Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години успешно го започна настапот на Европското првенство Б-дивизија, откако во првото коло ја совлада домаќинот Словачка со 71-63. Избраниците на селекторот Никола Велев имаа потежок почеток на натпреварот, па по првите десет минути Словаците имаа минимална предност од 17-15. Сепак, македонските надежи одиграа одлична втора четвртина, во која целосно ја презедоа контролата врз играта. ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер не го криеше задоволството по победата над Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон, истакнувајќи дека секој дуел со српската тениска легенда претставува посебна мотивација. Актуелниот шампион славеше со убедливи 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и обезбеди место во своето второ последователно финале на Вимблдон. „Неверојатно чувство. Ви благодарам на сите што дојдовте, атмосферата беше фантастична. Многу ми ...
Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го даде своето прво интервју по враќањето на клупата на „кралскиот клуб“, нагласувајќи дека неговата главна цел е да создаде победничка култура и да го издигне клубот на уште повисоко ниво. Португалскиот стратег истакна дека не размислува за личните успеси, туку за доброто на целиот клуб. „Зборовите не се доволни, затоа што ова за мене е мисија. Не сум овде за да се грижам за себе или за тоа колку ќе ...
Најтрофејниот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Вимблдон во полуфиналето, откако актуелниот шампион Јаник Синер славеше со максимални 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и обезбеди место во големото финале. Дуелот на Централниот терен траеше два часа и 20 минути, а светскиот рекет број еден уште еднаш покажа зошто е главен фаворит за титулата. Иако седумкратниот шампион на Вимблдон одигра квалитетен меч, 15 години ...
Шпанија и Белгија ја продолжуваат четвртфиналната програма на Светското првенство (СП) и ќе го дадат следниот полуфиналист. Селекторите Луис Де Ла Фуенте и Руди Гарсија, ги одредија тимовите за мечот кој ни следи. Во составот на Шпанија има едно изненадување, го нема Педри, кој беше стартер на сите останати натпревари. Шпанија (4-3-3): Симон; Поро, Кубарси, Лапорт, Кукуреља; Родри, Руиз, Олмо; Баена, Јамал, Ојарзабал Белгија (4-2-3-1): ...
Фудбалската федерација на Португалија и официјално го потврди назначувањето на Жорже Жезус за нов селектор на националната репрезентација. Искусниот 71-годишен стратег го наследува Роберто Мартинез и потпиша договор до 2030 година. „Денес започнува ново поглавје. Добредојдовте во репрезентацијата, мистер Жорже Жезус“, објави Португалската федерација на своите официјални канали. За Жезус ова ќе биде прв ангажман како селектор во богатата ...
Неколку дена по елиминацијата од Франција во осминафиналето на Светското првенство, дел од навивачите на Парагвај приредија скандалозен потег и на фестивал го запалија ликот на Килијан Мбапе. Француската ѕвезда беше стрелец на единствениот гол во победата од 1-0, а уште за време на натпреварот беше мета на груби стартови и провокации од противничките фудбалери. По мечот тензиите не стивнаа, туку дополнително се зголемија. На тоа претходеа и ...
По назначувањето на Горан Симов за нов тренер, третолигашот Илинден доведе капитално засилување во својот ростер. Нов член на амбициозниот клуб е Дарио Десниќ, фудбалер кој минатата сезона ја мина во редовите на Шкендија Арачиново со која обезбеди историски пласман во ПМФЛ. „Со големо задоволство го објавуваме нашето прво летно засилување – Дарио Десниќ, кој пристигнува од екипата на Шкендија Арачиново. Дарио е искусен фудбалер со богато ...
Фудбалскиот клуб Работнички, кој зад себе ја остави една од најлошите сезони во клупската историја, со нови сили ги започна подготовките за тешката мисија која што ќе ја има во новиот шампионат. Некогашниот првак на Македонија сега ќе игра во Втората македонска фудбалска лига и денеска означи старт на подготовките за идните предизвици. Клубот од Дебар Маало го потврди Баже Јанакиевски е нов шеф на стручниот штаб на Работнички, кој на ...
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, ја потврди и втората донација од столчиња која ќе заврши на неколку игралишта ширум државата. Тој на социјалните мрежи објави дека втората донација брои околу 9000 столчиња, кои ќе бидат поставени на терените во Кисела Вода, Велес, Гостивар, Радовиш, Гевгелија, Гази Баба... „Ветивме дека ќе инвестираме во подобри услови за фудбалот. И тоа го правиме. Продолжуваме со ...
Александар Зверев е првиот финалист на овогодишното издание на Вимблдон, откако во полуфиналето без поголеми проблеми го совлада британскиот тенисер Артур Фери со 3-0 во сетови (7-6, 6-2, 6-4). Германецот најголем отпор доби во првиот сет, кој беше решен во тај-брејк. Таму Зверев одигра маестрално и со убедливи 7-0 го направи првиот чекор кон победата. Во продолжението целосно го контролираше натпреварот, не му дозволи на домашниот миленик да ...
Мароко го заврши настапот на Светското првенство со пораз од Франција (2-0) во четвртфиналето, а селекторот Мохамед Оуахби не го криеше разочарувањето по натпреварот. Стратегот смета дека првиот погодок на „триколорите“ не требало да биде признат поради играње со рака во акцијата што му претходела. Оуахби тврди дека Адриен Рабио играл со рака пред топката да стигне до Килијан Мбапе, кој ја затресе мрежата и ја доведе Франција во водство. ...
Новиот претседател на фудбалскиот клуб Пелистер, Димитар Митревски, го имаше своето прво официјално обраќање по преземањето на функцијата, при што порача дека неговата главна цел е стабилизација на клубот и создавање цврсти темели за иднината. Митревски истакна дека е благодарен за укажаната доверба и дека со голема мотивација ја прифатил новата улога, а како еден од првите потези го посочи ангажманот на Борче Христов за шеф на стручниот ...
Нови државни прваци за 2026 година се Сара Митевски и Стефан Мицов, кои во денешните финални мечеви ги совладаа Теона Андова односно Амар Хусеиновиќ. Во машко финале кое траеше 2 часа и 45 минути Мицов успеа да стигне до својата трета титула државен првак (2011 и 2013) откако со 2-1 во сетови (6-1, 6-7/2, 6-4) во меч со пресврти го совлада колегата од Дејвис куп репрезентацијата Хусеиновиќ (го играше првото финале на ДП). По првиот сет кој ...
Второлигашот Новаци под водство на новиот тренер Иван Варадиновски ги стартуваше подготовките за новиот шампионат во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Комплетните подготовки Новаци ќе ги одработи на домашно тло, а веќе и закажа неколку контролни средби со кои новиот стручен штаб ќе ја темпира формата за сезоната. Прв ривал на Новаци во подготовките ќе биде тимот на Охрид (18.07), потоа ќе одигра пријателски натпревари и со Кожув ...
Битолски Пелистер веќе ги започна подготовките за новата сезона во која ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. „Зелно-белите“ во походот кон експресно враќање во елитата тргнуваат со комплетно нова слика. Клубот доби нов претседател, нов тренер, а денес го објави и комплетниот стручен штаб. На искусниот Борче Христов ќе му асистираат Горан Ганчев и Трајче Стојковски, Илче Петровски ќе биде тренер на голманите, додека ...
Мозес Рајт кој неодамна доби македонско државјанство и пасош направи трансфер во Барселона. Сепак, тој би можел експресно да ја напушти Каталонија. Последните случувања во клубот го натерале американскиот центар со македонски пасош да ја преиспита својата одлука. Според информациите, Рајт ја известил управата на Барселона дека сака да ја прекине соработката по промените во стручниот штаб и заминувањето на Чави Пасквал. Доколку сака да го ...
Колумбиската фудбалска репрезентација се врати во татковината по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство, но меѓу патниците за Богота го немаше Хаминтон Кампаз. Фудбалерот одлучил да не се врати со националниот тим поради сериозни закани по неговата безбедност. Кампаз се најде на удар на јавноста откако во натпреварот против Швајцарија промаши голема шанса во самиот финиш, со која можеше да ѝ донесе победа на Колумбија пред ...
Белгија и во четвртфиналето против Шпанија на Светското првенство нема да смета на повредениит Зено Дебаст. Стоперот на Спортинг пристигна на Мундијалот со повреда на ногата, поради која досега не одигра ниту една минута. Иако лекарскиот тим на белгиската репрезентација смета дека е подготвен, португалскиот клуб не му дозволува да настапи. „Зено Дебаст нема да биде на располагање за четвртфиналето. Неговиот клуб, Спортинг, го извести играчот ...
Белгискиот стратег Хуго Брос стави крај на дилемите околу својата иднина и официјално потврди дека повеќе нема да ја предводи репрезентацијата на Јужна Африка. „Нема да бидам повеќе селектор на Јужна Африка. Ако имаат потреба од некоја друга функција, можеби скаутинг е друга приказна. Фудбалот повеќе нема да биде дел од мојот живот 24 часа“, изјави Брос. Иако по елиминацијата од Канада во осминафиналето на Светското првенство призна дека ...
Франција го славеше пласманот во полуфиналето на Светското првенство, но прославата на северот од земјата заврши со голема трагедија. Во местото Оноа Емери животот го загуби 17-годишно девојче, кое паднало од камион за време на славјето. Според првичните информации, девојката се качила на задниот дел од влекач кој се движел без приколка за да ја прослави победата на француската репрезентација. Во еден момент ја загубила рамнотежата, паднала ...
Франција со победата од 2-0 над Мароко обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство. Килиан Мбапе продолжи да ги поместува границите со своите бројки на најголемата фудбалска сцена. Напаѓачот на Франција повторно беше во центарот на вниманието, иако промаши пенал потоа го даде првиот погодок на средбата. Со тоа францускиот капитен стигна до осум погодоци на актуелниот Мундијал, а според статистиката на „Опта“ стана единствениот ...
Шпанија вечерва ќе се соочи со Белгија во четвртфиналето на Светското првенство, а Ламин Јамал верува дека токму во завршницата од турнирот ќе го покаже своето најдобро издание. Младиот фудбалер на Барселона нагласи дека на Мундијалот пристигнал по двомесечна пауза без натпревари, поради што му било потребно време повторно да влезе во натпреварувачки ритам. „Не играв фудбал два месеци. Тешко е кога ќе одиграш седум натпревари во низа. Треба ...
Ерлинг Халанд не е само еден од најдобрите напаѓачи во светот, туку и фудбалер кој никогаш не ги заборава своите корени. Кога настапува за норвешката репрезентација, тој побарал на неговиот дрес да стои и презимето Браут, па затоа на грбот носи Ерлинг Браут Халанд. Браут е презимето на неговата мајка Марита, поранешна професионална спортистка и повеќекратна шампионка на Норвешка во седмобој. Халанд исто така многу пати истакнал дека љубовта ...
Организаторите внимателно ја следат временската прогноза пред четвртфиналниот натпревар меѓу Англија и Норвешка на Светското првенство, бидејќи постои можност дуелот во Мајами да не започне во предвидениот термин. Флорида е погодена од екстремни горештини, а метеоролозите најавуваат дека температурата може да достигне и до 43 степени. Покрај жештината, над регионот се прошири и облак од сахарска прашина, а за подоцна во текот на денот се ...
Најдобрата одбрана против еден од најдобрите напади. Кога почна турнирот, малкумина можеа да претпостават дека токму Шпанија и Белгија ќе имаат таков статус во пресрет на четвртфиналето. Барем не во такви улоги. Од „Црвената фурија“ се очекуваше атрактивен фудбал, убави акции и многу голови, а наместо тоа добивме тим чија мрежа сè уште мирува на територијата на Северна Америка. Од друга страна, „Црвените ѓаволи“ постепено го прошируваа својот ...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување на битолскиот состав е голманот Марко Трајков. Младиот чувар на мрежата пристигнува во редовите на вториот тим на „зелено-белите“, каде ќе се обиде да се наметне со своите настапи и да придонесе во остварувањето на клупските цели. Трајков зад себе има настапи за Голден Арт и Тинекс Пролет, а сега кариерата ќе ја продолжи во Битола како нов член на ...
МЗТ Скопје го задржа своето најголемо домашно оружје за новата сезона, откако официјално ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Обновувањето на договорите со двајцата искусни репрезентативци било еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата натпреварувачка сезона. За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес. Најтрофејниот македонски кошаркар ќе има можност да ја нападне ...
Матеј Гаштаров стави потпис на нов тригодишен договор со Црвена Звезда. Младиот македонски фудбалер ги мина подготовките за новата сезона со првиот тим и веројатно се наметна, па управата го награди со продолжување на соработката. По потписот Гаштаров доби и убаво изненадување во организација на медиа тимот на Црвена Звезда. Тој доби видео-повик од македонските легенди на клубот Дарко Панчев и Илија Најдоски. Двајцата му го честитаа потписот, ...
Франција обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство 2026, откако со 2-0 го совлада Мароко, но селекторот и навивачите со нетрпение ќе ги чекаат вестите околу здравствената состојба на Килијан Мбапе. Ѕвездата на Реал Мадрид го отвори резултатот и стигна до осмиот погодок на Мундијалот, иако претходно не успеа да реализира удар од белата точка. Сепак, во самиот финиш беше заменет поради болка во десниот зглоб, а грижа предизвикаа ...