Во текот на вчерашниот ден (25 април) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 54 возачи (ТЕ-40 и ГВ-14) за погрешно и непрописно паркирање, од кои 24 (ТЕ-17 и ГВ-7) биле подигнати со специјално возило пајак. Биле санкционирани и 68 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-42 и ГВ-26). Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до учесниците во ...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени. Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во ...

Смртта на папата Франциск на 21 април му донесе зголемен број заинтересирани гледачи на филмот „Конклава“ (Conclave) од 2024 година. Филмот сега е достапен на разни телевизиски и стрим-платформи, а заплетот се врти околу изборот на нов понтиф. „Конклава“, со Рејф Фајнс, Џон Литгоу и Стенли Тучи во главните улоги, под палката на режисерот Едвард Бергер, беше кандидат за низа филмски награди годинава, меѓу кои и номинацијата за „Оскар“ за ...

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Армијата на Република Северна Македонија и нејзината оперативна подготвеност, јави дописникот на МИА од Брисел. – Денеска се согласивме да и обезбедиме на Северна Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија, изјави ...

Министерството за здравство информираше дека првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус. „Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка ...

Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп. – Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се ...

По велигденските празници, сите се соочуваме со ист предизвик – што да правиме со сите оние варени јајца? Наместо да ги оставите да стојат во фрижидер или да ги јадете на истите начини одново и одново, ви предлагаме вкусен, лесен и брз начин да ги искористите: домашна паштета од туна и јајца. Овој рецепт не само што ќе ви помогне да избегнете фрлање храна, туку ќе добиете кремаст и заситен намаз кој совршено одговара со кришка лепче или ...

Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари на аукција во четвртокот во Њујорк , објави денеска аукциската куќа „Сотби“. Дресот е илустриран со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996-97, вклучувајќи го неговото деби во претсезоната на 16 октомври и дебито во регуларната сезона на 3 ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со услови за нестабилност, повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 9 до 20 степени. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и ...

Родителите да ги вакцинираат децата според редовниот календар за да бидат заштитени од заразни болести и за да се создава колективен имунитет. Ова е апелот од медицинските лица во пресрет на Европската недела на имунизација, која почнува да се одбележува од 28 април (понеделник). Годинава едукативниот дел од активностите е насочен кон новината-воведување на задолжителна ХПВ вакцина и за момчињата. „ХПВ вакцината до сега ја примаа само ...

Православните верници денес го одбележуваат празникот Источен Петок-Балаклија, кој доаѓа во првиот петок по Велигден и е посветен на Мајката божја и нејзините чуда. Источен Петок-Балаклија спаѓа во Светлата недела и со него се оддава признание на Пресвета Богородица, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во Гостивар традиционално централното чествување на Балаклија се прави во храмот „Света Петка“ ...

Општина Гостивар информира дека согласно договорот за реконструкција на булеварот „Браќа Ѓиноски“ градежните работи ќе започнат оваа сабота (26.04.2025). Со почетокот на теренските работи ќе се воведе посебен сообраќаен режим. „Режимот првично важи за десната страна на булеварот од влезот во градот. Сите возила паркирани покрај булеварот мора навреме да се отстранат за да се обезбеди безбеден развој на работите. Соработката на граѓаните во ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што известува АМСМ, од утре ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државниот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. ...

Лененото семе е едно од најстарите природни богатства што го користеле бројни цивилизации. Неговите својства се препознаваат со векови, а денес е моќен додаток во исхраната. Добиено со ладно цедење на ленено семе, ова масло е богато со омега-3 масни киселини, влакна, протеини и лигнани – фитохемикалии кои помагаат во одржување на здравјето на телото. Редовното консумирање масло од ленено семе може да донесе бројни придобивки, а ова се некои ...

Полицијата на подрачје на СВР Тетово и во текот на вчерашниот ден (23 април) продолжи со засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 45 возачи (ТЕ-32 и ГВ-13) за погрешно и непрописно паркирање, од кои 35 (ТЕ-23 и ГВ-12) биле подигнати со специјално возило пајак. Биле санкционирани и 83 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-51 и ГВ-32). И претходните денови на подрачјето беа казнети возачи за ...

Сузбиени се две криминални групи кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии, поднесена кривична пријава против 49 лица, лишени од слобода 23, по едно лице се трага, информираше денеска МВР. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на МВР: „На 23.04.2025 Министерството за внатрешни работи во координација со надлежен јавен обвинител при ОЈО за ГОКК спроведе полициска акција, ...

Речиси една година во Гостивар функционира шелтер центарот за жртви на семејно насилство, кадешто малтретирани и напаѓани жени ја добиваат потребната помош и поддршка. Засолништето, кое го води Центарот за женски права ЕТИКА-Гостивар е прво и единствено од таков тип во полошкиот регион, а има капацитет за згрижување на осум лица. „Моментално во шелтерот се сместени три лица, но кај нас бројот секогаш се менува и има нови лица кои се обраќаат ...

СВР Тетово информира дека вчера (23.04.2025) во 15.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода малолетник од Република Турција и од него, во присуство на неговиот татко К.М.А.(39) од Република Турција, со престој во Гостивар, е одземен велосипедот кој претходно го украл. „Велосипедот е вратен на сопственикот Б.В.(33) од Гостивар, а малолетникот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде ...

Времето денеска (четврток) ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео предупредување во кое се нагласува дека наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 19 степени. Според најавите од УХМР и ...

Цревата имаат важна улога за здравјето на целиот организам бидејќи влијаат на имунитетот, варењето, расположението и новата енергија во телото. Па, така, одредена храна може да го подобри здравјето на цревата. Имено, сѐ поголем број нутриционисти и лекари ја нагласуваат важноста на урамнотежена цревна флора и начините на коишто таа може да се поддржи преку исхраната. Одредени намирници, во таа смисла, се издвојуваат бидејќи помагаат во ...

Граѓаните на Гостивар сакаат повеќе зеленило на булеварите и околу новите станбени објекти. Ова го покажа анкета, која е дел од Студијата за раззеленување и пошумување на градското подрачје, документ што беше презентиран денес на јавна дебата. Студијата ги содржи еко проектите и активностите кои се веќе реализирани или се планираат, барањата и потребите на граѓаните, како и препораки на експерти. „Гостивар е една од ретките општини која има ...

По скоро три недели пауза во домашното кошаркарско првенство, утре (23 април) стартува завршницата во Првата македонска кошаркарска лига за сезоната 2024/2025. Кошаркарскиот клуб Гостивар ќе ја започне својата борба за опстанок со натпреварот против Шкупи. Натпреварот е закажан за среда (23 април) во салата „Младост“ во Гостивар, со почеток во 17:00 часот. Овој дуел претставува прв од серијата шест натпревари кои ќе го одлучат идниот ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска повика на првомајски протест на кој ќе побара зголемување на минималната и на останатите плати и подобри услови за работа. Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом и на учество ги повикаа синдикатите здружени во ССМ и нивните членови, другите синдикати, работниците, граѓаните, борците и активистите за човекови права. – Сите кои му мислат добро на работникот да ни се придружат на ...

Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), спроведува акција на повеќе локации низ државата, поради основано сомнение за извршени кривични дела со кои е предизвикана значителна штета на Фондот за здравствено осигурување. Од МВР информираат дека, со оглед на обемот на акцијата, повеќе детали ќе бидат соопштени по нејзиното завршување. Според ...

Градската библиотека во Гостивар, која функционира во склоп на Центарот за култура АСНОМ, станува сѐ поголемо читателското семејство. Бројот на членови изминатиот период значително расте, а полиците континуирано се збогатуваат со нови наслови. „На наше големо задоволство, бележиме доста голем интерес кај граѓаните да се зачленат во библиотеката и да ги читаат книгите кои ги имаме во книжниот фонд. Бројот на членови изминатиот период постојано ...

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, по 12 години на чело на Римокатоличката црква, оставајќи зад себе еден од највлијателните понтификати во современата историја. Со неговата смрт се активира традиционалниот процес за избор на нов поглавар на Католичката црква, кој опфаќа над 1,4 милијарди верници ширум светот. Папата е духовен и институционален лидер на Католичката црква, која го признава како наследник на апостолот Петар, со ...

Различностите да се почитуваат и да се гради сплотеност, заедништво и соживот. Вакви беа пораките испратени од денешното дружење со децата со попреченост во Гостивар по повод христијанскиот празник Велигден. Настанот, кој се одржа во слаткарницата „Ла Шишко 3“, го организираа здруженијата „When in Trouble“, „Д-р Трајче Нешковски“ и Ресурсниот центар на родители за деца со посебни потреби. „Се трудиме со децата со попреченост да си ги ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти. ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со ...

Одењето со побрзо темпо може значително да ја намали опасноста од развој на абнормалности на срцевиот ритам, покажува истражувањето објавено во реномираното научно списание „БМЈ Харт“ (BMJ Heart). Истражувањето ги опфатило податоците од 420.925 испитаници во рамки на „Биобанката на Обединетото Кралство“ (UK Biobank), кои доброволно пријавиле информации за нивното секојдневно темпо на одење. Од нив, 6,5 отсто изјавиле дека се движат бавно, 53 ...

Познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир, во деновите пред и за време на празникот на Христовото воскресение-Велигден, традиционално беше преполн со верници, но овој пат нив ги имаше многу повеќе. Знаејќи дека Велигден во Бигорски се прославува најторжествено, како никогаш до сега на воскресенската Велигденска литургија присуствуваа над 5 илјади верници, од нашата и од соседните земји, што е двојно повеќе споредено со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1002
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
9.77
74%
1001
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
6.17
73%
1007
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.31
99%
1009
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
996
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
9.26
75%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
76%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
95%
1008
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
66%
1012
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Сребро

2733.78

Рутениум

45750.51

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Платина

83354.78

Цинк

3.29

Калај

48.78

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14