
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Царинската управа спречи меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди чие производство, продажба и употреба е строго забрането со закон. Како што информира денеска директорот на Управата Бобан Николовски, запленети се 32 кутии со 192 килограма анаболични стероиди со вредност од 5,5 милиони денари, штетни по здравјето на граѓаните, а до сторителите е поднесена кривична пријава. -Станува збор за Оxanaboilic и Metanabol за орална ...
СВР Тетово информира дека вчера (13 август) во 13.30 часот во ОВР Гостивар, управител на рент а кар фирма пријавил дека на 10.07.2024 склучил договор за изнајмување на возило со Н.С. за периодот од 10.07.2024 до 14.07.2024, за што му била исплатена целата сума. Според пријавеното, лицето го известило дека со возилото ќе патува во Република Бугарија и на неколкудневен одмор во Република Грција, а откако не го вратил возилото според договорот ...
СВР Тетово соопшти дека вчера (13 август) во 16.20 часот во ОВР Гостивар, 77 – годишен гостиварец пријавил дека околу 13 часот во дворот од неговата куќа бил физички нападнат од неговата поранешна снаа за син, која оштетила и дел од предметите во дворот, а при пад врз оштетените предмети тој се здобил со повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Полицијата наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе ...
Министерството за образование и наука денеска објави Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година и ги повика студентите што ги исполнуваат условите да се пријават. Студентите што ќе аплицираат треба да се државјани на Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како индивидуални земјоделци ...
Големиот шумски пожар над горнореканското село Врбен е сѐ уште активен. Рано утрово се работело на создавање противпожарен појас, а моментално на терен огнот го гаснат пожарникари, вработени во НП Маврово, локално население како и припадници на специјалната единица Тигри. „Синоќа побарав помош од фирамата Бехтел и Енка , одговорија позитивно, пристигна голем булдожер, со кој рано наутро пред изгрејсонце почна гребење на почвата, таканаречен ...
Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите и го зголеми буџетот на ДЗС за гаснење на пожарите. Разгледувајќи ги извештаите од Центарот за управување со кризи, Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на ДЗС за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите. Од овие средства кои 41 милион денари за ДЗС, додека 10,5 милиони се за ...
Големиот шумски пожар кој изби денес во атарот на горнореканското село Врбен, на територијата на Националниот пат Маврово, сѐ уште гори, а огнот е приближен на 500 метри над првите куќи во селото. Екипи на НП заедно со жителите остануваат на терен преку ноќта и ќе прават обид да го спречат натамошното ширење, информира вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. „Се работи за поголем шумски пожар, гори смрека, сува ...
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, од 14 до 28 август, кога ...
Во земјава денес до 16 часот имало 21 пожар на отворен простор, 5 се изгаснати, 8 се ставени под контрола, а 10 се активни, информираше попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Меѓу активните е и поголем пожар на територијата на Националниот парк Маврово, близу Врбен на кој се интервенира и од земја и од воздух. „Овој пожар е длабоко на територијата на НП Маврово. Него попладнево го гасиме со еден словенечки ...
Во полицискиот билтен за изминатото деноноќие регистрирани се неколку случаи на физички напади на гостиварско подрачје. Во продолжение ги пренесуваме информациите за нив од СВР Тетово: „На 12.08.2024 во 20.45 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.Ш.(30) од гостиварско Дебреше и М.Е.(29) од Неготино полошко, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.00 часот во трговски центар во ...
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, денеска беа промовирани офицери и подофицери каде свои обраќања имаа претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и прворангираниот потпоручник Милица Перишиќ. Претседателката Силјановска Давковка во своето обраќање на промовираните офицери и подофицери им порача совесно и одговорно да ги извршуваат обврските и должностите како ...
Управата за јавни приходи соопшти дека во тек се интезивни подготовки за имплементација на проектот е-фактура. Вчера во просториите на УЈП се одржа состанок со претставници од неколку ИТ компании кои развиваат софтвери за поддршка на работењето на домашните фирми во делот на изготвување на фактури. На состанокот се дискутираше за нивните перцепции и прашања во врска со импликациите што ќе произлезат од прилагодувањето на софтверите кај домашните ...
Во финалното рангирање на освоени медали на веќе затворените Олимписките игри во Париз натпреварувачите од САД и Кина завршија како најуспешни со освоени по 40 златни медали. Спортистите од САД завршија на врвот, освојувајќи 40 златни, 44 сребрени и 42 бронзени или вкупно 126 медали. Како и САД, Кина исто така освои 40 златни медали, но кинеските спортисти освоија помал број сребрени и бронзени медали, 27 сребрени и 24 бронзени, па завршија на ...
Дополнителни 4,2 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за исплата на пензии, 800 милиони денари за исплата на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, 1 милијарда денари за ТИРЗ зоните,1,7 милијарди денари за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за исплата на стипендии, 300 милионии денари за блок дотации, ...
Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил објави дека Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во јули инкасирало над 470 милиони денари од патарини што е за околу 16 милиони денари повеќе од истиот период лани, пари, кои според него постоеле и минатата година, но сега се влеале во државната каса. -Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава ...
Спиењето не е само одмор за телото – тоа е од витално значење за одржување добро здравје и спречување болести. Сепак, многу возрасни со „бурен живот“ и напорен распоред, не го добиваат одморот што им треба. И, не е важно само колку часови минувате в кревет, туку и квалитетот на спиењето е исто толку важен, ако не и повеќе, отколку должината. Добриот, цврст сон се состои од доволно време во кревет и непрекинати, правилно повторени циклуси на ...
Во кулинарството има многу рецепти за солени палачинки кои се иделани кога сакате на трпезата да ставите нешто вкусно и убаво на изглед, а притоа да има едноставна и лесна подговотка. Со следниот рецепт за солени палачинки нема шанса да се промаши! Состојки: 300 мл млеко 30 мл масло 2 јајца 200 гр. брашно 1 прашок за пециво сол 1 пиперка 3 кисели краставички 1 млад кромид 100-150 гр. сирење Подготовка: Јајцата се матат, се додаваат млекото, ...
Со ребалансот на Буџетот за 2024 година се обезбедуваат пет милијарди денари за пензиите или 2 500 денари плус за 300 000 пензионери. Од септември, сите пензионери линеарно ќе добијат по 2 500 денари и тоа нема да биде еднократна помош, туку системско решение со кое, вклучувајќи го покачувањето од дополнителните 2 500 денари во март догодина, секој пензионер ќе добие 5 000 денари, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Во текот на ...
Гостиварските улици периодов се полни со лица кои питачат. Лесно може да се забележи дека најголемиот дел од нив се од други градови, организирано и наменски дојдени на питачење во Гостивар во сезона кога престојуваат печалбарите. Ова е пракса која се повторува секоја година и според стручните служби се работи за поголеми групи и цели семејства кои го користат питачењето како свој „бизнис“. „Сето тоа е централно организирано како некој вид на ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација. Како што информираше тој, веќе се разговарало и за користење телемедицина – консултации од дистанца. За одредени прашања, појасни министерот, пациентот не мора да доаѓа на клиника, туку може да има одреден период кога докторот дава консултации од дистанца. Доколку има потреба, потоа докторот би го повикал ...
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,00 ден/лит, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,50 ден/лит., одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика Со тоа, после полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,50 ден/лит., ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81,50 ден/лит, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 71,00 ден/лит. Цената на Екстра лесното масло за ...
Вкупно 45 пожари на отворен простор имаше во текот на вчерашниот ден, од кои 32 се изгаснати, а три се ставени под контрола. Активни се десет пожари, од кои три на територија на Кичево, кај селото Патеец, кај селата Челопеци и Бигор Доленци и во село Зајас. Два активни пожара се во Македонски Брод, едниот на потегот кај „Јасен“ – Белица, а вториот кај селата Грешница и Слатина. Активни пожари има и во Пехчево, Новаци, Пласница, Неготино и Ресен, ...
Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка преку соопштение побара решавање на случајот со ЕСБ. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „Новата власт ги доби изборите на основа на ветувањата дека ќе ги реши криминалот и корупцијата направени во претходните години. Да потсетиме. На денешен ден пред четири години, во ек на пандемија, Народна банка донесе одлука за носење на Еуростандард банка во стечај. ...
Репрезентацијата Србија ја одбрани олимписката титула во ватерполо во машка конкуренција откако денеска во финалето на Игрите во Париз ја совлада Хрватска со 13-11 (5-2, 3-3, 3-3, 2-3). Милош Чук со три голови ја предводеше Србија до триумфот, додека Јерко Мариниќ Крагиќ беше најефикасен во составот на Хрватска со три голови. Ова е трето последователно злато за српските ватерполисти на Олимписките игри, по Рио де Жанеиро во 2016 година и Токио ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 17 до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 9, известуваат од УХМР. Синоптичарите информираат дека под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на седмицата времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Особено топло ќе биде до среда кога ...
МВР информира дека вчера (10 август) во 17.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – Градец, во близина на село Добри Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (19) од село Калиште, и патничко возило „Фолксваген туран“ исто така со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(40) од село Топлица. Во несреќата со ...
Атлетичарот од Етипоија, Тамират Тола, го освои претпладнево златниот медал во машкиот маратон на Олимписките игри во Париз, додека македонскиот маратонец Дарио Ивановски ја заврши трката на 69. место. Тола го освои златниот олимписки медал со време на нов олимписки рекорд од 2:06:26 часа, минувајќи прв низ целта пред Башир Абди од Белгија, кој заостана 21 секунда и Кениецот Бенсон Кипруто, кој имаше заостанување од 34 секунди. Ивановски, кој е ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека за месец јули Царинската управа забележала рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приход, додека УЈП наплатила 13.4 милијарди денари. „Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат. Има разлика. Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе ...
Оцетот може да има различни намени, на пример во готвење, чистење или алтернативна медицина, а тоа е затоа што содржи оцетна киселина, која има антимикробни својства. Токму поради тоа, може да заштити од бактерии, габи и други штетни микроби, а натопувањето на стапалата во купка со оцет може да помогне во борбата против непријатните мириси и инфекции. Оцетот може да помогне во подобрување на следниве состојби: Мирис на стапалата Лошиот мирис на ...
Покрај убавиот мирис, циметот има и антибактериски својства. Имено, додавањето цимет во водата за чистење на подот има неколку придобивки за просторот за живот и домување. „Користењето цимет во водата во којашто ги натопувате вашите крпи може да остави пријатен мирис во просторијата“, изјави Петја Холевич, стручњак за чистење куќи и домови и менаџер во „Фантастик сервисес“ (Fantastic Services). – Но, избегнувате да користите премногу цимет, ...