
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Во спортската сала “Младост” во Гостивар на 6 октомври 2024 година, ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал. Целта на настанот е собирање средства за помош на Ивица Срезоски, сограѓанин кој боледува од спиноцеребрална атаксија и потребни му се 20.000 евра за посебен медицински третман со роботика во соседна Србија. Турнирот ќе започне во 12 часот напладне, а организаторите очекуваат учество на осум екипи. Котизацијата за учество на екипа ...
Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор по одлуката на Уставниот суд за замрзнување на алатката „балансер“ при вработувањата во јавната администрација. „Во врска со Решението на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.Бр.90/24 од 18 септември 2024 година, Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор, опфатени во точката 1 од ...
Младата музичка надеж од Гостивар, Тамара Грујевска уште еднаш ги докажа своите вокални способности и запиша нови успеси на патот на градење на својата пејачка кариера. Изминатите денови таа настапи на интернационалниот музички фестивал GREECE HOPE festival во градот Нафплион на Пелопонез и ги освои престижните награди Гран При и прво место во многубројна конкуренција со учесници од повеќе земји оценувани од меѓународно жири. Тамара настапи со ...
Козјото млеко е богато не само со протеини и масти, туку и со пробиотици, кои играат важна улога во подобрување на дигестивното здравје. Овие пробиотици помагаат во намалувањето на надуеноста и стомачните болки, што го прави козјото млеко одличен избор за луѓе со чувствителен стомак. Покрај тоа, козјото млеко има и изразени антивоспалителни својства, поради што се препорачува за консумација кај луѓе со хронични воспалителни заболувања како ...
На вчерашните парламентарни избори во Австрија победи ултрадесничарската Слободарската партија (ФПО), која се противи на антируските санкции, освојувајќи околу 29 проценти од гласовите. На изборите гласале 6,3 милиони граѓани (78 проценти), а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, економските проблеми и војната во Украина. Според освоените гласови ФПО би требало да има 56 од вкупно 183 пратеници, додека конзервативците би ...
Од петокот се вршат вонредни анализи на водата од градскиот водовод во Гостивар, откако претходно „Комуналец“ извести дека не е безбедна за пиење, поради присуство на бактерии. И од претпријатието и од гостиварскиот Центар за јавно здравје, претпладнево добивме информација дека резултатите од првите земени мостри се микробиолошки и хемиско исправни. Се чекаат резултатите од останатите примероци земени викендов, кои најверојатно ќе се ...
Центарот за управување со кризи пренесува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера бил примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен. Жената била пронајдена почината утрово. „Беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени. Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, вети дека ќе изгради суверена енклава во Тирана за Бекташиското исламско верско братство, по моделот на Ватикан, пишува „Њујорк тајмс“. Според Рама, овој модел му овозможува на главниот град на Албанија да му предаде на Бектешискиот ред простор од 27 хектари земја со своја администрација, пасоши и граници, каде алкохолот ќе биде дозволен, а жените ќе можат да носат што сакаат, со што оваа енклава ќе стане ...
Министерството за култура и туризам утре ќе ги објави Конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата на кои заинтересираните апликанти до 31 октомври ќе може да се пријават електронски преку националниот портал за е-услуги. Министерот Зоран Љутков денеска на прес-конференција рече дека конкурсите се реформски и со промени во начинот на финансирање, со што, како што рече, се прави „квалитативен наместо квантитативен исчекор ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70 километри на час). Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 5 до 19 степени. Утре (вторник) ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер повремено со брзина над 70 километри на час. Во ...
Очекуваниот број на години на здрав живот во ЕУ во 2022 година во просек изнесувал 62,8 години за жените и 62,4 години за мажите, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат. Гледано по земји, најдолг здрав животен век имаат жителите на Малта и тоа 70,3 години жените и 70,1 година мажите. Кога станува збор за очекуваната должина на здрав живот кај жените, „вицешампиони“ се Бугарките со 68,9 години, пред Словенките со 68,5 ...
Можни причини за вртоглавица по будењето може да укажуваат на дехидрација, инфекција на увото, низок крвен притисок, несакани реакции на некои лекови и некои други проблеми. Третманот на утринската вртоглавица зависи од нејзината причина. Повеќето луѓе повремено доживуваат вртоглавица, која може да се манифестира на различни начини, вклучувајќи: чувство на слабост или несвестица, чувство на нерамнотежа или дезориентација, чувство на вртоглавица. ...
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, утре ќе настапи позначителна промена на времето. „Од утринските часови најпрвин во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер, наместа над 70 километри на час кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали – утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени“, соопшти УХМР. Промената на ...
Руските граѓани се повеќе купуваат станови во Србија, а продажбата годинава е зголемена за 10 отсто, јави дописикот на МИА од Белград. Како што пренесува Блумберг Адриа, вкупната вредност на становите што Русите ги купувале во првите два кварталa е 85 милиони евра, од кои половина недвижнини се купени во Белград. Русите се одлучуваат за Војводина, главно Нови Сад и Суботица. Ивана Штрбац, раководител на Одделот за проценка на недвижности на ...
Министерството за образование и наука објави резултати од Конкурсот за сместување студенти запишани на прва година додипломски студии во студентските домови во академската 2024/2025 година. „Приговор по однос на резултатите, секој студент може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите“, се наведува во објавата на резултатите на веб-страницата на МОН. Според Конкурсот објавен во ...
Со спроведување на анкета помеѓу наставниците и учениците од трета и четврта година во средните гимназиски училишта, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започнуваат процесот на унапредување на квалитетот на гимназиското образование и негово усогласување со европските образовни стандарди. „Повеќе од 20 години гимназиското образование е непроменето и неопходна е потребата од прилагодување на глобалните ...
На западниот брег на хрватскиот јадрански остров Крк, некогаш имало мало рибарско село, каде што туризмот почнал да се развива во последните десетлетија на 19 век. Околу 100 години подоцна, на почетокот на 1970-тите, во екот на туристичкиот бум во поранешна Југославија, изграден е хотелско-рекреативниот комплекс „Халудово“. Централниот дел на проектот и амбициозната визија на американските инвеститори било луксузното казино во хотелот „Палас“ ...
Да се биде родител честопати е сложена улога. Како родител, секој сака да даде сѐ од себе, но неизбежно е, во одреден миг, и да се погреши некаде. Без разлика дали ненамерно правите премногу строг распоред за своите деца или не им давате доволно простор и време за нивните игри и хобија, сѐ тоа може да биде предизвик за родителите во справувањето со пречките на патешествието наречено родителство. Така, не постојат совршени родители, но некои ...
СВР Тетово информира дека ноќеска 50 минути после полноќ на улица ,,Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 39 годишниот гостиварец Ф.А., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Гостивар физички ја нападнал неговата 61-годишна мајка, при што употребил дрвени и метални предмети. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен ...
На денешниот празник, Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Петка“ во Гостивар, во сослужение со свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. Пред започнувањето на Литургијата, според Црковниот устав, среде храмот беше изнесен светиот Крст, каде што беше воздвижен, а свештенството и верниците се поклонија пред духовното оружје, кое е слава ...
Отсега книгите од градската библиотека во Гостивар ќе бидат подостапни и поблиски до читателите. Денес свечено беше пуштен во употреба новиот простор на библиотеката, веднаш на влезот во објектот на Центарот за култура АСНОМ, во чиј склоп и функционира. Просторот е целосно реновиран и опремен со полици и друг неопходен инвентар. Како што вели директорката на Центарот за култура, Фарије Адили, дислокацијата се направи со цел подобри услови и ...
СВР Тетово соопшти дека ноќеска во 2 часот после полноќ во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница од улица „Боге Велјаноски“ со улица „Питарница“ во Гостивар, патничко возило „опел корса“ со албански национални ознаки, управувано од А.Л.(51) од Република Албанија, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Медицински Центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ...
„Веќе се преземени мерки, денеска наутро земени се нови мостри на вода, резултатите ќе ги имаме за 24 часа. Се надевам дека до утре веќе ќе имаме резултати врз кои ќе може да им соопштиме на граѓаните дека водата ќе биде безбедна за користење.“, кажа денес в.д градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани во одговор на новинарско прашање во врска со загадувањето на водата од градскиот водовод, во која се откриени бактерии. Во однос на изворот на ...
Денешниов празник Крстовден во православието е органски поврзан со вчерашниот празник, празникот на осветувањето на црквата на Христовото воскресение во Ерусалим. Имено, во истата таа црква беа сместени остатоците од чесниот крст на кој беше распнат Христос, а кој крст го пронајде мајка му на цар Константин Велики, царицата Елена. Уште еден настан, освен пронаоѓањето на чесниот крст, е поврзан со овој празник, а тоа е неговото враќање од ...
Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Денеска завршува преодниот период рок на Законот од 6 месеци за да ...
По вчерашното известување од ЈП „Комуналец“ дека во водата од градскиот водовод во Гостивар се пронајдени бактерии и не е безбедна за пиење, екипа од гостиварското одделение на Центарот за јавно здравје утрово зема примероци за вонредни анализи. Редовните анализи на водата ги врши приватна лабараторија со која Комуналец има склучено договор. Центарот за јавно здравје, вонредните ги прави по службена должност. „Откако добивме информација дека ...
Времето денес (петок) ќе биде сончево и топло. Максималната температура на подрачје на Гостивар ќе достигне 29 степени. Утре (сабота) нѐ очекува претежно сончево и топло време со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени. Од попладневните часови ќе започне да се зголемува облачноста и според синоптичарите, во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Следува ...
Центарот за управување со кризи информира дека денеска, во период од 08:00 до 18:00 часот во повеќе наврати ќе се извршува планирано минирање на терен на локалитет кај село Горна Бањица, Општина Гостивар. Од ЦУК ја пренесуваат и информацијата од Општина Гостивар дека, врз основа на најновите микробиолошки анализи, известува дека водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови откриле присуство на калиформни ...
Јавното претпријатие Комуналец-Гостивар попладнево информира дека водата од градскиот водовод микробиолошки не е безбедна за пиење. „Врз основа на најновите микробиолошки анализи, со жалење ве известуваме дека водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици.“, стои во соопштението. ...
Од тестенини и леб до банани и грав, јаглехидратите се повеќе од примамливи и вкусни задоволства, компоненти на многу намирници и тие се клучен дел од здравата исхрана. Јаглехидратите може да се поделат во два вида: едноставни и сложени. Едноставните јаглехидрати брзо се варат, обезбедуваат енергија и лесно се апсорбираат во вашите крвни зрнца. Од друга страна, на сложените јаглехидрати им треба одредено време за да се апсорбираат поради сите ...