На вчерашните повторени избори во Маврово Ростуше победи кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Онер Јакупоски. Според податоците кои ги објави Државната изборна комисија, Јакупоски освои 1.982 гласа, што е 65,61% од вкупниор број гласачи. Неговиот противкандидат од СДСМ, Анес Ахмети доби 961 глас, односно 31,81%. Излезноста на изборите во Маврово Ростуше е 28,57%. Правото на глас го искористиле вкупно 3.021 гласач. Евидентирани се 78 ...

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Онер Јакуповски за градоначалник на Општина Маврово Ростуше на повторените локални избори не е само локален резултат, туку јасна политичка порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност, порака дека не се наградуваат празни зборови туку резултати, рече вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако соопшти дека тој го победил својот ...