. Анализата опфаќа над 130 популарни барови на плажа и над 60 јавни плажи ширум светот. Така, „Ариенцо бич“ се наоѓа на брегот на градот Амалфи, јужна Италија, а до него се доаѓа само со брод. На цената, се верува, влијае и туристичкото место Позитано. На ...
Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ. Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на ...
Секоја просторија изгледа поубаво збогатена со домашни растенија, вклучувајќи ја и спалната соба. Но, тука пожелно е да се стави зеленило кое нема да ги лиши луѓето од кислород навечер, нема да собира прашина, и коешто е добро за сонот. Одредени растенија во затворен простор имаат дури и корисни ефекти за психофизичкото здравје, пренесува српскиот портал „Политика“. Следат неколку примери… Лавандата, на пр., е позната по своите смирувачки ...