Путри Ариани навистина има голем талент. 17-годишната девојка од Индонезија одушеви со својот прекрасен глас на „America’s Got Talent“ и го доби златното копче од строгиот Сајмон Кауел. Талентираната млада пејачка најпрво ја изведе својата авторска песна „Loneliness“, а на барање на Сајмон, ја испеа и „Sorry Seems To Be The Hardest Word“. „Најголем предизвик ми е што луѓето ме гледаат како слепа личност, а не како музичарка. Но, кога пеам, се ...

Уметничкиот Центар АРТ ХАБ има особена чест и задоволство да ве покани на отварањето на самостојната изложба на ликовната уметница Марта Поп Антоска Башевска. Изложбата ќе се отвори на 08.06.2023 год. (четврток) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 20 часот. Ова е прва изложба на Glass Art во Македонија на која што ќе бидат презентирани над 30 скулптури изработени од мурано стакло, како и предмети од ...

Мајка заедно со своите ќерки создадоа спомен кој ќе трае вечно. Тери Бонин од Тексас секој месец одела на вечера со четирите ќерки и двете снаи, но последното излегување, тие одлучија да го направат уште позабавно. Седумте дами ги облекоа нивните невестински фустани и уживаа во убавото женско друштво и во одличната храна. „Одлучивме дека најскапите фустани кои ги поседуваме заслужуваат да бидат носени повеќе од еден ден во нашите животи“ – ...

Софија Вергара и Џо Манганиело го објавија на продажба нивниот дом во Беверли Хилс. Оној што сака да ја купи куќата во италијански стил треба да оддели богатство од 18 милиони долари за да стане сопственик. 50-годишната ѕвезда од „Modern Family“ го купи имотот во 2014 година за 10,6 милиони долари, но го реновираше и му ја зголеми вредноста. Домот на славниот пар се протега на површина од 1.020 м2, а во него се сместени и мало кино, фитнес сала ...

Ева Мендес откри кои третмани ги применува за лицето да ѝ изгледа одлично. 49-годишната актерка призна дека е многу влакнеста и често си го бричи лицето. Таа сподели фотографии на кои ја покажува кожата одблиску без грам шминка. Саканата на Рајан Гослинг применува дермапланинг - третман на лице за отстранување на мртвата кожа и влакната со мало остро сечило, оставајќи ја кожата мазна и мека како бебешка. „Добив многу коментари за вчерашниот пост ...

Џенифер Анистон го истакна тонираното тело за да ја промовира својата соработка со Pvolve. 54-годишната актерка изгледа неверојатно во новата кампања за програмата за вежбање која соединува функционални тренинзи и опрема со отпор. Холивудската ѕвезда, која започнала да тренира по оваа програма по повредата на грбот пред две години, вели дека Pvolve ѝ помогна да си го зајакне телото. „Како што влегуваме во нашите убави повозрасни периоди, мораме ...

Соништата понекогаш навистина се остваруваат со труд и истрајност. Самохран татко успеа да работи три работи, да балансира меѓу обврските околу грижата за синчето и ноќните учења за да заврши мастер студии. Сега сака да инспирира и други личности да го следат неговиот пример. Дезмонд Дурам израснал во семејство со седум браќа и сестри. Неговиот татко бил убиен кога тој имал само 11 години, па неговата мајка морала сама да се грижи за ...

Пари Сен Жермен ја освои 11-тата титула во шампионатот на Франција. По прошталниот натпревар со Клермон во Париз, Серхио Рамос славеше за трофејот со најсаканите. Славниот фудбалер се бакнуваше со сопругата Пилар Рубио и насмеан позираше со четирите синчиња. Малите момчиња беа облечени во дресови на ПСЖ како нивниот татко. „Уживав во специјален момент со најспецијалните луѓе. Лига шампиони“ – напиша Рамос. Ова беше последен натпревар на Рамос во ...

Близнаците на Кристијано Роналдо порано го прославија својот 6-ти роденден. Иако Матео и Ева се родени на 8 јуни, нивните родители веќе им организираа забава за најблиските. 38-годишниот фудбалер и неговата 29-годишна девојка споделија фотографии од веселбата. На нив, гордите родители позираат покрај двајцата славеници, нивниот постар брат Кристијано Џуниор и нивната помала сестричка Алана Мартина. „Тато се гордее со вас“ – напиша Роналдо во ...

Арнолд Шварценегер сподели многу приватни моменти во документарецот „Arnold“, а меѓу нив особено внимание привлече неговото признание за вонбрачно дете од афера со чистачката. 75-годишниот актер откри како ѝ кажал на неговата тогашна сопруга Марија Шрајвер дека има син со нивната куќна помошничка. „Со Марија одевме на брачно советување еднаш неделно. На една од сесиите, советникот рече: ‘Марија сака да си специфичен за нешто, сака да знае дали ...

Според Светската здравствена организација, доколку не дојде до забременување во период од една година непречено обидување со незаштитени сексуални односи на партнерите, тогаш веќе се прогласува состојба за стерилитет, условно кажано и веќе партнерите треба да размислуваат во насока да утврдат зашто не доаѓа до забременување и што сè треба да се преземе. Тоа се и нашите препораки до пациентите – до една година да не се крева аларм, да не се палат ...

Како дел од своите редовни деловни состаноци, менаџерскиот тим на КС Групацијата во чиј составен дел се компаниите Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн, одржа средба со цел запознавање со новитетите во своето работење и презентација на идните планови на делување во областите кои се примарни дејности на компаниите. Како компании кои постојано се грижат за кариерниот напредок на своите вработени и нивна постојана ...

Фахрие Евџен го прослави својот 37-ми роденден. Турската актерка, позната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, изгледаше атрактивно во тексас фустан на забава со семејството и пријателите. Фахрие позираше со сопругот Бурак Озчивит и нивните две деца покрај балони и позадина во барби стил. На истата забава, убавата ѕвезда и нејзиниот сопруг му организираа и детски роденден на синот Каран, кој наполни четири години во април. ...

Џеси Џеј одлучи да го открие идентитетот на таткото на нејзиното синче. 34-годишната пејачка, која роди „виножито“ бебе на 12 мај, објави фотографија од породувањето со царски рез и потврди дека забремени природно од момчето Чанан Сафир Колман. Славната музичарка и 39-годишниот кошаркар се запознале неколку недели по нејзиниот спонтан абортус во ноември 2021 година, а веста дека е повторно бремена таа ја сподели во јануари оваа година. Еве го ...

Семејството на Брус Вилис споделува спомени со него додека над нив надвиснува неговата дијагноза – фронтотемпорална деменција. Сопругата Ема објави видео од семејна авантура во Дизниленд, а фановите непрекинато испраќаат пораки за поддршка. Во приватната снимка, популарниот актер е насмеан и во одлично расположение до малата ќерка за време на возење во популарниот забавен парк во Калифорнија. View this post on Instagram A post shared by Emma ...

Принцезата Кетрин однесе гламур и елеганција на кралската свадба на принцот Хусеин од Јордан и Раџва Ал-Сеиф. На свадбената церемонија во палатата Захран во Аман, 41-годишната припадничка на британското кралско семејство блесна во нежна розова креација од Ели Сааб, впечатливи обетки и златна чантичка. Таа беше фотографирана додека се упатуваше на церемонијата со принцот Вилијам. Подоцна, за вечерниот банкет, Кетрин го промени својот фустан и ...

Шакира и Луис Хамилтон се во фокусот на папараците и медиумите, па виорат гласините дека има романтичен момент во нивните односи. 46-годишната пејачка му даде поддршка на славниот тркач на Ф1 Гран При на Шпанија, со што ги подгреа шпекулациите за врска. Славната Колумбијка објави фотографија од нејзиниот престој во Барселона, а тоа беше повод за многу дискусии на фановите онлајн. Многумина се убедени дека таа и Луис се повеќе од пријатели. Тие ...

Принцот Хусеин од Јордан стапи во брак со саканата Раџва Ал-Сеиф. Кралската свадба се одржа пред 1.700 гости во палатата Захран во Аман. Новата јорданска принцеза блесна во прекрасна венчаница од модниот волшебник Ели Сааб, надополнета со долг превез и дијамантска тијара. Тим од 20 лица помина 3 месеци создавајќи ја романтичната креација. Во својот свадбен изглед, Раџва додаде бели балетанки од брендот d'Orsay. Подоцна, среќната невеста се ...

Во согласност со корпоративната политика на Веро за поттикнување активности кои придонесуваат за поздрава и почиста животна средина, на 1 јуни започна голема летна наградна игра „Даруваме и животната средина ја чуваме“ со богат фонд на еко награди. Главната награда која ќе заврши во рацете на најсреќниот потрошувач е електричен мотор C-VIBE. Наградната игра ќе трае до 14 јули, а во неа може да учествуваат сите полнолетни потрошувачи на Веро. Со ...

„Алумил“, една од најсовремените компании за производство на алуминиумски системи, вчеравечер свечено го отвори новиот изложбен салон во Скопје. Голем број гости, претставници на бизнис-елитата, клиенти и соработници имаа можност во релаксирана атмосфера да се запознаат одблизу со изложените примероци на алуминиумски системи од богатото портфолио на компанијата. Овој простор ќе овозможи додадена вредност за потрошувачите кои ќе имаат можност на ...

Оваа донација, најголемиот европски дрогериски ланец ја реализираше со донирање на бебешки креветчиња за ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Компанијата dm drogerie markt која гордо го носи епитетот на една од општествено најодговорните компании, оваа година го одбележува Меѓународниот ден на децата со донација на 15 бебешки креветчиња во вредност од повеќе од 300.000 денари во ЈЗУ Општа болница ,,Д-р Ферид Мурад’’ во Гостивар. На ...

По две години неуморна потрага по нов дом, Џенифер и Бен Афлек купија грандиозна куќа во Беверли Хилс. Славниот пар се раздели со 60 милиони долари за да го поседува домот од соништата. Имотот се протега на 4.300 m2. Во куќата се сместени 12 спални соби и 24 бањи, а во дворот се наоѓаат и голема гостинска куќа, прекрасен базен и кошаркарско игралиште. Имотот бил огласен со цена од 75 милиони долари, но Бен и Џенифер платиле 15 милиони долари ...

Јуни традиционално ни ги буди љубопитството и желбата за дружење. Контактирањето со многу лица ќе нè усреќува повеќе од вообичаено, па ќе ги зачестиме друштвените средби во актуелната сезона на близнаците. Огнениот Марс и романтичната Венера ќе се здружат во лав, што значи дека страста ќе виори околу нас и ќе нè поттикнува да бидеме посмели на љубовен план. А тоа е невозможно да не резултира со жешки средби кои ќе ни го растреперуваат и срцето и ...

На Џенифер Гарнер не ѝ пречи да се дружи со децата на Џенифер Лопез и покрај тоа што таа е во брак со нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек. 51-годишната актерка ја одведе ќерката на Џеј Ло, Еми, заедно со ќерка си Серафина во Дизниленд и имаа забавен „женски“ ден. Тие се возеа на ролеркостер во „најсреќното место на Земјата“. 15-годишната Еми и 14-годишната Серафина се зближија во 2021 година, откако нивните родители ја обновија врската од пред ...

Ана Ивановиќ ужива во семејна идила. Поранешната српска тенисерка беше фотографирана на прошетка со трите деца само две недели по породувањето. Папараци фотографиите ја прикажуваат Ана како ја турка количката и го носи во рацете новороденото бебенце, додека покрај неа трчаат и се возат на тротинети поголемите синови Леон и Лука. Шарматната сопруга на Бастијан Швајнштајгер на 9 мај објави дека им се роди трето дете. На фотографиите направени на ...

Во супер атмосфера и со многу позитивна енергија во саботата се одржа Dragonball турнир како дел од фестивалот на јапонска култура Нихон-џи, на кој годинава Божиновски часовници и накит беше горд спонзор. Покрај турнирот, на фестивалот посетителите имаа можност да се запознаат со специјалната колекција на Swatch посветена на Dragonball. Погледнете ја оваа навистина несекојдневна колекција на часовници која моментално може да ја купите со 30% на ...

Здравко Чолиќ вчера наполни 72 години. Балканската музичка ѕвезда доби специјална честитка од поголемата ќерка Уна. 21-годишната девојка на Instagram објави нивна заедничка фотографија, а во описот напиша: „Среќен роденден на најдобриот татко! Моја гордост, те сакам“. Уна на популарната социјална мрежа ја следат повеќе од 42 илјади фанови. Чолиќ е роден во 1951 година во Сараево. Од мали нозе тој покажувал интерес за музиката, а првата музичка ...

Меган Фокс и Машин Ган Кели навидум ги оставија љубовните драми зад себе. Популарниот пар со заедничко излегување им потврди на фановите дека е далеку од разделба. 37-годишната актерка и 33-годишниот музичар беа фотографирани во Лондон на промоцијата на неговата нова колекција прстени во соработка со Стивен Вебстер. Повикувајќи се на анонимни извори, странските медиуми известуваат дека парот напорно работи на врската, но дека ги одложи плановите ...

Почина Драги Христов. Победникот на првото македонско реално шоу, познат по прекарот Драги Шпага, издиша за последен пат на 52-годишна возраст. Тој боледуваше од рак на белите дробови и се соочуваше со сериозни здравствени компликации. Драги победи во шоуто „Тоа сум јас“ кое се одржуваше во 2004 година и освои автомобил. pic.twitter.com/1vxGQPNrCW — Dragispaga (@Dragispaga) December 27, 2015 pic.twitter.com/IRXXKCphLX — Dragispaga (@Dragispaga) ...

Да се патува со мали деца не е лесно, а мајките многу добро го знаат тоа. Сепак, Кејси Хаф потсетува дека вреди да се помине низ сите предизвици поврзани со подготовките и остварувањето на патувањата, за да се создадат заеднички спомени со децата. Како мајка на три мали деца, популарната авторка честопати споделува свои гледишта и искуства со останатите родители, потсетувајќи ги дека не се сами во нивните секојдневни борби. Хаф вели дека ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
53%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
84%
1007
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
94%
1005
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1009
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
37%
1005
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
95%
1007
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.64
54%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
69%
1011
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
83%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 22ᴼ
3.6
45%
1007
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
91%
1006
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1011
Currency

61.535

Currency

53.0261

Currency

71.1017

Currency

34.0504

Currency

38.1249

Currency

65.5971

Currency

7.38523

Currency

0.65825

Currency

0.35734

Currency

0.52534

Currency

1.293

Currency

0.60748