Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги делегира судиите за натпреварите во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, а таму имаме три судиски тимови од Македонија. Игор Стојчевски ќе биде главен судија во Лигата на шампионите, на мечот меѓу Атерт Бисен од Луксембург и Клаксвик од Фарски Острови кој ќе се игра на 15 јули. Асистенти се Вјолца Изеири и Тоше Ицев, четврти судија е Фатмир Бафто. Во Конференциската лига, на ...
Македонското судење повторно ќе има свои претставници на европската сцена, откако УЕФА им довери натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите и Конференциската лига на три судиски четворки од нашата земја. Првиот предизвик ќе го има Влатко Илиоски, кој како главен судија ќе го води дуелот од Конференциската лига меѓу Алашкерт од Ерменија и Елимаи од Казахстан. Негови помошници ќе бидат Владимир Митревски и Борис Трајков, додека ...

