Занесени од чакмаците и стилата, сме заборавиле што ни ветуваа истиве градоначалници во 2021 година и нивните лидери пред само петнаесет месеци. Па, лани гласавме. Имаат ли нешто ново да ни кажат? Оти снимиле нов спот? И нов билборд испечатиле? Да не ги завршија проектите што ни ги ветуваа пред четири години, па сега ни ветуваат нови? Еве на пример, има ли некој кандидат за градоначалник на Скопје, кој откако живееме во повеќепартиски систем, ...

1 Дали политичките партии толку ги потценуваат гласачите, или гласачите сами себеси се потценуваат ако во предизборна кампања паѓаат на маички, капчиња и тефтерчиња што во некои ќесички им ги делат министрите и високите функционери на владејачката партија и партиските функционери од опозицијата? Па тие поклончиња се купени со наши пари. Тоа се пари од државниот буџет што партиите ги добиваат за избори кои ние сме им ги обезбедиле уредно плаќајќи ...