
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Годишната прослава на Светската недела на вселената во земјава започнува денеска со темата „Вселената и климатските промени“. Целта на овој настан е да се истакне важноста на вселенските истражувања и нивното позитивно влијание врз човештвото „Секоја година од 4 до 10 октомври, луѓе од целиот свет се обединуваат за да ги прослават достигнувањата во истражувањето на вселената и да ги едуцираат и инспирираат младите“, вели Марина Таневска, ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 13 до 22 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност и во деновите од ...
Октомври ширум светот е прогласен како Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојка. По тој повод денес, во Собранието се обрати претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска истакна дека ракот на дојка е втор најчесто дијагностициран рак кај жените по ракот на кожа, а е втор по причина за смрт од рак по ракот на бели дробови. Таа потенцира дека честотата на оваа болест во последните 30 години ...
Триесет и пет годишен маж од Кичево вчера на (02.10.2024) во 16.40 часот во ОВР Гостивар, пријавил дека бил измамен од едно лице од Гостивар за сума од 5.000 евра. Според пријавеното, во јуни 2024 година тој отишол во продажен објект во Гостивар и од лицето побарал да купи одреден производ, но бидејќи моментално го немале производот, му оставил капар од 2.000 евра за што му била издадена потврда и се договориле во најбрз можен рок да го набави ...
Сезонските промени носат различни промени во човековото тело, а една од помалку посакуваните појави е зголеменото опаѓање на косата наесен (а понекогаш и напролет). Стручњаците велат дека, сепак, постојат начини да се намали тој косопад. Луѓето вообичаено губат околу 100 влакна коса секој ден. Ако, сепак, има повеќе влакна од вообичаено на перницата или на четката за коса при преминот од една сезона во друга, се работи за т.н. сезонско опаѓање ...
До почетокот на следната летна сезона се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево, делот од Врбјани и Арбиново до Охрид, со мал прекин кај селотот Ботун, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. На прес-конференција по повод 100 дена од новата Влада, Николоски информира дека кредитот за реализација на овој проект е ефективен и средствата се одобрени. Според него, изведувачите ...
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар, спроведоа превентивно едукативна кампања за заштита од џебни кражби, примарно фокусирана на повозрасните граѓани во Гостивар. Притоа, полициските службеници споделија совети како граѓаните да се заштитат, а дополнително беа поделени и едукативни печатени материјали. Во разговорите беше потенцирана и неопходноста од соработка и ...
Викендов во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт, во чест на 10-годишнината од смртта на еден од највлијателните и најпочитувани македонски музички менаџери и продуценти, гостиварецот Даниел Милошески – Данче. Концертот во слава на човекот кој остави неизбришлив белег во македонската и балканската музичка индустрија е насловен „Во спомен на љубовта за Данче“, а најавен е настап на бројни музички ѕвезди од македонската музичка сцена. Во чест на ...
Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински. Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според ...
Закуска навечер му годи на телото, особено по долг, напорен ден. Сепак, она што се јаде пред спиење може или да го поддржи или да му наштети на човековиот метаболизам. Погрешна закуска може да го наруши варењето, т.е. да ги забави процесите на согорување на маснотиите, но влијае и на сонот. Во оваа смисла, според стручњаците, трите најопасни вечерни „вкусни задоволства“ се сладоледот, чипсот и крекерите. Сладоледот е една од најомилените идеи за ...
Слика пронајдена од италијански трговец со антиквитети, е досега непознат оригинален портрет насликан од шпанскиот уметник Пабло Пикасо, открија италијански експерти. Откако случајно ја пронашол сликата во подрум на куќа на италијанкиот отров Капри во 1962 година, Луиџи Ло Росо го однел платното дома во Помпеја. Ја закачил на ѕид во дневната соба, а неговата сопруга ја сметала сликата за „страшна“, пишува „Гардијан“. Се верува дека тоа е уште ...
Социјализацијата на децата е процес кој започнува уште од најраната возраст и има значајна улога во оформувањето на личноста што ќе ја развијат. Дружењето уште додека децата се мали, дури и во периодот додека се во пелени, може да ги унапреди нивните комуникациски вештини. Овие први интеракции со врсниците ги учат децата на позитивна и соодветна комуникација со другите, што е суштински дел од нивниот развој. Раното дружење – почеток на ...
Собранието на денешната 16. седница донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во земјата а во согласност со изборното законодавство со кое, меѓу другото, се предвидува претседателот на ова тело да биде од редот на опозицијата. Со усогласувањето претседател на ДИК е досегашниот член Борис Кондарко, кој доаѓа на предлог на СДСМ, а потпретседател Абдуш Демири, на предлог на Беса. Членови се ...
Фудбалскиот клуб Гостивар од Гостивар, кој поради недоразбирање со локалната власт одлучи домашните натпревари да ги игра најпрво на Градскиот стадион во Штип, а потоа на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари, се искачи на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево со головите на Ајдоган, Симоновски и Алдаир во дербито на 7 коло ја совлада Шкендија со 3-1. Без победник завршија натпреварите ...
По повод 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица во Гостивар се одржа креативна работилница за плетење и хеклање на која учествуваа пензионерки. Активноста ја организираше Oпштинската организација на Црвениот крст во Гостивар во соработка со гостиварското Здружение на пензионери Гостивар. „Ова работилница имаше за цел промовирање на достоинството, благосостојбата и креативноста на постарите лица во општеството. Изработените ракотворби на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили. Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја, извести МНР. Како што се наведува во соопштението, имајќи ја предвид влошената ...
До крајот на неделава се очекува шест министерства да ги достават извештаите од комисиите кои прават евалуација на предлог-проектите со кои општините се јавиле на повикот за реализација на капитални и инфраструктурни проекти кои би се финансирале од централниот буџет. Најмногу предлози стигнале за реконструкции на улици и патишта и за проекти од областа на животната средина. Повикот на Министерството за локална самоуправа беше објавен на 5 ...
Темјанот е автентично, античко растение со силен мирис и е еден од главните зачини во медитеранската, карипската, централноамериканската кујнa. Растението потекнува од античко време, а со векови се користи за медицински цели и како дел од верски обреди. Речиси во сите религии, палењето темјан за прочистување и исцелување е древен ритуал. Богат е со тимол и други есенцијални масла и соединенија кои го зајакнуваат имунитетот за да можат да се ...
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека во тек е ракетен напад од Иран. „Од вас се бара да останете во заштитено подрачје до понатамошно известување“, се вели во соопштението на војската. Се додава дека експлозиите што се слушаат низ целата земја се пресретнати или удари. Пријавени се повеќе места на удари од шрапнели во Тел Авив, во близина на Мртвото Море, на југ и во регионот Шарон. Се уште нема информации за повредени, иако на сите Израелци им ...
Првите 100 дена на новата Влада власта ги оценува како успешни, додека опозицијата упати серија критики. Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од сработеното, и покрај како што вели лошата позиција наследена од претходната влада, додека според лидерот на СДСМ Венко Филипче во првите месеци од новата Влада не виделе ниту еден конректен проект или реформа во интерес на граѓаните. На прес-конференција во Владата за одбележување на првите 100 дена ...
По неколкудневна забрана за пиење, која дојде како резултат на откриени бактерии, водата од водоводот во Гостивар повторно е безбедна и може да се консумира. Ова го потврдија денес и од Јавното претпријатие „Комуналец“, како и од службата на Центарот за јавно здравје во Гостивар. За три последователни анализи на примероци земени претходните неколку дена добиени се резултати кои одговараат на прописите. „Последните резултати стигнаа денес, тие се ...
Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година. Како што посочуваат од МОН, станува збор за вкупно девет различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од ...
Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар доби донација од агрегат за производство на електрична енергија, кој, според оценката на надлежните целосно ќе ги задоволи потребите на оваа здравствена установа. Агрегатот е со јачина од 400 kw и во вредност од околу 100.000 евра. На примопредавањето на донацијата во болницата денес присуствуваше градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани. „Донацијата е обезбедена благодарение на нашата ...
На 30-ти септември 2024 година, во 15:40 часот, во селото Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициската станица Галате ги лишиле од слобода Ѓ.М. (61), Е.М. (30), М.М. (35), Џ.М. (56) и Н.М. (61), сите од село Врапчиште. Лицата биле пријавени во 15:00 часот од Б.И. (41), судија во Основен суд Гостивар, дека истите во Врапчиште спречувале судски службеници во извршување на службени дејствија и задачи, при што и физички ги нападнале. ...
За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 проценти студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или 20 отсто повеќе студенти. Бројот на студенти во земјава го достигнал ...
Водата за пиење од системот за водоснабдување во Гостивар е безбедна и употреблива, соопшти денеска Јавното претпријатие „Комуналец“. „Според информациите од микробиолошката анализа од надлежните лаборатории кои го контролираат квалитетот на водата врз бактериолошката состојба и хемиски-физички анализи, потврдено е дека водата градскиот водовод е безбедна.“, се наведува во известието. Изминатите денови се вршеа вонредни анализи на водата откако ...
Пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија. Линеарното покачување на пензиите, што е предизборно ветување на новата Влада, е првпат по неколку години. Досега пензиите се усогласуваа со растот на платите и трошоците на живот. Собранието на 12 септември ги усвои измените на Законот за пензиското и ...
Истурени сосови, трошки и остатоци од изгорена храна – нечистотија и маснотии се таложат во рерната секој ден, што тешко се чисти. Но, наместо да користите средства за чистење кои содржат многу хемикалии, пробајте само две природни состојки за ефикасно чистење на вашата рерна – сода бикарбона и оцет. Извадете ги решетките од рерната, како и се што складирате во неа и оставете ги на страна. Во помал сад измешајте 1/2 чаша сода бикарбона со ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври. -Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2024 и трае до 30.10.2024 година, наведуваат од ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,5 ...