Седмото дете на Марк Антони е на пат. Неговата нова сопруга Надја Фереира, со која стапи во брак минатиот месец, е бремена со нивното прво заедничко дете. За Денот на вљубените, 23-годишниот модел и 54-годишниот пејач споделија фотографија, на која таа го покажува трудничкото стомаче. „Најдобриот подарок за Св. Валентин. Благодарам Боже за овој најголем благослов во нашите животи“ – напиша таа. Марк има уште шест деца од претходни врски и ...

Жени, кои врескаат од среќа кога ќе дознаат дека ќе станат баби, ќе ви измамат насмевка и вам. Серафина и Кони станаа вирален хит на интернет откако се појави видео од нивната реакција кога ќе им кажат дека ќе добијат внуче. Во видеото, Лина Сицилијано преку сопругот им дава на мајка си и на свекрвата врамени снимки од ултразвук за да им соопшти дека е бремена. Кога ќе сфатат за што се работи, двете врескаат и се прегрнуваат од среќа. View this ...

Жена го користи својот талент за да им даде драг спомен на клиентите кои тажат по саканите личности кои повеќе не се покрај нив. Мери Мекинс ги претвора старите алишта на покојните во спомен-мечиња, кои потоа им ги доставува на семејствата. Нејзините клиенти тврдат дека мечињата не само што ги оживуваат спомените со саканите, туку и дека гушкањето и зборувањето со нив им помага во справувањето со тагата. Мери ги креира мечињата од омилената ...

Дејвид и Викторија Бекам не пропуштаат да ги одбележат важните датуми од нивната врска и празниците. По повод Денот на вљубените, кој денес се слави во многу земји од светот, парот сподели стари фотографии и кратки пораки на Instagram. 48-годишната дизајнерка и 47-годишниот поранешен фудбалер објавија три фотографии направени на почетокот од нивната романса. „И по 26 години, сé уште си мој Валентин. Те сакам многу. Бакнежи“ – напиша Викторија. ...

Мајка освојува срца со моќно писмо за ќерка ѝ која започнува да плови низ бурните тинејџерски води. Во светот на технологијата и социјалните мрежи, Мер Ли од Бостон се надева дека ќе ја научи ќерка си да се цени себеси за она што е во сржта. Таа смета дека децата, а особено девојчињата, треба да знаат дека се доволно добри и убави онакви какви што се. А еве ги 20-те нешта кои таа посакува да ги запомни нејзината ќерка-тинејџерка: Писмо до мојата ...

Ангина пекторис (АП) заедно со миокарден инфаркт (МИ), претставува тип на исхемична кардиопатија, односно болест предизвикана од влошување и опструкција на артериите на срцето (коронарна артериосклероза). Се јавува поради акумулација на холестеролни наслаги – плаки, липиди (масти) и воспалителни клетки на ѕидовите на овие артерии, поради што срцето не прима доволно крв. Ангина пекторис, за разлика од миокарден инфаркт (МИ), се појавува ...

Трето дете доаѓа во семејството на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер. Убавата вест за бременоста ја соопшти поранешната тенисерка на Instagram. Ивановиќ објави фотографија на која со Бастијан го галат нејзиното трудничко стомаче, по што следуваше бран честитки во коментарите. Ана и Бастијан стапија во брак во 2016 година. Нивното прво дете Лука се роди во 2018 година, а второто синче Леон дојде на овој свет во 2019 година. Види повеќе » ...

Pronovias ги освојува срцата на идните невести со новата колекција венчаници. Деликатни, софистицирани и романтични... невестинските фустани се креирани од дизајнерката Алесандра Ринаудо за да направат секоја жена да се чувствува фантастично на својот специјален ден. „Фустанот не треба само да изгледа убаво, туку треба да поттикнува чувства во вас“ – вели Ринаудо. Креациите со различни силуети и префинети детали ќе ве освојат на прв поглед: ...

Откако ја надмина бројката од 500 постигнати голови во лигите во кои настапувал, Кристијано Роналдо имаше релаксиран неделен ден со семејството. Неговата сакана, Џорџина Родригез, сподели фотографија на која тој позира со нивната најмала ќерка Бела Есмералда. „Тој силен и деликатен поглед кој Бог ти го подари... Те сакам“ – напиша 29-годишниот модел. „Иста како Тато. Љубов моја“ – коментираше Роналдо. View this post on Instagram A post shared by ...

Џеј Зи ја имаше најдобрата придружба на овогодишниот Супер Боул – ќерката Блу Ајви. 53-годишниот рапер со 11-годишното девојче пристигнаа на спортскиот настан на кој Канзас Сити Чифс триумфираше над Филаделфија Иглс. Пораснатата Блу поттикна лавина коментари на интернет. Некои од нив се фокусираа на нејзината сличност со мајка ѝ Бијонсе, а некои на нејзината висина. Блу Ајви позираше со раперот Лил Узи Верт, кој е висок 162 сантиметри. На ...

Ријана имаше голема поддршка на Супер Боул. Ејсап Роки од публиката ја бодреше саканата додека таа ја забавуваше публиката на полувремето на натпреварот. Во видео објавено од NFL, познатиот рапер аплаудира и го снима настапот на Ријана со мобилниот телефон. Кога го напуштаа стадионот, Ријана и Ејсап Роки беа фотографирани со 9-месечното синче. ASAP Rocky is everyone watching @Rihanna #AppleMusicHalftime pic.twitter.com/pG6DWRL7ch — NFL (@NFL) ...

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс му посакаа добредојде на четвртото дете. За време на вчерашниот Супер Боул, 35-годишната актерка сподели фотографија со сопругот и неговата мајка, на која се гледа дека таа нема повеќе стомаче. „Папи Боул недела 2023. Бевме зафатени“ – напиша таа на албумот кој содржи фотографии и од нивните јадења за Супер Боул. Блејк и Рајан се родители и на 3-годишната Бети, 6-годишната Инез и 8-годишната Џејмс. Неодамна, во ...

Ријана е повторно бремена. Славната пејачка ја откри убавата вест истакнувајќи го трудничкото стомаче за време својот настап на Супер Боул. 34-годишната музичка ѕвезда носеше црвена модна комбинација и ги изненади сите појавувајќи се на сцената во блажена состојба, само девет месеци по раѓањето на синчето. Ова е првпат по пет години, Ријана да има настап во живо. Таа на сцената ги изведе своите најголеми хитови. Погледнете го спектакуларниот ...

Изборот на масло за подготовка на оброци денес е навистина голем, сите тие се разликуваат кога се користат при готвење, а нутриционистката Симона Коруновска и dm ни ги откриваат најдобрите Живееме во време во кое за речиси сите потреби имаме избор од барем неколку, а често и премногу решенија. Но сите тие се разликуваат и изборот зависи од нашите потреби, како и што сакаме да постигнеме. Слична е ситуацијата во однос на маслата за готвење – ...

Ванеса Хаџенс има радосни вести. 34-годишната ѕвезда од „High School Musical“ го прифати предлогот за брак на саканиот Кол Такер. Славната актерка ја потврди веста за веридбата на Instagram. „ДА. Не може да бидеме посреќни“ – напиша таа во описот на фотографиите, на кои го покажува и прстенот. Романтичното запросување се случило за време на нивно патување во Париз. Ванеса и Кол се заедно од ноември 2020 година. Таа претходно беше во врска со Зак ...

Ријана прифати голем предизвик. Славната пејачка, која 7 години паузираше од сценски настапи, оваа година ќе ја забавува публиката на полувремето на Супер Боул. 34-годишната музичка ѕвезда, која стана мајка во мај минатата година, го прифатила овој ангажман само три месеци по породувањето. За време на најновото интервју, Ријана зборуваше токму за тоа. „Кога првпат добив повик за да го направам ова, си помислив: ‘Псст, дали си сигурна?’. Беа ...

Новородено бебе со неговата мајка беа спасени од под рушевините во турската покраина Хатај 90 часа по разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени. Момчето старо 10 дена било извлечено од спасувачите неповредено додека неговата мајка била поставена на носилка поради можни повреди на `рбетот. Видеото од моментот на спасување на малиот Јагиз разбуди надеж за повеќе преживеани. 10 günlük Yağız Ulaş bebeğin depremden 90 saat sonra kurtarılma anı: ...

Девојка под вода го рекреираше танцот на Венсдеј од новата истоимена серија. Кристина Макушенко, која неколкупати била шампионка во синхронизирано пливање, во базен го пресоздаде танцот, а за да го сними видеото ѝ биле потребни 4 часа. @kristimakush95 Wednesday ADDAMS UNDERWATER version️ @Netflix #wednesday #wednesdayaddams #wednesdaynetflix #wednesdayaddamsedit #mermaid ♬ Goo Goo Muck - The Cramps „Подводна верзија на Венсдеј Адамс. Ми требаа 4 ...

Кит Харингтон и Роуз Лесли беа фотографирани на прошетка со малото синче. 36-годишните ѕвезди од „Game of Thrones“ се релаксираа во Лондон неколку дена откако споделија дека ќе добијат уште едно дете. Тие беа облечени во кежуал комбинации, а Кит го носеше малото детенце на рамената. Во саботата, за време на гостувањето во емисијата на Џими Фелон „The Tonight Show“, актерот познат по улогата на Џон Сноу, ја сподели среќната вест дека семејството ...

Кери Бредшо ќе ѝ се врати на старата љубов. Нови фотографии покажуваат дека омилената колумнистка од „Sex and the City“ ќе ја обнови врската со Ејдан Шо. На нив, прикажани се актерите Сара Џесика Паркер и Џон Корбет додека снимаат сцена за втората сезона од „And Just Like That“. Кери и Ејдан се состануваа долго време пред таа да го изневери со Мистер Биг. Тие за последен пат се видоа во вториот филм „Sex And The City“. За време на вечерната ...

Денот на вљубените доаѓа само еднаш годишно и тоа е совршена можност да му дадете до знаење на вашиот партнер колку ви значи. Изборот на подарок за денот на вљубените е еден едноставен начин да покажете како се чувствувате и да вратите дел од романсата што малку се губи во секојдневниот живот. Се разбира, подароците не се сè. Одвојување време за да бидете заедно е одличен начин за зајакнување на вашата врска и подобрување на интимноста. ...

Мајка сподели фотографии и видео на кои нејзините три бебиња лежат сред шприцовите од ин витро постапката со која беа зачнати. Шелби Стјуарт ја сподели својата приказна за да им даде надеж на сите кои се борат со неплодност и да им порача дека не сами. View this post on Instagram A post shared by shelby stewart || triplet mama (@shelby.stew) Шелби и нејзиниот сопруг имале една мала ќеркичка кога одлучиле да го прошират семејството. Сепак, не ...

Принцезата Кетрин и принцот Вилијам имаат уште едни специјални титули – Војвотка и Војвода од Корнвол. Кралскиот пар денес за првпат пристигна во Корнвол по добивањето на овој статус, кој им следуваше по смртта на кралицата Елизабета II. За оваа пригода, 41-годишната припадничка на британското кралско семејство шармираше во зимски стајлинг со кафеаво палто и бордо фустан со ролка. За настан од пред неколку дена, Кетрин носеше зелено палто. ...

Намалена еластичност, црвенило, лупење - студеното време може да биде многу грубо со нашата кожа. Во зимскиот период потребно е да ѝ посветите на вашата кожа дополнителна нега за да ја заштите од сушење и прерано стареење. За да изгледате и да се чувствувате одлично, клучно е да ѝ овозможите интензивна и долготрајна хидратација на вашата кожа. Во рутинската нега вклучете длабинска хидратација бидејќи студoт и ветерот ја нарушуваат функцијата на ...

Кијара Ферањи низ солзи одржа емотивен говор, кој всушност беше писмо до нејзината помлада верзија, но и до сите жени низ светот. На сцената на „Сан Ремо“, 35-годишната блогерка, која е сопруга на пејачот Федез и сама има изградено модна империја,, носеше невообичаена креација од Диор. Фустанот кој „симулира“ голо женско тело имаше цел да пренесе моќна порака за „ослободување од срамот што отсекогаш им се наметнувал на жените, почнувајќи од Ева, ...

Паулина Поризкова старее грациозно. 57-годишниот модел позираше за „Вог“ Скандинавија и сега ги краси страниците на списанието со необработени фотографии. Познатата Чехинка, која беше икона во модната индустрија и стекна светска слава во 80-тите години од минатиот век, е главна ѕвезда на изданието за февруари/март. „Стареењето е неизбежно, ќе ни се случи на сите нас. И всушност тоа е прекрасно нешто, бидејќи сметам дека сега внатрешно сум многу ...

Бела Џеј Дарк е на чекор до нов Гинисов рекорд. Откако минатата година стана најмладата авторка на светот со издавањето на првата книга, сега 6-годишното девојче веројатно повторно ќе испише историја. Бела ја издаде својата втора книга „Snowy's Birthday Party“ и доколку се продадат 1.000 примероци, таа ќе стане Најмладата авторка на серија книги. „Сметам дека е многу слатко да се види како дете има толкав интерес за нешто толку оригинално. Да ...

Девојка со Даунов синдром си ја претвори страста за правење колачиња во профитабилен бизнис откако била одбиена на секое интервју за работа на кое се пријавила. Таа сега го менува светот, се залага за лицата со попреченост и им отвора можност да работат во нејзината компанија. View this post on Instagram A post shared by Collette Divitto (@colletteyscookies) Колет Дивито се обидувала да се вработи по завршувањето на специјалната програма на ...

Како банка чија корпоративна стратегија се заснова на поддршка на младите луѓе што се иднината на нашата земја, Шпаркасе Банка АД Скопје креираше нов бесплатен пакет за сите млади и амбициозни луѓе што имаат потреба од вистински финансиски партнер. Бесплатниот пакет за млади од 15 до 25 години вклучува можност за отворање трансакциска сметка без провизија за нејзино одржување, Visa дебитна картичка и S-banka мобилно банкарство без надоместок, ...

Кетрин Зета-Џонс изгледа неверојатно и во шестата деценија од животот. 53-годишната актерка шармираше покрај сопругот Мајкл Даглас и синот Дилан на премиерното прикажување на „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ во Лос Анџелес. За настанот, Кетрин избра златно-црна креација од Каролина Ерера. Таа го држеше Мајкл за рака додека тројцата со широка насмевка позираа пред фоторепортерите. Кетрин и Мајкл се во брак од 2000 година. Дилан сега има 22 ...

Првата

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
1021
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
100%
1022
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
3.09
65%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
5.14
82%
1022
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.68
70%
1022
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
78%
1022
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1019
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1019
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
86%
1022
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
1023
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1007.18

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71