
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Сиа откри своја голема тајна. Пејачката, која го крие своето лице со перики, сподели со јавноста дека е во аутистичниот спектар. За време на гостувањето во „Rob Has a Podcast”, Сиа изјави: „Јас сум во спектарот и се опоравувам или што и да е. Има многу работи“. „Никој не може да те знае и да те сака кога си полн со тајни и живееш со срам. Дури кога ќе седнеме во соба полна со непознати лица и ќе им ги кажеме нашите најдлабоки, најтемни, ...
Хајди Клум и Том Каулиц уживаат во волшебната Франција. Славниот пар одмараше на јахта, а со љубовните потези ги забрза активираните прсти на папараците. Најновите фотографии ги прикажуваат како си разменуваат бакнежи на јахта и безгрижно се забавуваат. 49-годишниот модел и 33-годишниот музичар се префрлија на релаксација по неколкуте нејзини ангажмани за време на Канскиот филмски фестивал на француската ривиера. Славната двојка заплива во ...
Ал Пачино набрзо ќе го добие првото дете со Нур Алфала. Претставник на 82-годишниот актер потврдил за TMZ дека неговата девојка 29-годишна девојка е во осмиот месец од бременоста. Пачино има уште три деца со две други жени. Парот беше фотографиран минатиот месец во Лос Анџелес. Веста дека легендарниот холивудски актер ќе добие принова одекна само неколку недели по раѓањето на бебето на неговиот долгогодишен колега Роберт Де Ниро. Пачино е татко ...
Остварувањето на сонот за убава фигура повеќе не го одложувајте ниту еден ден. Од атрактивно тело ве делат само упорноста за вежбање и секојдневното квалитетно потење. Фитнес ѕвездата Мери Браун креираше тренинг кој не само што ќе ве облее со пот, туку и ќе согори голем број калории и ќе го стопи оној слој масни наслаги кој толку многу ве фрустрира. Очекувајте да ви се забрза срцето и да ве „печат“ мускулите, но задоволството кое ќе го ...
Среќата не познава возрасна граница. Бабички од Бразил го забавуваат светот со видеата кои ги создаваат за социјалните мрежи, а во кои заразно се смеат на филтрите за селфи. Во и Тита чекорат во деветтата деценија од животот, но не дозволуваат годините да им ја уништат страста кон животот. Двете сестри освоија милиони интернет корисници со својата харизма и среќа, прославувајќи се не само во нивната татковина, туку и низ светот. Обидете се да не ...
Температурите надвор растат, а заедно со нив расте нашата желба за полесна облека и модни експерименти. Керол Кари е модна зависничка и пејачка која умее да привлече внимание со стилот и која ја следат илјадници фанови од целиот свет. Убавата Бразилка од мали нозе живее во Португалија, градејќи кариера не само во музичкиот свет, туку и во модниот. Погледнете дел од нејзините стилски предлози за топлите денови кои доаѓаат: Нема слични статии. ...
Жерар Пике и Клара Чиа Марти го посетија концертот на бендот Coldplay во Барселона. 36-годишниот поранешен фудбалер и неговата 24-годишна девојка беа фотографирани од папараците додека се упатуваа кон стадионот „Estadi Olímpic Lluís Companys“. Клара и Жерар се запознаа по нејзиното вработување во канцеларија во неговата компанија Kosmos. Тие јавно ја објавија својата романса во август минатата година, неколку месеци по разделбата на Пике и ...
Маја Гроздановска-Панчева прослави голем јубилеј. Македонската пејачка со вечера со семејството и пријателите го одбележа 50-тиот роденден. Маја објави фотографии со најблиските, а на едната од нив позира со сопругот Дарко и двете ќерки Марија и Надица. View this post on Instagram A post shared by Maja Grozdanovska Pancheva (@grozdanovskapancheva) Минатиот месец, Маја со ќерките го придружуваше Дарко на промоцијата на докуметарниот филм за ...
Селин Дион ја откажа светската турнеја „Courage“ поради неизлечивата болест со која се соочува. 55-годишната музичка дива, која страда од Синдром на вкочанета личност, претходно ги одложуваше концертите, но сега објави дека е најдобро да откаже сè додека не биде подготвена да се врати на сцената. „Жал ми е што повторно ќе ве разочарам сите. Напорно работам за да си ја вратам силата, но турнеите знаат да бидат многу тешки дури и кога си на 100%. ...
Што претставува инконтиненцијата, за каква состојба станува збор? Проф. д-р Васил Илиев:- Континенцијата претставува физиолошка, нормална функција на полнење на бешиката, која меѓу две празнења е комплетно сува, односно не доаѓа до истекување на урина. Инконтиненција е спротивното, односно кога доаѓа до губење на урина, не по желба, туку станува збор за неволно, неконтролирано мокрење поради разни причини (подмочување). Ова е сложен термин. ...
Тинејџерка која се бори со ракот доби голема поддршка од група пријатели. Во знак на солидарност со болната девојка, неколкумина момци си ги избричија главите и ја изненадија. Се разбира, таа не можеше да си ги задржи солзите на прекрасниот гест. „Никој не се бори сам! Ако имате пријатели, имате сè“ – пишува во видеото. NO ONE FIGHTS ALONE: Teen fighting cancer is surprised by her group of friends when they show up to her house after shaving ...
Дуа Липа и Донатела Версаче ги здружија своите креативни сили за создавање на нова модна соработка. 27-годишната пејачка и 68-годишната дизајнерка креираа заедничка колекција која ја презентираа со ревија во Кан. Музичката ѕвезда вели дека сите модели кои ќе бидат презентирани го рефлектираат нејзиниот стил. „Секој аутфит кој ќе биде на шоуто е нешто кое 100% ќе го носам во текот на цело лето. Сметам дека голем дел од мене е претставен во сите ...
Каролина Гочева и Михаил Корубин ја обожаваат Италија, а пролетва го истражуваа романтичниот Рим. Популарниот пар уживаше во Вечниот град, а „македонското девојче“ сподели низа кратки моменти од патувањето во кратко Instagram видео. Талентираната пејачка и истакнатиот уметник уживаа во италијанската метропола во последните денови од април и почетокот на мај. View this post on Instagram A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) Двојката ...
Сара Мејс и Димитар Атанасовски објавија дел од семејниот албум за крштевката на нивниот син. Македонската пејачка и харфистка и познатиот водител позираат насмеани покрај двете деца Илина и Кирил. На фотографиите, Сара носи свела комбинација со бежов костум и бела кошула. „Честита крштевка, меду мајкин“ - му порача Сара на нејзиниот мал наследник. View this post on Instagram A post shared by Dimitar Atanasovski (@dimitaratanasovski_) Види ...
Иам Тонги е победникот на 21-вата сезона на American Idol. 18-годишното момче од Хаваи им ги освои срцата на членовите на жирито уште на самата аудиција, а подоцна ја освои и цела Америка. Иам му го посвети финалниот настап во шоуто на својот татко, кој почина само неколку месеци пред аудициите, а изведе и негова оригинална песна напишана за него. Во финалето, Тонги настапи на сцената заедно со Џејмс Блант со песната „Monsters“. Немаше суво око ...
„Њујорк секогаш ќе биде моја писта“ – ова е пораката на Викторија Бекам за најновиот мини моден маратон кој го имаше во Големото јаболко. Популарната дизајнерка неколку дена престојуваше во САД, а секое нејзино излегување беше документирано од неуморните папараци. Доследна на својот стил, таа ноншалантно носеше редица креации од сопствениот бренд. Неодамна Викторија коментираше за денешните трендови за убавината. „Старомодно е да сакаш да си ...
Објавен е официјалниот трејлер за новиот филм „Barbie“ на Грета Гервиг, во кој Барби и Кен ќе се упатат на заедничка авантура. Главните ликови Марго Роби и Рајан Гослинг ќе бидат принудени да се соочат со реалниот свет и ќе влезат во мала неволја. Имено, поради непознати причини, Барби ќе ја изгуби совршената фигура и ќе биде протерана од идиличниот Барбиленд. Таа ќе мора да замине на патување во реалниот свет и да ја открие вистината за ...
Меј Маск не се откажува од гламурот ни во осмата деценија од животот. 75-годишната мајка на милијардерот Илон Маск во блескав фустан се појави на премиерата на „Asteroid City“ во Кан. На црвениот тепих на француската ривиера, моделот со седа коса шармираше во креација која е дело на дизајнерот Наим Кан. Меј позираше и со актерката Фан Бингбинг. Меј е модел, претприемач и диететичар. Во текот на 50-годишната кариера, таа има снимено бројни ...
И Џорџина Родригез пристигна во Кан. 29-годишната девојка на Кристијано Роналдо беше поканета на премиерата на француската драма „Last Summer“ (L'Été dernier). За оваа пригода, Родригез избра златна креација со разголен грб од Ali Karoui која одлично ги истакна нејзините облини. Во својот стајлинг, згодниот модел додаде блескав накит од Chopard. View this post on Instagram A post shared by Ali Karoui (@alikaroui) По премиерата, Џорџина се упати ...
Стартот на ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ vol.7, што ќе се одржи во недела (28 мај), ќе биде во 11 часот од Порта Македонија, наместо од 17 часот како што првично беше најавено. Промената на времето е поради променливите временски услови и најавата за пороен дожд во периодот за кога е закажана ревијалната трка. Освен промената на времето на одржувањена ревијалната трка, сѐ друго останува исто. Учесниците ќе стартуваат од Порта ...
Адам Левин го покани своето семејство да гостува во спотот за новата песна на неговиот бенд Maroon 5. 44-годишниот пејач се забавува со сопругата Беати и двете ќеркички Џио Грејс и Дасти Роуз во новиот видеозапис. Адам и Беати имаат и 5-месечно бебенце. View this post on Instagram A post shared by Adam Levine (@adamlevine) Славниот пар ретко споделува фотографии на кои се гледаат лицата на нивните деца. View this post on Instagram A post shared ...
Хајди Клум беше убавица во жолто на црвениот тепих во Кан. 49-годишниот поранешен ангел на Victoria’s Secret ги рашири „крилјата“ на премиерата на францускиот филм „La Passion De Dodin Bouffant“. Германскиот модел пристигна на манифестацијата во креација од Зухаир Мурад, но покажа малку повеќе отколку што сакаше. Додека позираше за фоторепортерите, Хајди се забавуваше со фустанот и во еден момент се отскри поголем дел од нејзината лева града. ...
Нè напушти уште една уметничка душа. Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст. Кралицата на рокенролот издиша за последен пат во нејзиниот дом во близина на Цирих, Швајцарија. „Со неа, светот изгуби музичка легенда“ – се вели во соопштение од нејзиниот публицист. Тарнер во изминатите години имаше бројни здравствени проблеми, вклучувајќи мозочен удар, рак на цревата и комплетно откажување на бубрезите, кое доведе до трансплантација на орган. Во ...
Публиката во Скопје на момент доби можност да го почуствува њујоршкиот нео-експресионизам од осумдесетите, благодарение на претставувањето на третиот дел од колекцијата Swatch Art Journey посветена на Жан – Мишел Баскијат. На најсоодветната локација за ваков тип на настан Младинскиот Културен Центар, посетителите имаа можност во автентичен амбиент и музика да се запознаат со делата на Мишел Баскијат, како и со часовниците инспирирани од ...
Млада мајка стана хит на интернет откако присуствуваше на нејзиното дипломирање 24 часа по породувањето. Еби Бејлиф се стекна со докторска диплома и стана мајка во период од неколку часа и доби многу аплаузи од целиот свет. TikTok видеото составено од нејзината сестра веќе има повеќе од милион прегледувања на популарната социјална мрежа. @hannahpaigern and thats on girl power #superwoman #dnp #newmom #doctorate ♬ FLESH. - Fnatylqrd Терминот за ...
Покрај гостувањето на Филмскиот фестивал, Наоми Кембел го искористи својот престој во Кан за да го одбележи 53-тиот со голема забава. Славната манекенка ја истакна феноменалната фигура во златна креација со пердуви во долниот дел додека се забавуваше со своите славни пријатели. Робин Тик ѝ пееше серенада на славеничката на прославата која беше организирана за неа од брендот Boss. Погледнете како изгледаше Наоми на црвениот тепих на Канскиот ...
Алиша Кис е голем поборник за природната убавина и многу ретко става шминка на лицето. 42-годишната пејачка пред неколку дена беше фотографирана во природно издание за време на семејниот одмор. Кис носеше бикини со висок струк од PatBO додека се забавуваше на јахта и уживаше во убавините на Латинска Америка. Заедно со неа беа и нејзините два сина и сопругот Свиз Биц. Тие ги посетија Мексико и Чиле. Алиша сподели фотографии од патувањето на ...
Ирина Шајк не сака да игра безбедно кога е во прашање модата и обожава смели комбинации. Но, црвениот тепих во Кан некако не се покажа како соодветно место за нејзината нова стилска авантура. Славниот модел наиде на критики поради разголеното издание со кое ги акцентираше дефинираните стомачни мускули. Комбинацијата на Шајк се состоеше од краток топ со две ленти кои ги прекриваа нејзините гради и здолниште со низок струк од брендот Mowalola. ...
Клиника Жан Митрев додели 130 ваучери за педијатриски прегледи за новороденчињата од Општина Центар. Доделувањето ваучери за граѓаните од оваа општина кои неодамна добиле дете, е дел од традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев сака да придонесе во безгрижниот и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој. Прегледите за новороденчињата ќе ги спроведува специјалист педијатар д-р ...
Надја Фереира организираше забава по повод претстојното раѓање на нејзиното прво дете со Марк Антони. Прославата на 24-годишната убавица со пријателите и семејството се одржа на јахта, а таа сподели фотографии на Instagram. Надја носеше кратко бело фустанче и нежно си го галеше трудничкото стомаче додека позираше покрај декорациите со животни. На дел од фотографиите, таа позира со мајка си Луди. View this post on Instagram A post shared by HOLA! ...