Бигорскиот манастир, традиционално ќе го одбележи патрониот празник, „Отсекување на главата на Свети Јован Крстител“ и по тој повод, Свештената бигорска Обител ги поканува верниците на заедничка прослава на главната манастирска слава. Одбележувањето започнува на 10 септември (вторник) во 18 часот со празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во текот на ...

Голем, брзо растечки кратер во Сибир, познат како кратерот Батагајка, го привлече вниманието на научниците поради неговата алармантна стапка на раст и согледувањата што може да ги понуди за иднината на Земјата. За прв пат забележана како мала пукнатина во 1960-тите, геолошката аномалија оттогаш се трансформираше во џиновска бездна, која тројно се зголеми во големина од 1991 до 2018 година, како што објави Геолошкиот институт на САД. Кратерот, ...

Македонскиот тим од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците Дамјан Давков од Штип, Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Виктор Максимоски од Гостивар и Софија Велковска од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освоија сребрен медал на Интернационалната олимпијада по информатика што се одржува во Египет од 1 до 8 ...

Во пресрет на утрешниот државен празник, Денот на независноста на Република Македонија, утрово во Гостивар се одржа пригоден собир со положување цвеќе на споменикот на паднатите борци во градскиот парк. Одбележувањето традиционално го организира Општинскиот одбор на Сојузот на борци во присуство на свои членови, граѓани и претставници на политички партии. „Наша обврска, задача, императив, е сложно, заеднички преку нашето единство да ја градиме и ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. Голем број граѓани решија да го искористат продолжениот викенд за прошетка надвор од земјава, па на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце време на чекање за излез од државата е од 40 мин до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...

Градското аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ вчеравечер во Гостивар одржа концерт на македонски народни ора и песни по повод претстојниот празник, 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Настанот помина во духот на традицијата и македонскиот фолклор, преку што се оддава почит кон вредностите кои треба да се негуваат и пренесуваат низ генерациите. „Датумот 8-ми септември испишува историја, моќ и сигурност на ...

Колку пати ви се случило да разговарате со пријателите за некои работи или производи на вашиот мобилен телефон, кои претходно не сте ги барале на интернет, за набргу потоа да видите реклами поврзани со тие производи. Некои тврдат дека тоа е случајност, други имаат различни теории за поврзување на интересите на луѓето со кои разговаравте, а кои можеби барале такви производи, додека многумина сметаат дека тоа е јасен доказ дека Фејсбук нѐ слуша. ...

Голем скандал го тресе германскиот фудбал, а според тамошните медиуми, дури 17 натпревари во Германија се под истрага за местење. Како што се наведува, Германскиот фудбалски сојуз покренал истрага, а во склоп на неа има дури 17 натпревари кои се одиграле во германските лиги. Главно се работи за дуели во третото натпреварување, како и во пониските лиги, но некои натпревари одиграни во Бундеслигата и Цвајт би можеле да бидат под лупа на ...

Јајцата се составен дел од многу оброци, па залихите често и брзо знаат да се потрошат. Сепак, важно е да се внимава на нивниот квалитет и рок на траење бидејќи труењето со јајца не е невообичаено. Свежите јајца може да се чуваат во фрижидер и до еден месец, а со соодветно складирање овој период може да биде и подолг. Сепак, не заборавајте дека во тој период е вклучено и времето поминато во маркет. Затоа е важно секогаш да го проверувате датумот ...

Вечерва, Загреб ќе биде домаќин на големиот кошаркарски спектакл по повод 60-годишнината од раѓањето на легендарниот Дражен Петровиќ. Во Арена Загреб ќе се одигра егзибицискиот натпревар помеѓу актуелната хрватска репрезентација и „Тим Дражен“, составен од некои од најзначајните имиња на европската и светската кошарка. Натпреварот ќе ги собере ѕвездите на европската кошарка, вклучувајќи ги Валтер Тавареш, Џанан Муса, Шејн Ларкин, Матијас Лесор, ...

Со свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ Владата на 8 септември ќе го одбележи Денот на независноста. Како што најави владината прес-служа, свечена академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје во 13:00 часот. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. ...

Летото во 2024 година е најтопло на северната хемисфера досега. Просечната глобална температура од јуни до август 2024 година беше највисока досега, 0,69 степени Целзиусови повисока од тримесечниот просек забележан во периодот од 1991 до 2020 година, објави денеска службата за климатски промени на Европска Унија Коперник. „Земјата ги доживеа најтоплите јуни и август, најтоплиот ден досега и најжешкото лето досега. Оваа низа рекордни температури ...

Гостивар го негува крводарителството како највисок чин на хуманост, а особено радува фактот што сѐ почесто и младата популација станува дел од семејството крводарители. Оценка на познавачите е дека потребите за крв и крвни продукти се задоволуваат, но секогаш е добредојдено кога се вклучуваат нови дарители. „Потребите на подрачјето што се покрива се задоволуваат. Сепак, секогаш има потреба да има повеќе крв, затоа што ние плановите ги правиме ...

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, во архивата на Министерството. „Јавниот повик е ...

На 8 септември 2024 година, во Маврово ќе се одржи петтата по ред трка „Халк Вело Грин“ , поради што ќе има промена во сообраќајниот режим. Со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на трката, на 8 септември во периодот од 09:00 до 16:30 часот, сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот Бистра до Леуново во двете насоки. Почетокот на трката е закажан за 10:00 часот, а ќе учествуваат околу 300 велосипедисти кои ќе возат ...

По вториот случај на мали сипаници оваа година, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска апелираше матичните лекари штом забележат суспектен случај, да биде препратен или на Инфективната клиника, па оттаму да го препратат кај нив на анализи, или директно да дојде на тестирање во Институтот. „Нашата обврска и наша работа е по констатирањето на позитивен случај, да дадеме препораки на семејството за изолација. Но, за ...

На 6 септември 2024 година, во 00.50 часот на улица ,,Кеј Вардар“ полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.А.(21) од Гостивар. Тој во 00.00 часот во ОВР Гостивар бил пријавен од А.Б.(20) од Гостивар, дека на 05.09.2024 година околу 22.45 часот на улица ,,Браќа Ѓиноски“ физички го нападнал и му се заканувал со остар предмет. Д.А. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен ...

Љубителите на седмата уметност од Гостивар, вчеравечер имаа ретка можност да проследат филмска проекција на отворено. Во соработка со Кино Балкан како носител на проектот на локација во градскиот парк беше прикажана комедија „Те дуа, жими мене“, најгледаниот македонски филм за 2023 година и истовремено најгледаниот филм во историјата на Синеплекс во Македонија. Киното на отворено се организираше по повод претстојниот празник, Денот на ...

Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со август минатата година за 5,1 отсто. Државниот завод за статистика денеска објави дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци зa 0,3 отсто и Ноќевања за 0,1 отсто. „Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос ...

Денеска е петок 6 септември 2024 година, 250-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 116 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 7 минути, а ќе зајде во 19 часот и 1 минута. Денов трае 12 часа и 54 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 9 часот и 14 минути, а ќе зајде во 20 часот и 18 минути. Според метеоролозите времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. ...

Едногласно е изразена желбата заедничкото празнување на Велигден следната година за источното и западното христијанство да не биде едноставно една среќна случајност, туку почеток на воспоставување заеднички датум за неговото годишно празнување, пишува во соопштението од Вселенската патријаршија по одржаниот Синодот на Јерархијата на Вселенскиот Престол, јави дописничката на МИА од Атина. Во 2025 година Христовото воскресение е на ист ден, на 20 ...

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од утре на терен ќе проверува дали трговците ја почитуваат одлуката на Владата за ограничување на највисоката трговска или профитна маржата за училишниот прибор, на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба. -Трговците кои се опфатени со Одлуката на Владата за училишен прибор (Службен весник на РСМ бр. 183/24), имаат обврска да ги усогласат цените на производите. Од утре инспекторите ...

Вчера (4 септември) во 10 часот во ОВР Гостивар, 58-годишен маж од Градец пријавил дека бил измамен од двајца адвокати во врска со имот кој го купил со купопродажен договор и кој бил во фаза на префрлување на сопственост. „Според пријавеното, тие со фалсификување на потписи од тројца наводни тужители за полномошно, поднеле тужба до Основен суд Гостивар за утврдување на сопственоста на имотот, односно трите лица наводно претходно имале усмен ...

Министерството за економија и труд денеска додели ваучери за одмор на работници со ниски примања. Доделени се 1.777 ваучери кои ќе може да се искористат од 15 септември до 1 декември во некои од туристичките капацитети во земјава. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, рече дека тие се доделени на граѓани кои ги исполниле условите и дека ваучерите се во висина од 18.000 денари. „Решенијата за граѓаните кои аплицирале и ги исполниле ...

До крајот на годинава, на општините ќе им бидат на располагање шест милијарди денари од 250-те милиони евра што треба да бидат наменети за развојни проекти на општините. Јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти е веќе објавен и направен врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, образование и наука, социјална политика, демографија и ...

Општина Маврово и Ростуше соопшти дека вечерва (05.09.2024) после 21:00 часот, на територијата на општината, во координација со ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Тетово, ќе се спроведе теристичка адултицидна дезинсекција (од земја) против комарци. „Дезинсекцијата ќе се врши со апарат УЛВ генератор за ладно замаглување, поставен на возило со ротационо светло. Поради спецификата на работата, активностите ќе се одвиваат во вечерните часови, почнувајќи од ...

Двајца македонски спортисти освоија златен медал на Светското првенство во кик бокс што се одржува во Будимпешта. Македонската јуниорска репрезентација се враќа и со еден сребрен медал. Светски шампион во машка конкуренција е Силвио Мировски во категоријата до 71 килограм, а во женска категорија Марија Димовска. Сребрен медал на Светското првенство во кик бокс освои Лука Змејковски. Мировски во категоријата со постари јуниори до 71 килограм, во ...

Во која земја во светот живеат најатрактивните мажи? Картата на Европа објавена на Икс графички го прикажува мислењето на жителите на различни земји и каде според нив живеат најубавите мажи. Со оглед на тоа што земјите се поделени по боја, може да се забележи дека доминантна боја на картата е жолтата, што ја означува Италија, а мажите од оваа земја важат за најатрактивните во поголемиот дел од Европа. Италијанците се најатрактивни за Шпанците, ...

Граѓанската организација „Младите можат“ ја почна кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, чија основна цел е зголемување на свесноста и информираноста за важноста на менталното здравје кај младите на возраст од 14 до 18 години. Кампањата ќе се спроведе во средните училишта во државата и ќе опфати низа едукативни активности насочени кон учениците, но и кон наставниот кадар и стручните служби. -Менталното здравје на средношколците не смее да ...

На овогодинешното 31. издание на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“, младата пејачка Дорис Димовска од Гостивар го потврди својот талент и потенцијал на музичката сцена со освојување на награди. Со песната „Нека свети“, компонирана од Глигор Копров, текст на Весна Малинова и аранжман на Давор Јордановски, Дорис успеа да ги освои сите присутни и да ја понесе наградата за најдобра интерпретација. Песната доби награди и за најдобар текст ...

Самец

15 минути - МРТ

Робокап

15 минути - МРТ
weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
0.54
60%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.0
54%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
72%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
63%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
51%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
5.14
60%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
5.66
59%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52