Кафулињата, рестораните, пицериите и другите угостителски објекти на подрачјето на Гостивар во празничниот период ќе може да работат подолго од вообичаеното. Општинскиот Совет на вчерашната седница донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во текот на зимската сезона. „Одлуката беше донесена на наш предлог како група советници на НАИ, а едногласно ја поддржаа сите советници, без разлика на политичка партија. ...

Дваесет и шест угостителски објекти добија привремена забрана за вршење дејност при засилените инспекциски надзори што Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ги изврши во текот на месецов на територија на цела држава. Надзорите се извршени за да се утврди дали се почитуваат одредбите од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето. Во текот на декември извршени се 542 инспекциски надзори, од кои 269 надзори врз основа на Законот ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека на ден 31.12.2025 година (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот. 01.01.2026 година (четврток) е неработен ден. Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време. ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град ...