
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Времето денеска (понеделник) во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 10 до 24 степени. Синоптичарите најавуваат период на релативно топло време. Утре и задутре (вторник и среда) ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на ...
СВР Тетово извести дека ноќеска во 2 часот и 50 минути после полноќ полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Ѓ.(46) од Гостивар, кој бил пријавен дека во нивниот семеен дом физички ја нападнал неговата сопруга. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Од полицијата и информација дека на 21.09.2024 во 23.25 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од ...
Неделниот ден е идеална прилика семејството да се собере на заедничка трпеза. Секако, најважна е домашната атмосфера и споделените моменти, но зошто сето тоа да не биде надополнето со вкусна храна. Нашиот предлог за вашиот неделен ручек е Гурманска тава. Состојки: 800 гр. пилешки стек 300 гр. чадено месо 500 гр. телешко месо 1 домат 8 парчиња кашкавал магданос, црвена пиперка, бибер, сол и масло Подготовка Пилешкиот стек, телешкото и чаденото ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во саботата, на 21 септември, го одржа првиот концерт од балканската турнеја. На сцената на Културно информативниот центар „Будо Томовиќ, Танец со својот музичко-сценски колаж, на исклучителен начин ги пренесе духот и убавината на традиционалната македонска култура, создавајќи посебно доживување за бројната публика, која го исполни аудиториумот до последното место. Во рамките на концертот ...
До крајот на овој месец, Земјата ќе добие привремена „мини-месечина“ – мал астероид што ќе биде фатен од гравитацијата на нашата планета до крајот на годината, објавија научниците. Астероидот, именуван 2024 PT5, првпат беше откриен на 7 август од страна на системот за последно предупредување со копнени удари на астероиди (ATLAS). Се очекува астероидот да направи една целосна орбита околу Земјата помеѓу 29 септември и 25 ноември, по што ќе се ...
Во текот на вчерашниот ден полицијата регистрира неколку настани на подрачје на Гостивар, кои ги пренесуваме во продолжение: „На 21.09.2024 во 16.00 часот во ОВР Гостивар Д.Ѓ.(49) од Гостивар, пријавил дека пред угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. На 22.09.2024 во 04.15 часот на улица ,,Браќа Блажевски” во Гостивар. полициски службеници од ОВР ...
Гостиварската локална самоуправа известува дека во понеделник (23 септември) ќе започнат работите за асфалтирање на булеварот „Гоце Делчев“ од двете страни во должина од 900 метри, како и кракот на улицата „18 Ноември“ (улицата кон полицијата). „За непречено одвивање на работите, ги замолуваме граѓаните кои имаат објекти во изградба да ги направат потребните приклучоци во подземната инфраструктура, како и да ги отстранат возилата од коловозот.“, ...
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 24 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. До крајот на годинава остануваат уште 100 дена. Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува ...
СВР Тетово информира дека вчера (21 септември) во 16.30 и во 17 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците Х.И.(56) и А.К.(43) поради основано сомнение дека се извршители на кражба пријавена од Н.И.(43) од Добри дол, при што биле украдени повеќе предмети. Украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. Х.И. и А.К. се задржани во полициска станица и по документирање ...
Губењето килограми за време на бременоста може да биде збунувачко, а понекогаш и загрижувачко. Затоа е важно консултирањето со лекар за да се знае со сигурност причината за тоа. Идните мајки и нивните лекари обично зборуваат за зголемување на телесната тежина во бременоста. Според центрите за контрола и превенција на болести, генерално, нормално е жените да добијат меѓу 10 и 14 килограми во бременоста, но тоа зависи и од нивниот индекс на ...
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи. Десничарската влада на премиерката Џорџ а Мелони, исто така, им обезбеди на регионите – Емилија-Ромања и Марче – итна помош од 20 милиони евра. Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ...
Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат литургии. Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Пресвета Богородица, Марија, е родена од родители Јоаким и Ана, кои живееле во Назарет. И двајцата биле многу скромни, побожни и ги помагале ...
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во државата за академската 2024-2025 година. Месечниот износ на стипендијата за постдипломски студии е 9.000 денари за девет месеци во годината. За докторски студии ќе се исплаќаат 18.000 денари месечно, во текот на целата година. Рокот за аплицирање е 1 ноември годинава. Вкупно 50 стипендии за постдипломски ...
„Гугл“ воведува прикажување реклами додека корисниците на „Јутјуб“ го паузираат видеото што го гледаат. Менаџерот за комуникации на видеоплатформата потврди за „Верџ“ (The Verge) дека има „моќен одговор од огласувачите и рецензентите“ по објавувањето на „Пауза-рекламите“. „Јутјуб“ почна да ја истражува употребата на реклами на паузирани видеа уште во 2023 година, со одредени огласувачи. Одговорниот раководител на бизнисот – Филип Шиндлер, во ...
Нема дилема дека бурекот е првиот избор за појадок на голем дел од луѓето ширум Балканот, а во Гостивар важи за омилен прв оброк во денот. Некои го преферираат со месо, други со сирење, трети одбираат со спанаќ…Било кој вкус одлично оди со чашка јогурт за задоволството да биде целосно. За бурекот дефинитивно може да се каже дека е дел од гастрономската култура на Балканот, но дали ја знаете фантастичната историја на овој специјалитет?. Бурекот ...
Во предвечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, пред храмот во Скопје посветен на големиот празник свечено беше пречекана Богородичната икона „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Иконата од Света Гора ја донесоа проигуменот на свештената хиландарска обител, Архимандритот Методиј, во придружба на уште неколкумина хиландарски монаси, свештеномонаси од Скопската епархија и претставници на семејството Андревски – ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 ...
Со доаѓањето на зимата и затворањето на домот заради задржување топлина, лесно се заборава на важноста на проветрувањето и спречувањето мувла. Неколку едноставни чекори може да помогнат да се спречи појава на мувла во куќата. Застоен воздух води до влага и појава на мувла. За да се спречи ова, Питер Фолдбјерг – одговорен за дневна светлина, енергија и клима во затворен простор во данската компанија „Велукс“ (VELUX), открива неколку практични и ...
Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е главна слава на манастирот „Света Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир, Свештената Пречистанска Обител ги „кани верниците на одбележувањето на спомен на раѓањето на Богомајката, нашата застапничка пред Бога“. Во текот на богослужбата, една искушеничка од ова сестринство ќе биде вброена кон рамноангелскиот монашки чин. Според сестринството на денот на патронот, 21 ...
Во полицискиот билтен регистрирани се неколку настани со физички напади во гостиварскиот регион. Во продолжение ги пренесуваме во целост. На 19.09.2024 во 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Н.Б.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината ќерка. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок. На ...
Дирекцијата за заштита и спасување организирано со субјектите од системот за заштита и спасување презема мерки и активности за превентивно делување за заштита од поплави. За таа цел донесени се заклучоци, меѓу кои и за навремена и континуирана соработка за состојбата со водотеците, обврските кои произлегуваат од законот за заштита и спасување и уредбата за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави. Како што информираат од ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието. Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта „Да го завршиме буџетот, ...
Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје, се на листата со 73 три производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, одлучи денеска Владата, на предлог на Министерството за економија и труд. Одлуката на Владата за ...
Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“. -Согласно Барањето од ЈП „Национални шуми“ од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на ...
Гостивар се приклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Утрово, локалната самоуправа организираше „Ден без автомобили“ преку кој беше испратена порака до граѓаните, кога не е неопходно да не користат автомобили, туку да се движат пеш или со велосипеди. Во настанот учествуваа ученици од гостиварските училишта, кои беа поделени во две групи. Симболично, едната група испешачи низ централното градско подрачје, додека другата возеше ...
Во тек е судењето во Основниот кривичен суд Скопје за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Во Кривичен присутни се обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, по одлуката на Судечкиот совет за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 12 до 20 степени. Според УХМР, утре (сабота) ќе владее делумно облачно време, во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе достигне 22 ...
Летачката такси-услуга во Дубаи ќе биде пуштена во промет до првото тримесечје на 2026 година, изјави Калед ал Авади, директор на одделот за транспортна технологија во Управата за патишта и транспорт на најпознатиот град во Обединетите Арапски Емирати. Според најавата, во Дубаи се планира изградба на четири вертикални хелиодроми за такси-летала, од коишто два ќе бидат пуштени во употреба на почетокот на 2026 година. Цената на оваа услуга, според ...
„Револуционерното минато нѐ опоменува да не ги заборавиме жртвите на минатите генерации, а воедно нѐ обврзува да ги негуваме и развиваме придобивките од Народноослободителната антифашисичка војна на Македонија во современото живеење“ – Ваква порака беше испратена од денешното одбележување на 80 години од злосторот во мавровското село Беличица, кога од балисти настрадаа борците на третиот тетовски партизански одред и мештани, а селото беше ...
Од македонскиот пазар се повлекуваат производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи какао перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење до 11.05.2025 година, поради можност за присуство на надворешно тело. Од АХВ апелираат до потрошувачите доколку ги купиле посочените производи да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле. „Агенцијата за храна и ...