Регионалните избори во две провинции на истокот на Германија, на кои две антисистемски партии постигнаа одлични резултати, им нанесоа тежок удар на партиите во владата и веројатно ќе ја зголемат нестабилноста во фрагментираната владејачка коалиција, оценува Ројтерс. Само една година пред парламентарните избори во најголемата европска економија, вчерашните изборни резултати во Саксонија и Тирингија речиси сигурно ќе го зголемат притисокот врз ...

За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна 2024/25 година. Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Наставата почнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има само за учениците од неколку училишта каде не е завршена на време реконструкција или набавка на опрема, како клупи и столчиња за учениците. Во 140 ...

Во обид да го надоместат загрижувачкиот недостиг на работна сила, јапонските власти охрабруваат се поголем број компании да усвојат четиридневна работна недела, објавија денеска локалните медиуми. Американските медиуми пренесуваат дека јапонската Влада првпат поддржа пократко работно време во 2021 година, откако јапонските пратеници ја поддржаа идејата. Меѓутоа, според податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба, ...

Со надеж за здрава и негувана кожа, луѓето секојдневно се мачкаат со хидратантни креми и лосиони. Но, честопати се заборава една многу важна работа – храната што има големо влијание врз изгледот и здравјето на самата кожа. Дури и малите промени во исхраната може да ги зголемат шансите за почиста и поздрава кожа. „Како што некои видови храна можат да го влошат здравјето на нашата кожа, некои други можат да го подобрат или барем да ублажат некои ...

Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години. „Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лошите политики, не само во образованието, туку во сите ...

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков вели дека немаат донесено одлука за порадикални мерки како протести или штрајк и дека ќе бидат конструктивни како социјални партнери. Очекуваат до средината на септември да се заокружат преговорите во однос на зголемувањето на платите. Посочува дека основната плата без додатоци во основното образование е околу 33.500 денари, а во средно 34.600 денари. ...

СВР Тетово информира дека вчера (31 август) во 21.50 часот во ОВР Гостивар, 35 – годишен гостиварец пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга М.В.. Исто така, вчера во 17.00 часот во ОВР Гостивар, 35 – годишна гостиварка пријавила дека во Гостивар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер С.С.(35). СВР известува и дека вчера во 20.30 во ОВР Гостивар, 25 – годишна жена од Гостивар пријавила дека нејзиниот ...

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, организирана од здружението на граѓани „Брзовец” и општина Маврово-Ростуше, за време на одржување на оваа ...

Ориганото е ароматично растение кое се користи свежо или сушено во различни кујни. Најпознат е по неговата употреба во сосови на база на домати, но се додава и во јадења со мешунки, тестенини, житарки, пилешко, салати, месо, риба и друго. Освен како свежа и сушена форма, ориганото се користи и како масло и како додаток во исхраната. Маслото од оригано е нашироко познато по својата антимикробна активност, како и по неговите антивирусни и ...

По завршувањето на минатата сезона, тивкото и топло лето, спортските медиуми од земјава известија за старо-ново име на тренерското столче во КК Гостивар, односно дека тренерската функција ја презема стратегот од Кавадарци – Љупчо Малинков, што воедно значи дека клубот се подготвува и „пријавува учество“ во новата кошаркарска сезона од најелитното кошаркарско натпреварување во Македонија. Покрај Малинков, од гостиварскиот прволигаш на Фејсбук во ...

Ново истражување на авијациско-аналитичката компанија „Цириум“ (Cirium) покажа дека најдобриот и најпрометен аеродром за патнички летови во светот е „ИГА Истанбул“ во Турција. На второто место е Аеродромот во Франкфурт во Германија, а трет е „Шарл де Гол“ во францускиот главен град Париз, пишува списанието „Конде наст травелер“ (Conde Nast Traveler). Како дел од ова истражување, анализиран е бројот директни дестинации со коишто аеродромите нудат ...

На 5 септември, со почеток од 20 часот, во градскиот парк во Гостивар, ќе се одржи филмска проекција на отворено како дел од одбележувањето на Денот на независноста на Македонија – 8 Септември. Со овој настан започнува одбележувањето на празникот, кој ќе биде збогатен и со низа други настани. Пред гостиварската публика ќе биде прикажана урнебесната комедија „Те дуа, жими мене“, во режија на Марјан Гавриловски и сценарио на Никола Кузелов, кој ...

Независниот синдикат за образование и наука најави протест на првиот ден од новата учебна година. Членовите на овој синдикат ќе протестираат во понеделник (2 септември) во Битола. Како што наведуваат од НСОН протестот е резултат на: недостаток на социјален дијалог со Министертвото за образование и наука, неусогласување на платите во секторот образование согласно растот на минималната плата и непочитување на колективните договори. Од друга ...

Краткотрајните врнежи што деновиве зафатија одредени делови од земјава, не беа доволни за земјоделските култури, велат агрометеоролозите и предупредуваат дека површините, посебно со пченка, кои не се под системи за наводнување, може да бидат со многу низок принос. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се поволни за појава на болести и штетници во лозарството и овоштарството. „Изминатата недела имавме сончево и топло време, на некои ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок. -Инспекциските служби на Агенција за ...

Институтот за јавно здравје регистрира трет случај на заразен со вирусот на западнонилска треска во земјава. Станува збор за 60-годишна жена од Тетово, која, како што велат од ИЈЗ, негирала дека била на патувања надвор од државата, како и надвор од местото на живеење во периодот на инкубација. Таа забележала каснувања од комарци во периодот до 15 дена пред почетокот на симптомите. Од Институтот велат дека пријавата била доставена на ден 22 ...

Секој од нас има утринска рутина која го поставува темпото за денот. За многумина, кафето е неизбежен дел од таа рутина. Мирисот на свежо сварено кафе и неговата способност да ве разбуди се неоспорливи. Но, дали сте размислувале да пробате нешто поразлично, нешто што не само што ќе ве разбуди, туку и ќе му донесе дополнителни здравствени придобивки на вашето тело? Мед и лимон наместо кафе Ако сте расположени за промена, пробајте да го замените ...

На денешната седница на Советот на општина Гостивар беа донесени годишните Планови за вработување во јавните претпријатија „Комуналец“ и „Русино-Полог“ за 2025. Претставници на претпријатијата пред советниците дадоа образложенија за предвидените вработувања, кои треба да се остварат идната година. „Во „Комуналец“ моментално со решение има 98 вработени, ќе се пензионираат 3. Планирани се 97 вработувања. Систематизацијата предвидува вкупно ...

Пред почетокот на секоја учебна година се актуелизира прашањето за намалување на бројот на деца во гостиварските училишта. Сѐ повеќе школски клупи зјаат празни, а во паралелките има се‘ помалку ученици. Законскиот минимум за формирање паралелка е 24 деца, но оваа норма во најголем дел од училиштата е недостижна, поради што се потегнуваат правните механизми за функционирање. Општинскиот Совет дава согласност да се формираат паралелки во ...

Во Монако вечерва се одржа жрепката за главната фаза во Лигата на шампионите на УЕФА. На турнирот кој првпат ќе се одржи во нов формат ќе настапат 36 клубови. Во главната фаза, секоја екипа ќе одигра осум натпревари, четири дома и четири на гости. Сите 36 клубови се рангирани во вкупната табела. Екипите кои ги заземаат првите осум места директно напредуваат во осминафиналето. Екипите од 9. до 24. место ќе играат баражи за плејофот. За екипите од ...

На денешната седница на Советот на општина Гостивар беа донесени годишните Планови за вработување во јавните претпријатија „Комуналец“ и „Русино-Полог“ за 2025. Претставници на претпријатијата пред советниците дадоа образложенија за предвидените вработувања, кои треба да се остварат идната година. „Во „Комуналец“ моментално со решение има 98 вработени, ќе се пензионираат 3. Планирани се 97 вработувања. Систематизацијата предвидува вкупно ...

На граничните премини “Табановце” и ”Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за преминување на границата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Децата кои ќе тргнат во прво одделение оваа учебна година во Гостивар ќе се вклучат во раззеленување на животната средина, преку засадување на дрвца во дворовите на училиштата. Иницијативата дојде од советничката група на СДСМ на денешната седница на Советот на општина Гостивар, и беше прифатена од останатите советници. „Сигурна сум дека целта на сите од нас е кај децата, уште од најмали нозе да пренесеме позитивни навики, добро е да ги научиме ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за дневникот на МРТ запрашан за присуството на нелегално оружје по улиците на Скопје и државата истакна дека полицијата е силно посветена за справување со овој проблем. „Во текот само на 2024 година се запленети 104 парчиња оружје од страна на МВР, од кои девет автоматски пушки, 39 пиштоли, 35 ловни пушки итн. Криминал имало, има и ќе има. Прашањето е како безбедносните служби, како МВР ...

Времето денес (петок) ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 15 до 29 степени. Утре (сабота) нѐ очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме. Ќе ...

Колагенот е клучен протеин во човечкото тело кој игра витална улога во одржувањето на структурата на кожата, коските, мускулите, тетивите и лигаментите. Сочинува околу 30% од вкупните протеини. Се состои од три полипептидни синџири, формирајќи тројна спирална структура која е исклучително силна и отпорна. Колагенот обезбедува структура на кожата, коските, мускулите, тетивите, лигаментите, крвните садови и внатрешните органи, па затоа е многу ...

Посветено се работи на реализација на патиштата од Коридорот 8 на потегот од источната до западната граница на земјава, а се работи и на автопатот кон Блаце, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „Помеѓу Скопје и Куманово има готов автопат. Помеѓу Куманово преку Ранковце до Крива Паланка во моментов се гради експресен пат, што е некоја варијанта на автопат, и истиот ќе биде завршен до Нова година, а ...

Со одигрувањето на финалните реванш натпревари од 4. квалификациско коло во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во главната фаза на турнирот. Дваесет и пет екипи добија автоматски влез врз основа на пласманот во националните првенства. Исто така, билети добија победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа од минатата сезона, победниците од квалификациската рунда, а уште две позиции поради остварени резултати во европските купови ...

Во пресрет на новата учебна година, младите волонтери на Општинската организација на Црвен крст Гостивар спроведуваат хуманитарна акција за собирање на училиштен прибор. Како што наведуваат од организацијата, целта на оваа активност е да се обезбеди училиштен прибор за деца од семејства во социјален ризик. „Секое дете заслужува среќа. Донирајте училиштен прибор, бидете хумани! Заедно да насмееме и да ги стоплиме срцата на многу деца“, порачуваат ...

Специјалистичко усовршување на доктори од Македонија во Хрватска, експертска едукација на тим и специјалисти за трансплантанција на црн дроб, размена на експерти заради пружање на советодани услуги при лекување на пациенти се дел од Планот за соработка што денеска во Загреб го потпишаа министерот за здравство Арбен Таравари и неговиот хрватски колега Вили Берош. Новиот тригодишен план за соработка, како што јави известувачот на МИА од Загреб, ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1013
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
0.45
59%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
49%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
47%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
60%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52