
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Греењето на дрва и други понеквалитетни горива е причина број еден за загаденоста на воздухот во Гостивар во зимскиот период, додека значителен удел во аерозагадувањето има и минералната прашина од каменоломите во околината. Ова го покажало истражувањето кое се базира на едногодишни мерења и анализи, а е спроведено од страна на експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ во кој ...
СВР Тетово информира дека вчера (18 септември) во 15.00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 41 годишниот гостиварец Ш.Б., постапувајќи по претходна пријава од неговиот 65 – годишен татко дека околу 12.45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, агресивно се однесувал кон членовите на семејството, со закана им одзел пари, оштетил дел од покуќнината и го оштетил нивното возило во дворот. ...
Едно лице почина на Инфективната клиника од вирусот на Западно-нилска треска. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од почетокот на годината до сега има вкупно 30 тестирања за западно нилска треска, од кои што четири се потврдени случаи како позитивни, при што четвртиот случај завршил со смртен исход, информира денеска на прес-конференција директорката на ИЈЗ Марија Андоновска. -Првиот случај е тестиран во април, и човекот е од Струмица импортиран ...
На 18.09.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31 – годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно ...
Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта. Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта. Градоначалникот на Модиглијани, Џадер Дарди, изјави дека реката „експлодирала“. – Ситуацијата е ...
Уставниот суд вчера донесе времена мерка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор што се однесуваат на етничката припадност, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. До носење на конечна одлука од страна на Уставниот суд овие одредби нема да се ...
Во Скопје, в петок, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје, информираат од Канцеларијата на Скопска епархија на МПЦ. В ...
Уставниот суд денеска на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Претседателот на Уставниот суд и судија ...
Кремљ денеска предупреди дека нападот со експлодирани пејџери врз либанската група Хезболах може да предизвика поширок регионален конфликт и повика на истрага за да се идентификуваат сторителите. Илјадници пејџери вчера беа детонирани во нападот низ Либан, при што загинаа 12 лица, а ранети се речиси 3.000, вклучително и борци на Хезболах и иранскиот амбасадор во Бејрут. Висок либански безбедносен извор и друг извор за британските медиуми ...
Црниот дроб е еден од најважните органи во нашето тело, кој игра клучна улога во одржувањето на целокупното здравје. Тој ги филтрира токсините, го регулира нивото на шеќер во крвта, разградува лекови и алкохол, како и синтетизира протеини важни за процесот на згрутчување на крвта. За да го одржиме здравјето на овој витален орган и да спречиме развој на болести, важно е да следиме одредени навики и препораки. Бидете внимателни со употребата на ...
Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук,… „Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на ...
Хезболах денеска објави дека бројот на загинати во пејџер експлозии во јужен Либан се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на либанското движење им подлегнаа на повредите. Министерството за здравство на Либан синоќа соопшти дека околу 4.000 луѓе се повредени во експлозии на пејџери што ги користеле членовите на Хезболах за комуникација. Се додава дека 200 повредени лица се во критична состојба. Неименуван функционер на Хезболах рече дека ...
Европска недела на мобилност се одбележува секоја година од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промовирање промена во однесувањето во корист на активна мобилност, јавен превоз и други чисти и интелигентни транспортни решенија. Истражувањето на Институтот за јавно здравје од 2021 год., покажало дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108 808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за 10 години и ...
Времето денеска (среда) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи променливо ...
Дали знаете кои чаеви се најдобри сојузници за постигнување витка линија? Билните чаеви се користат уште од памтивек за лекување, чистење и подобрување на функционирањето на организмот. Сепак, билните чаеви по правило се и одлични придружници во борбата против вишокот килограми и токсините предизвикани од прекумерното уживање во разни деликатеси. Општо земено, чаевите се вреден извор на полифеноли, витамини, минерали, амино киселини и повеќе од ...
Собранието денеска со 65 гласа „за“ го изгласа Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка. Во текот на општиот претрес за законот на продолжението на 14. седница опозицијата обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи огромни политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово расчисти три тешки кражби, пријавени во Полициското одделение Галате, а кои се случиле во гостиварско Дебреше во три куќи сопственост на С.Б., Г.Б. и С.Б. во периодот од 03.08 до 09.09.2024. По преземени мерки, на 10.09.2024 од слобода биле лишени А.К.(43) од гостиварско Леуново и С.С.(36) од Дебреше кај кои биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од извршените ...
Во модерната електроника индустрија, чистењето на печатени кола (PCBA) е критичен процес што обезбедува доверливост и долгорочна функционалност на електронските уреди. Овој процес вклучува отстранување на контаминанти, како што се остатоци од лемна паста, флукс и други нечистотии што можат да влијаат на електричните својства и целокупниот квалитет на производот. Значењето на правилниот систем за миење Еден од клучните аспекти на ефективното ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет. Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена во Скопје ја пречекува Ерменија во рамки на вториот натпревар во Ц дивизијата во Лигата на нации. По воведното разочарувачко реми на гостински терен против Фарски Острови, избраниците на селекторот Благоја Милевски се пред императив со победа над директниот конкурент да го задржат шансите за освојување на првото место во групата Ц4. Селекторот Милевски на вчерашната официјална ...
Американската групација Мета, која ги поседува Фејсбук (Facebook), Инстаграм (Instagram) и ВацАп (WhatsApp), соопшти дека им забранува на руските државни медиуми пристап до тие платформи ширум светот, „за да се избегне странско мешање“. „По внимателно разгледување, ја проширивме нашата акција против руските државни медиуми“, се наведува во соопштението од Мета. Одлуката за забрана е донесена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен ...
Иако спиењето е од суштинска важност за нашето здравје, многу луѓе имаат проблеми со заспивањето и не се свесни дека некои навики го попречуваат квалитетниот сон. Еве десет најчести грешки што ги правиме кога станува збор за нашиот сон: Не знаете колку сон ви е потребен Повеќето луѓе потценуваат колку сон им е потребен. Експертите препорачуваат 7-9 часа, но важна е индивидуалната проценка базирана на вашата продуктивност и расположение во текот ...
Хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ од Гостивар, во соработка со Општина Гостивар, повторно обезбеди образовни асистенти за децата со попреченост запишани во средните училишта за учебната 2024/2025 година. Оваа иницијатива е дел од меморандумот за соработка, кој здружението и општината го потпишаа денеска и има за цел подобрување на интеграцијата на децата со попреченост во образовниот процес и општеството. Покрај тоа, ...
Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека покренува петиција за новите повисоки давачки за студирање. „Оваа петиција е апел до надлежните веднаш да ги укинат неразумните трошоци! Овие неправди, некоректност и изживување со македонскиот студент нема да ви ги премолчиме“, стои во соопштението од „Студентски отпор“. Оттаму посочуваат дека оваа академска ...
Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, Еуросупер БС-98 за еден денар, а Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар, а дизелот по цена од 67 денари за литар. ...
Прво државно квиз првенство ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонската квиз асоцијација (МКА) кое е отворено за професионалци и дебитанти во индивидуални натпреварувања и во двојки. Државното квиз првенство се состои од два настана, поединечно натпреварување и натпревари во двојки. Поединечното натпреварување се состои од пишани тестови со 200 прашања од осум различни области (спорт, наука, историја, свет, медиуми, животен ...
Германија од денеска воведува проверки на сите свои граници со цел да се ограничи илегалната имиграција, јави ДПА. Според критичарите, оваа одлука ја загрозува Шенген зоната за безвизно патување. Германската полиција започна и контроли на границите со Луксембург, Белгија, Холандија и Данска. Претходно беа воведени гранични контроли на границите со Полска, Чешка, Австрија, Швајцарија и Франција. Секретарот за внатрешни работи, Ненси Фезер, која ...
„Во јавното здравство скоро 2 500 лица се со договор за работа. Нашата тенденција ќе биде до крајот на годината да им дадеме решенија барем на дел од нив, се надевам на барем половината, ако изнајдеме решение со постоечкиот буџет, а за оние што ќе останат, ќе видиме идната година“, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника, Таравари ...
Народната банка предупредува на шема на нов и многу опасен начин на „фишинг“, каде со внесување на податоци од платежната картичка и доставен ОТП код за авторизација, се превземаат платежните сметки на клиентите од страна на измамници и ги повикува граѓаните на поголема внимателност. Од Народната банка појаснуваат дека до граѓаните пристигнува фишинг порака (СМС, е-маил), во која се наведува на итност за исплата, испорака на пакет и слично и се ...
Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, ...