Челзи продолжува со расчистување на преголемиот ростер пред почетокот на новата сезона. Данскиот голман Филип Јоргенсен ќе ја напушти екипата и во текот на денот ќе отпатува во Франција, каде ќе потпише едногодишна позајмица во Стразбур. Новиот менаџер на „сините“, Чаби Алонсо, не смета сериозно на 23-годишниот чувар на мрежата, кој минатата сезона запиша само 12 настапи. Поради големата конкуренција на „Стемфорд Бриџ“, во Челзи проценија ...

Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, ќе ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Далиќ, кој по Светското првенство го напушти местото на клупата на „коцкестите“, започнува ново поглавје во кариерата. По претходното искуство како тренер на Ал Аин, сега ќе биде предводник на националниот тим на ОАЕ. Според неофицијални информации, хрватскиот стратег ќе заработува околу пет милиони долари ...

Искусниот лев бек Предраг Родиќ во новата сезона ќе го носи дресот на Струга, откако потпиша едногодишен договор со македонскиот клуб. Родиќ настапува на позицијата лев бек, а покрај офанзивните задачи, успешно придонесува и во одбраната. Со неговото доаѓање, Струга добива дополнителна цврстина, висина и богато искуство во одбранбената линија. Во текот на својата кариера настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои Синтелон, Црвена Звезда, ...

Пред почетокот на женскиот шампионат на Македонија, најквалитетните екипи се засилуваат како би биле покомпетитивни. ЖФК Каменица Саса се раздели со Бразилката Тчеури Гоја, но договорени две странски засилување. Во нашиот шампионат доаѓаат бугарската репрезентативка Антонина Шопска од ЖФК Лудогорец и црногорската интернационалка Анџела Савовиќ, која пристигна од хрватскиот ЖНК Сплит. Тимот на Зоран Златковски ќе ја тестира формата на ...

Италијанскиот гигант Милан ја одби првата понуда на Галатасарај за трансфер на Рафаел Леао и јасно стави до знаење дека португалскиот напаѓач нема да замине за сума помала од 50 милиони евра. Турскиот шампион понудил 30 милиони евра, плус уште пет милиони преку бонуси, но раководството на „росонерите“ не било подготвено да ја прифати таквата понуда. Во меѓувреме, ниту самиот Леао сè уште не се согласил на трансфер. Наводно, тој бара годишна ...

Реал Мадрид ги израдува навивачите со големиот трансфер на Јан Диоманде, но според последните информации, „кралевите“ изгледа ќе останат без уште една голема желба во летниот преоден рок - Шпанецот Родри. Неколку познати трансфер извори тврдат дека играчот за врска дал зелено светло за преселба во Барселона. Реал долго време важеше за фаворит за неговиот потпис, а интерес имаше и од ПСЖ, но Каталонците никогаш не се откажаа од идејата да го ...

Искусниот кошаркар Бојан Крстевски ќе го засили тимот на Куманово. Македонскиот суперлигаш ја договори соработката и потпиша договор со 37-годишниот центар. Крстевски беше дел од МЗТ Скопје во изминатите седум години, а претходно го носеше дресот на Работнички, Кожув, Кавала, Торус, Вардар и КК Центар. Во Куманово се очекува да биде големо засилување за играта под кошевите, а управата со неговиот ангажман потврдува дека повторно има високи ...

Традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга оваа година ќе се одржи помеѓу 12 и 15 август, а организаторите ги соопштија и групите во кои ќе бидат распределени сите екипи-учесници. Престижниот турнир крај езерото секогаш привлекува огромно внимание во домашната и регионалната јавност, па затоа истото се очекува и оваа година. Овој пат во Струга ќе допатува само една екипа од странство - Дубочица од Лесковац, која ќе настапи во ...

Иако до неодамна изгледаше дека Маркус Рашфорд нема повеќе иднина во Манчестер Јунајтед, англиските медиуми сè погласно најавуваат дека неговото останување во тимот е сè поизвесно. Англискиот напаѓач минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Барселона, каде забележа 11 голови и 14 асистенции, помагајќи му на каталонскиот клуб да ја освои титулата во Примера и шпанскиот Суперкуп. Иако Барселона имаше можност целосно да го откупи ...

Младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација, Гави, реши целосно да го промени својот имиџ, односно се „поднови“ со нова фризура која привлече внимание во јавноста. Оваа одлука не е случајна, туку исполнување на ветувањето дадено пред почетокот на Светското првенство. Гави тогаш вети дека ќе ја обои косата во розова боја ако неговата селекција успее да се искачи на планетарниот трон. View this post on Instagram A post shared by ...

Лука Модриќ и Хенрик Михтарјан беа дел од тимовите на Интер и Милан во пријателскиот натпревар одигран во австралискиот Перт, кој заврши со нерешен резултат 1-1. Оваа информација можеби некому му се чини неинтересна, но навистина импонира фактот што двајцата продолжуваат со своите импресивни кариери, без оглед на нивната „поодмината“ играчка возраст. Модриќ има полни 40 години, додека Михтарјан има 37, што значи дека двајцата имаат вкупно 77 ...

Реал Мадрид и РБ Лајпциг официјално постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Талентираниот 19-годишен офанзивец потпиша седумгодишен договор со „кралскиот клуб“ и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 30 јуни 2033 година. Со овој трансфер, Реал Мадрид го обезбеди еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, кој во иднина треба да биде важен дел од проектот на шпанскиот гигант. Диоманде пристигнува од редовите на РБ Лајпциг, а ...

Екипата на Санта Луција од Малта дојде на гости во Македонија. Предводен од екс-газдите на Гостивар од Турција, како и македонските тренери Борче Постолов и Емил Грнев, тимот се стационира во Струмица. Второлигашот кој цели да обезбеди промоција во новата сезона и во чии редови настапува ѕвездата Метју Валбуена, дојде на гости во тренинг-центарот на Горан Пандев. Тука ќе биде две седмици, ќе се подготвува за сезоната. Санта Луција ќе одигра и ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го заврши натпреварот против Чехинката Алена Ковачкова во осминафиналето на ИТФ-турнирот во Лајпциг. Ѓорческа го загуби првиот сет убедливо со 6-1, а во вториот Ковачкова имаше предност од 2-1, кога македонската тенисерка беше принудена да го предаде мечот. Засега нема официјално соопштение за причините за повлекувањето, но според првичните информации најверојатно станува збор за повреда. Се ...

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас речиси сигурно ќе го напушти Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, откако германскиот клуб јасно стави до знаење дека не смета на неговите услуги. Според најновите информации од Италија, сериозен интерес за негов ангажман покажуваат Астон Вила, Јувентус и Наполи, при што сите три клуба ја разгледуваат можноста да го доведат на едногодишна позајмица. Наполи, каде Елмас ги помина најуспешните години ...

Брегалница продолжува да се засилува за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а најново име е Матеј Ангелов, кој се враќа во дресот на „сините“. Ангелов е старо-нов плејмејкер на Брегалница, потекнува од школата на штипскиот клуб, се работи за дефанзивен играч за врска. Стекна искуство во Првата македонска фудбалска лига, настапувајќи за Работнички, а беше дел и од украинскиот шампионат, каде настапуваше за екипата на Черкаси, а ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство во 2027 година, откако на Европското првенство ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 34-32 во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски одиграа квалитетен натпревар и во најголемиот дел имаа контрола над резултатот. На полувремето Македонија водеше со 18-13, а иако во второто полувреме дојде до мал ...

Македонскиот напаѓач Георг Стојановски и официјално е нов фудбалер на катарскиот клуб Лусаил. Клубот од Доха официјално го промовираше македонскиот интернационалец како свое најново засилување во летниот преоден рок. Младиот македонски голгетер потпиша тригодишен договор со тимот на Лусаил. Стојановски во Катар пристигнува по успешните настапи во Бугарија за екипата на Спартак Варна. Ова е јголем трансфер и огромен чекор напред во неговата ...

Брегалница в сабота ќе го одигра првиот домашен меч во новата сезона против Арсими, во рамките на второто коло на Првата лига. Капитенот Стефан Коцев, вели дека ги очекува тежок натпревар против тимот од Чегране, но дополнува дека целат кон три бодови. „Атмосферата во клубот е одлична. Работиме напорно, владее позитивна енергија и сите сме максимално посветени и фокусирани на зацртаната цел. Новите засилувања донесоа дополнителен квалитет и ...

Фудбалска Уганда е во шок по трагичната смрт на репрезентативецот Давид Овори, соиграч на екс-вардарецот Роџерс Мато, кој почина на 27-годишна возраст како последица на брутален напад од разбојници. Според информациите на полицијата, Овори бил нападнат во близина на својот дом во главниот град Кампала, додека се обидувал да спречи кражба на неговиот мобилен телефон и личните работи. По нападот им подлегнал на здобиените повреди. Овори беше ...

Грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија и официјално е нов член на Дубаи, каде ќе настапува во сезоната 2026/27. Трансферот беше потврден кратко откако Барселона објави дека ја прекинува соработката со искусниот крилен центар. Иако имаше важечки договор со каталонскиот клуб до јуни 2029 година, Шенгелија сам ја активирал откупната клаузула, платил речиси еден милион евра за предвремен раскин на договорот. Во единствената сезона во дресот на ...

Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп јавно повика на итно решавање на состојбата во ФК Победа, предупредувајќи дека неизвесноста околу функционирањето на клубот може да доведе до тоа прилепскиот клуб да не ја започне сезоната 2026/27. Од ОФС Прилеп потсетуваат дека во текот на следната недела Управниот одбор на Регион 4 треба да ја утврди конечната листа на учесници во натпреварувањето, а евентуалното непојавување на Победа би било сериозен ...

Македонска Шкендија вечерва го започнува предизвикот во третото квалификациско коло од Конференциската лига со гостување кај шкотскиот Хибернијан во Единбург. Македонскиот вицешампион отпатува во Шкотска со јасна цел, да се спротивстави на физички силниот стил на игра на домаќинот и да обезбеди поволен резултат пред реваншот во Скопје. Тренерот Артим Положани се приклучи на екипата на денот на натпреварот поради доцнење со визната ...

Макаби Тел Авив официјално го претстави Даниел Тајс како свое ново засилување. Искусниот германски центар потпиша двегодишен договор, а во Израел пристигнува од Монако. 34-годишниот Тајс зад себе има богато искуство во НБА и Евролигата, а со германската репрезентација беше и светски, но и европски шампион. Од Макаби истакнаа дека неговото доаѓање ќе донесе дополнителен квалитет, особено во одбраната, но и поголема разновидност во играта под ...

По неколкудневните тренинзи во Скопје кои беа воведни во подготвителниот процес за претстојната сезона, ракометарите на Алкалоид се преселија во Маврово каде што во многу подобри, пред сѐ временски услови ги полнат батериите за активностите што ќе ги очекуваат ракометарите кога на ред ќе дојде натпреварувачкиот дел. Во комплетен состав, со исклучок на кадетскиот репрезентативен голман Ѓорѓи Николовски кој е на Европското кадетско првенство, ...

Ракометниот клуб Алкалоид официјално се пресели во Маврово, каде што ја започнува втората фаза од летните подготовки за претстојната сезона 2026/27. По завршувањето на воведните тренинзи кои се одработија во Скопје, тимот предводен од шефот на стручниот штаб Кирил Лазаров пристигна во планинскиот центар во полн состав. Планот за подготовките е комплетен, а договорени се контролни натпревари… „Во текот на планирањето на подготовките ...

Австралискиот клуб Мелбурн Јунајтед го потврди ангажманот на Кол Ентони, кој ќе го засили тимот за сезоната 2026/27. Дваесет и шест годишниот плејмејкер потпиша едногодишен договор, откако во изминатите шест сезони настапуваше во НБА лигата за Орландо Меџик и Милвоки Бакс. Ентони, кој беше 15. избор на НБА драфтот во 2020 година, одигра 367 натпревари во најсилната лига во светот со просек од 12 поени, 4,1 скок и 3,8 асистенции по натпревар. ...

Репрезентативниот голман до 20 и 21 година, Никола Филевски, и во новата сезона ќе го брани голот на Брегалница. Тој се враќа во Штип по неуспешниот обид да реализира трансфер во Јавор Ивањица. Заради строгите правила на Фудбалскиот сојуз на Србија и лимитираниот број на фудбалери надвор од Европската унија во ростерот, Филевски не беше регистриран во клубот од Ивањица. По враќањето во Македонија, Никола Филевски потпиша нов договор и се ...

Пари Сен Жермен претрпе тежок пораз од 3-0 против шпанскиот второлигаш Мајорка во својот прв претсезонски пријателски натпревар кој се одигра во Палма де Мајорка. Тренeрот на францускиот шампион, Луис Енрике, се одлучи за силно подмладен состав. На натпреварот отсуствуваа голем број клучни репрезентативци кои сè уште се на продолжен одмор. Меѓу стартерите беа млади таленти како 16-годишниот Аксел Кукаба и 17-годишниот Давид Боли. Од ...

Германскиот тенисер Александар Зверев е елиминиран уште во својот прв меч на Мастерсот во Монтреал. Како прв носител на турнирот, тој претрпе шокантен пораз од Холанѓанецот Талон Грикспор со резултат од 6-7/3, 6-2, 6-4. Зверев беше слободен во првото коло, но не успеа да го најде вистинскиот ритам во својот воведен меч и стана дел од големата серија изненадувања и елиминации на фаворитите уште на самиот почеток на овој канадски Мастерс ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87