Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Мислевме дека ќе ја изгубиме“: Мадона пронајдена без свест во својот дом

„Мислевме дека ќе ја изгубиме“: Мадона пронајдена без свест во својот дом

Мадона била пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк и итно била пренесена во болница каде била интубирана. Нејзината состојба била толку сериозна што роднините се подготвувале за најлошото.

Менаџерот на 64-годишната пејачка ја потврди лошата вест и сподели дека таа имала сериозна бактериска инфекција и дека била хоспитализирана во саботата. Тој објави и дека се одложува нејзината турнеја која требаше да започне на 15 јули.

Мадона

Роднина на музичарката изјави дека таа била премногу посветена на организирањето на турнејата и дека недоволно се грижела за здравјето.

„Во изминатите неколку дена, никој не знаеше во која насока ќе се сврти ова и нејзиното семејство се подготвуваше за најлошото. Поради тоа се чуваше во тајност од саботата. Сите веруваа дека е можно да ја изгубиме и тоа беше реалноста на ситуацијата“ – рекол изворот.

Роднината на Мадона изјави дека ова е како повик за будење за пејачката, која го запоставувала своето здравје, мислејќи дека е сè уште млада.

„Ова навистина ја разбуди. Не живееше онолку здрав живот, колку што би требало да живее за нејзината возраст. Си мисли дека е млада, а всушност не е. Исто така верува дека е непобедлива“ – додала роднината.

Мадона Мадона

Извор близок до пејачката изјавил дека таа работела премногу напорно за да се подготви за турнејата и за да се увери дека сè е совршено.

„Сè, вклучително и нејзината турнеја, е на заден план сега и никој не смее да спомне нешто поврзано со работа, бидејќи таа ќе полуди. Ќе ја става кариерата и нејзината слава пред нејзиното здравје до денот кога ќе умре“ – рекол изворот.

Мадона

Мадона е мајка на шест деца. Нејзината ќерка Лурдес постојано била покрај неа во болницата.

Мадона Мадона

Состојбата на пејачката се подобрува и се очекува таа целосно да закрепне.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23552 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.