Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Македонскиот суперлигаш Алкалоид веќе десетина дена е во тренажен процес, од почетокот на неделава е на висински подготовки во Маврово каде што во одлични пред сѐ временски услови акумулира енергија и ја подобрува физичката подготвеност за претстојните искушенија што ќе ги донесе сезоната. Мартин Велковски е еден од поискусните играчи во Алкалоид и веќе добро му е познат критериумот на тренерот и што од играчите ќе се бара во оваа фаза од ...
Македонскиот интернационалец Ристо Митревски додаде нов трофеј во своите витрини на клупски план и освои одличје во Индонезија. Како увертира на новата сезона се одигра Претседателскиот куп помеѓу екипите на Персебаја и Персиб Бандунг, а триумфира екипата на Персебаја во чии редови настапува македонскиот дефанзивец. Натпреварот се реши по пенали. Регуларниот дел заврши 1-1, а во пенал-серијата победи Персебаја со 6-5. Митревски шутираше пенал ...
Македонскиот суперлигаш МКК Куманово го задржа еден од своите најважни кошаркари, откако Андреја Стевановиќ го продолжи договорот и ќе го носи дресот на клубот и во претстојната сезона. Бекот останува дел од кумановскиот состав со амбиција да продолжи со добрите партии и да придонесе во остварувањето на клупските цели. Стевановиќ беше еден од лидерите на тимот на Марин Докузовски во изминатата сезона, во која бележеше просек од повеќе од 17 ...
Силекс на стартот од новата сезона во ПМФЛ на домашен терен забележа убедлива победа од 6-0 во дуелот против Башкими, а денеска оди по првите гостински три бода. На стадионот „Чаир“ за ривал ќе го има тимот на Шкендија Арачиново. Кратовскиот состав посакува да продолжи да чекори победнички во новата сезона. И покрај тоа што за ривал го имаат новиот прволигаш сепак тие се внимателни и очекуваат тежок меч. Дарко Ангелески, играчот од средниот ...
Младиот фудбалер на Црвена Звезда, Василије Костов, останува на радарот на Интер, но неговиот ангажман во моментов не е меѓу главните приоритети на миланскиот клуб во летниот преоден рок. Според новинарот на „Спортиталија“, Џанлуиџи Лонгари, Интер е заинтересиран за 18-годишниот играч за врска, но доколку го реализира трансферот, веднаш би го испратил на позајмица во друг клуб од Серија А. Како најсериозен кандидат за негов развој се ...
Повредата на десното колено на Јаник Синер не е од сериозна природа, соопштуваат медицинските извештаи по деталните прегледи во Милано. Најдобриот светски тенисер помина четиричасовни превентивни и дијагностички тестови во клиниката „Физиоклиник“. Резултатите покажаа дека нема структурно оштетување на коленото, туку се работи за воспаление предизвикано од големиот број одиграни мечеви и зголемениот физички напор во текот на сезоната. ...
Аргентинскиот талент Франко Мастантуоно пристигна во Фиренца каде што доби спектакуларен пречек од стотици навивачи на Фиорентина пред медицинските прегледи и официјалното потпишување на договорот. Тој доаѓа како едногодишна позајмица од Реал Мадрид до јуни 2027 година. Аргентинецот доаѓа на чиста позајмица без опција или обврска за откуп по завршувањето на сезоната. Неговата нето плата од 3,5 милиони евра ќе биде поделена 50/50 помеѓу Реал ...
Третолигашот Илинден продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона. Ново име во црвено-црниот дрес е 18-годишниот играч за врска Петар Блажевски, кој пристигнува од екипата на Аеродром. Блажевски важи за еден од перспективните млади фудбалери, а својата фудбалска афирмација ја стекнал во младинската школа на Вардар, каде ги поминал сите категории и ја носел капитенската лента на кадетската екипа. Од клубот му посакаа топло добредојде ...
Шампионот ќе ја има таа чест да ја отвори сезоната во најсилната лига на светот. Сезоната 2026/27 во англиската Премиер лига започнува на 21 август во 21:00 часот со натпреварот Арсенал - Ковентри Сити. Прво коло: Петок (21 август) Арсенал - Ковентри Сити Прво коло: 22 август (сабота) Хал Сити – Манчестер Јунајтед Ипсвич Таун – Сандерленд Нотингем Форест – Лидс Јунајтед Евертон – Кристал Палас Брентфорд – Тотенхем 23 август (недела): ...
Шкендија Арачиново е подготвена да испише уште една историска страница во елитата на домашниот фудбал. Овој петок, екипата ќе го одигра својот прв натпревар како домаќин во ПМФЛ, каде на стадионот во Чаир ќе ги одмери силите со тимот на Силекс. По тешкиот старт и лекцијата научена против шампионот Струга Трим Лум, раководството на клубот не седеше со скрстени раце: одбраната е засилена со нови имиња во преодниот рок за да му се даде ...
Уште еден младински репрезентатвец на Македонија следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Битолскиот клуб постигна согласност со репрезентативецот до 20 години, Бојан Димитриев. Се работи за 20-годишен кошаркар, висок 2024 сантиметри, а минатата сезона ја мина во дресот на Водно Санс. Клубот официјално ќе го претстави Димитриев на почетокот на подготовките. Пред овој потпис, екипата која ќе ја води Тане Спасев ги осигура потписите на ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) останува на ставот за бојкот на натпреварувањата под капата на ФИФА, бидејќи смета дека сè уште не се исполнети условите за подобрување на односите со Светската фудбалска организација и нејзиниот претседател Џани Инфантино. Европската фудбалска унија порача дека само повлекувањето на предлогот за продажба на комерцијалните права на најголемите ФИФА натпреварувања не е доволно за промена на нивниот став. ...
Шкендија претрпе несреќен и минимален пораз од 2-1 на гостувањето кај шкотскиот претставник Хибернијан, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Тетовските „црвено-црни“ одиграа храбар и тактички зрел натпревар на стадионот „Истер Роуд“ во Единбург, но попуштија во самиот финиш. „Мислам дека нерешен резултат ќе беше најправеден. Нè разочара начинот на кој примивме гол за 2-1, бидејќи тој гол можеше да ...
Една од ѕвездите на НБА лигата, Демар Дерозан, откри интересни детали за начинот на кој легендарниот тренер Грег Попович ги мотивирал кошаркарите на Сан Антонио Спарс, истакнувајќи дека за него животните вредности секогаш биле поважни од резултатите на теренот. Дерозан раскажа дека наместо класични мотивациски говори, Попович понекогаш им прикажувал документарни снимки од земји погодени од војни и сиромаштија. „Ќе дојдевме на тренинг, а тој ...
Макаби Тел Авив продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а само еден ден по потписот на Даниел Тајс, клубот го официјализираше и ангажманот на центарот Армандо Бејкот. 26-годишниот кошаркар доаѓа од Фенербахче, каде што минатата сезона имаше ограничена минутажа во тимот предводен од Шарунас Јасикевичиус. Во Евролигата одигра 26 натпревари со просек од 2,4 поени и 1,8 скока за околу 10 минути по натпревар. Бејкот пристигна во ...
Маркус Турам се подготвува за новата сезона со полн интензитет. Францускиот напаѓач на Интер е максимално посветен на летните подготовки, а вниманието го привлече и со изборот на опрема за тренинг. Турам на тренинзите на „нероаѕурите“ носеше дрес со бројот и името на Роналдо Назарио, легендарниот бразилски напаѓач кој е еден од неговите фудбалски идоли. Французинот никогаш не криел дека му се восхитува на Роналдо поради неговата техника, ...
Актуелниот европски шампион, ПСЖ, официјално го комплетираше трансферот на Магнес Аклиуш, кој пристигнува од Монако како едно од најголемите засилувања за новата сезона. Францускиот репрезентативец потпиша договор со шампионот на Франција до 2031 година и се очекува да има важна улога во тимот, благодарение на неговата креативност, дриблинг и способност да игра на повеќе офанзивни позиции. Аклиуш изминатите сезони беше еден од најдобрите ...
Кошаркарот на Феникс Санс, Дилон Брукс, се договори со клубот за нов тригодишен договор вреден 73 милиони долари. Информацијата ја потврди неговиот агент Мајк Џорџ. Брукс зад себе ја има најдобрата сезона во досегашната кариера. Во просек постигнуваше 20,2 поени, имаше 3,6 скока и 1,8 асистенции по натпревар, со што беше еден од најзаслужните за одличната сезона на Феникс, кој забележа 45 победи и избори место во плејофот. Триесетгодишниот ...
Шпанскиот евролигаш Басконија објави дека потпишал двегодишен договор со американскиот кошаркар Дејмион Бо, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. 26-годишниот играч, кој може да настапува како плејмејкер и бек шутер, во Виторија пристигнува по одлична сезона во која играше во развојната НБА лига, Африканската национална лига и канадското првенство. Во дресот на Вали Санса во „Џи“ лигата, Бо просечно постигнуваше 22,4 ...
Екипата на Шкендија повторно ќе брка гол негатива во Конференциската лига. Иако имаше реми во џеб, со доцен гол загуби од Хибернијан (1-2) и на домашен терен ќе напаѓа победа која ќе донесе плеј-оф во третото по ранг натпреварување на УЕФА каде ќе чекаат Гетеборг од Шведска и Гент од Белгија. Натпреварот во Шкотска беше перфектен за Шкендија посебно во првото полувреме, кога македонскиот вицепрвак се одбрани од налетите на Хибернијан. Само ...
По двонеделната пауза, викендов продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига со натпреварите од 2. коло, а Фудбалската федерација на Македонија ги објави и судиските парови. Петок (7 август, 17:00 часот) Шкендија Арачиново – Силекс (Игор Стојчевски) Сабота (8 август) 17:00 часот: Башкими – Тиквеш (Стојанче Стојанов) 19:00 часот: Брегалница – Арсими (Јован Качевски) Недела (9 август) 17:00 часот: Скопје – Струга Трим Лум ...
Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Сепак, потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд. „Добар прв чекор. ...
Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, не го криеше задоволството по победата над Фарски Острови на Европското првенство и пласманот во ТОП-12 кој донесе место на следниот Мундијал. Некогашниот репрезентативец на Македонија во изјава за „Балкан Хендбол“ истакна дека ова е голем успех, затоа што Македонија е дебитант на овој настан и им честита на играчите за постигнатото. „Честитки за играчите, се бореа иако ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски, кој ја има улогата на спортски координатор на машките селекции, даде коментар по победата на Македонија У18 над Фарски Острови на Европското првенство и позицијата која ни го донесе пласманот на Светскиот шампионат. Во изјава за „Балкан Хендбол“, популарниот Жути изјави: „Прва цел на ова првенство беше да обезбедиме Светско првенство. Ја исполнивме таа цел, имавме тешка група, една од ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го започна настапот на Европското првенство од Б-дивизијата, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ја совладаа селекцијата на Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го отворија шампионатот. Македонија имаше фантастичен старт на натпреварот и за нешто повеќе од пет минути создаде предност од 22-5, благодарение на одличниот шут за три ...
Бразилската ѕвезда Винициус Жуниор официјално потпиша нов договор со Реал Мадрид, со кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2032 година. Напаѓачот е еден од најважните фудбалери во тимот во последните сезони и се очекува да продолжи да биде еден од лидерите на „кралскиот клуб“. Винициус пристигна во Реал во 2018 година од Фламенго и постепено се разви во еден од најдобрите офанзивни играчи во светот. Со мадридскиот клуб освои повеќе трофеи, ...
Фудбалската федерација на Уругвај официјално го назначи легендарниот Диего Форлан за нов предводник на сениорската репрезентација, по разочарувачкиот настап на тимот на Светското првенство годинава. Форлан засега ќе ја извршува функцијата в.д. селектор, откако го наследи Марсело Биелса, кој си поднесе оставка по елиминацијата на Уругвај уште во групната фаза. „Диего Форлан се враќа дома за да ја води репрезентацијата до 20 години и ...
Тренерите на Шкендија и Хибернијан, Артим Положани и Дејвид Греј, ги објавија составите кои ќе истрчаат на теренот во Шкотска, каде нашиот претставник ќе се обиде да стигне до добар резултат во квалификацискиот натпревар за Конференциската лига. Вицепрвакот во ПМФЛ ќе има тешка мисија, но е полн со оптимизам во пресрет на мечот кој претставува увертира за реваншот во Скопје за седум дена. Шкендија: Рамани, Мељичи, Зејнулаи, Манев, Трумчи, ...
Српскиот репрезентативец Филип Костиќ е нов фудбалер на ПСВ Ајндховен, потврди актуелниот шампион на Холандија. 33-годишниот крилен напаѓач потпиша договор до летото 2028 година, откако по истекот на договорот со Јувентус пристигна како слободен играч. За Костиќ ова претставува враќање во холандскиот фудбал по 12 години. Од 2012 до 2014 година настапуваше за Гронинген, а потоа кариерата ја продолжи во германската Бундеслига. Во текот на ...
Стручниот штаб на ФК Вардар има ново име во своите редови. Нов асистент во тимот на тренерот Кристијан Фабијани е нашиот екс-фудбалер и досегашен предводник на кадетскиот состав на „црвено-црните“, Христијан Кировски. Кировски доаѓа во првиот тим по заминувањето на асистентот Густаво Лопез, кој беше дел од Вардар во изминатите два месеци. Популарниот „Џери“ оствари голем успех со кадетскиот тим, со кој го освои трофејот во Купот во изминатата ...