
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, ...
Во Берлин денеска беа осветени и поставени темелите на нов храм на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, посветен на „Св. Климент Охридски”, објави Европската епрахија. Чинот на осветуванье го изврши архиепископ охридски и македонски г.г Стефан во сослужение со митрополитот на Европската епархија г. Пимен и митрополитот на Тетовско- гостиварската епархија г. Јосиф, како и бројни свешенослужители од МПЦ-ОА. Беше одржана и ...
Времето денеска(понеделник) ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 9 до 19 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови од оваа работна седмица ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. ...
Тиквичките може да се подготват на многу начини, вклучително и да се наполнат со нешто. Полнетите тиквички, особено ако се полнети со месо, се балансиран оброк кој е богат со протеини и други хранливи материи добиени од зеленчукот. Тиквичките се разноврсна храна која поради својот неутрален вкус и текстура може да се користи во бројни јадења. Тиквичките може да се подготват во чорби, супи, на скара кога само ќе ги исечеме на прстени, можеме да ...
Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе работи на измени во Законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник. Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски. Тој потенцира дека градоначалник може да се смени само на избори и дека смета дека треба да се ограничи нивната моќ. Во однос на барањето на ЗЕЛС ...
Едно лице загина во поплавите во јужниот дел на Полска, а во надојдената вода во источна и северна Чешка четири лица се водат како исчезнати. Илјадници луѓе во Полска и во Чешка се евакуирани поради поплавите предизвикани од циклонот Борис. Во Шлезија и Малополското војводство на југозапад и југ од Полска, во областа на границата со Чешка, планинските потоци и реки поради обилните врнежи се претворија во порои, а на некои места водата е веќе над ...
Суво око е состојба во која очите не произведуваат доволно солзи или солзите што се создаваат не се со соодветен квалитет за правилно да го навлажнат и подмачкаат окото. Солзите се неопходни за здравјето на очите бидејќи помагаат да се одржи влажна површината на окото, да се обезбедат хранливи материи и да се отстранат нечистотиите. Кога солзите не се присутни во доволни количини или се со слаб квалитет, тоа може да доведе до чувство на сувост, ...
Првите неколку денови од септември донесоа освежување, но и вируси кои едвај чекаа да ни ослабне имунолошкиот систем. За да им се спротивставиме, треба добро да се храниме и да вклучиме неколку намирници во поголеми количини во нашите оброци. Промената на начинот на исхрана со доаѓањето на постудено време може многу полесно да се прилагоди на телото на новите услови, но и да му обезбеди дополнителна енергија во сивите, дождливи есенски денови. ...
Снег падна синоќа на Бјелашница и Јахорина, олимписките планини околу Сараево, како и на планината Влашиќ, во општина Травник, пренесува Бета. Снег има и на планинскиот превој Романија. Во цела Босна и Херцеговина е значително постудено во однос на претходните денови, бидејќи температурата падна за 20 степени Целзиусови. Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки завод, денеска и во наредните денови се очекува постепено разведрување и ...
Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради обемната документација и анализа. Притоа се констатирани неправилности кај три правни субјекти, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Според ДПИ, еден од правните субјекти е трговец на големо, казнет со над 452 000 денари поради непочитување на Одлуката и со уште над 200 000 денари поради ...
Прејадувањето значи дека продолжуваме да јадеме иако веќе сме ја поминале „точката на исполнетост и ситост“. Со други зборови, јадеме иако не сме гладни и ако ни стане навика, тоа ќе доведе до зголемување на телесната тежина и ќе влијае на ризикот од дијабетес. Прејадувањето е релативно честа појава и е особено изразена кога сме под стрес, бидејќи тогаш хормонот кортизол „работи“ и „кажува“ дека е време да земеме повеќе храна. Исто така, нè тера ...
Авто школата „ДЕЛТА“ во Гостивар, која ги подигна стандардите за обука на идни возачи, заокружи една година успешно функционирање. Мисијата за овозможување целосна практична и теоретска подготвеност како и самодоверба зад воланот, се исполнува и продолжува понатаму. „Направивме интересен спој на искуство и на младост, а специфично е што имаме опфатено голем број на кандидати од младата популација. Првата година од работењето ни ги надмина ...
Се продаваат насекаде, блиску до училиштата, пакувањето е привлечно и имаат сладок вкус. Тие се добри ако ви треба брз излив на енергија за да го поминете денот. Сепак, тука завршуваат придобивките од енергетските пијалоци. Што се случува кога ќе претераме со консумирањето и дали има подобра алтернатива кога сме преморени и ни треба „гориво“? Кога ви треба зголемување на енергијата, веројатно посегнувате по лименка енергетски пијалок. Таа ...
По одбележувањето на патронот, заштитник, закрилник и небесен застапник, светиот славен и чесен пророк, Претеча и Крстител господов, Јован, Бигорски манастир им оддаде почит на ктиторите на Светата Бигорска Обител, пред се на првиот ктитор на светата Бигорска Обител, свети Јован Дебранин – Бигорски, Архиепископ Охридски. „И оваа година, во Бигорската Света Обител, празничниот амбиент за споменот на славниот Претеча и Крстител Господов Свети ...
По доставено известување од страна на МВР до ОЈО за Гонење на организиран криминал и корупција, оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по чл.279 „даночна измама“ по чл.279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по чл.273 од КЗ, информира МВР попладнево. „Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, ...
Неинформираноста е една од главните причини поради која занаетчиите и малите бизниси од Полошкиот регион речиси и да не користат субвенции од државните мерки за поддршка. Ова беше нагласено на денешната инфо средба меѓу министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, гостиварскиот в.д. градоначалник Ваљбон Лимани со претставници на занаетчиската комора, стопанственици и невладиниот сектор, која се одржа во Гостивар. Целта беше да се бараат начини ...
Апелациониот суд го врати предметот на политичката партија Алијанса за Албанците на повторно судење во Основниот суд Тетово и ги прифати жалбите на правниот застапник на Арбен Таравари, информираа од партијата. „Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот ...
Времето денес (13 септември, петок) ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 12 до 23 степени. Во сабота ќе владее променливо облачно време, во западните и северните делови со локален пороен дожд и изолирана појава на ...
СВР Тетово информира дека вечерва (12.09) во 21.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,БМВ” со регистерски таблици од Демир Капија, управувано од Б.Х.(54) од Гостивар и влекач ,,Сканија” со косовски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Х. кој починал на лице место и сопатникот Т.Р.(53) од ...
Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои ќе има линеарно зголемување на пензиите од по 2.500 денари од 1 септември годинава и од 1 март следната година. На 14. седница на Собранието, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, беше изгласан со 78 гласа „за“. Линераното зголемување на пензиите е изборно ветување на ...
Постојат различни типови на срцеви заболувања, но најраспространета е коронарната артериска болест, која може да доведе до срцев удар. Добрата вест е дека одредени прехранбени продукти имаат моќ да го зајакнат срцето и да го намалат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести. Исхраната и животниот стил како основа за здраво срце Промената на животниот стил, а особено начинот на исхрана, може значително да влијае на спречување и третман на ...
СВР Тетово информира дека вчера (11 септември) во 12.05 часот било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на Неготино-полошко, општина Врапчиште, додека бил во нива на неговиот брат кај место викано „Маврица“, од експлозија на рачна бомба со повреди се здобил Б.А.(51) од Неготино. Тој бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство ...
Пратениците денеска ја завршија расправата за предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, за кој е потребно двотретинско мнозинство, додека гласањето ќе биде дополнително. Пратениците од опозицијата реагираат дека со ваквиот предлог се ускратува уставното загарантирано право на граѓаните да можат да изберат градоначалник за својата општината, бидејќи нивните досегашни градоначалници ...
Општина Гостивар аплицираше со 15 проекти на повикот за доделување 100 милиони евра од Министерството за локална самоуправа. Најголем дел од проектите се однесуваат на градската патна инфраструктура, меѓу кои и изградба на ново шеталиште во центарот на градот, информираа од локалната самоуправа. Станува збор за улицата „Кочо Зози“ која го поврзува плоштадот со главната подружница на Поштата во Гостивар, односно улицата на старото кино. „Еден од ...
Во првата половина од годинава Албанија од туризмот остварила рекорден приход од 1,9 милијарди евра, што е за 25 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Според податоците на Централна банка на Албанија, само во периодот април-јуни приходите изнесуваат околу 1,1 милијарда евра, додека во првите три месеци оваа бројка изнесува 788 милиони евра. Според ИНСТАТ, пак, во првите 6 месеци од годинава во земјата престојувале 4,5 милиони ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд – над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер – над 70 километри на час. Како што информираат денеска од УХМР, во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање. Од УХМР ...
Гостиварските градинки ја почнаа новата учебна година со нови сили, планови и подготовки. Установата функционира и преку летниот период, но со намален капацитет поради годишните одмори, па во септември вообичаено се работи со засилен интензитет. Се поднесуваат документи, се формираат групите, течат административните обврски околу уписите и приемот кои се етапни, поради потребата од извесен период на адаптација на дечињата. Градинките на ...
Кратката прошетка по оброк е сè попопуларна навика низ целиот свет, и тоа не само како тренд, туку и поради бројните здравствени придобивки кои ги нуди. Пешачењето веднаш по јадење може да има многу позитивно влијание врз вашето целокупно здравје и благосостојба. Подобрено варење на храната Пешачењето после оброк може значително да го подобри процесот на варење. Движењето го стимулира желудникот и цревата, овозможувајќи храната побрзо и ...
Рибата е полна со корисни витамини и хранливи материи, но дали конзервираната туна е здрава или е премногу ризична за јадење? Туната е хранлив извор на посни протеини Конзервираната туна е хранлив извор со малку маснотии на посни протеини и омега-3 масни киселини. Богата е со витамини и минерали, а може да се користи во салати, сендвичи, јадења со тестенини и разни други оброци, па така тоа ја прави практична и здрава храна. Конзервираната туна ...
Градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани попладнево пред општинската зграда одржа прес конференција во врска со случувањата околу црквата во атарот на селото Галате. Шабани кажа дека имал средба со претставници на тетовско-гостиварската епархија и Црковниот одбор на Галате, кои се оградиле од граѓаните што спроведувале работи кај црквата, а воедно апелираше до групата да не повторуваат такви постапки. „Ни МПЦ, ниту пак Црковниот одбор на Галате ...