Скопје Сити мол го докажува својот статус на општествено одговорна компанија, која преку продадените билети од 3-те минатогодишни циклуси на театарски претстави во Сити театар донираше 250,000 ден. за Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар - Доза среќа” од Скопје. Взаемно со нашите посетители придонесуваме за повеќе детски насмевки, за среќа во сите детски очи. Затоа и овој пат, ќе се погрижиме нашите ...

Бритни и Френки Алба имаат полни раце. Само 13 месеци откако им посакаа добредојде на нивните близнаци Лука и Леви, тие добија уште еден пар еден пар близнаци, овојпат ќерки. Парот брзо се адаптирал на новото нормално и сега ужива со своите четири деца. Синчињата на Бритни имале само шест месеци кога таа открила дека е повторно бремена. „Отидов кај мојот сопруг и му соопштив дека сум повторно бремена. Си рековме: ‘Само што добивме две деца, ...

Мајка им го откри полот на нероденото бебенце на трите дечиња, но доби неочекувана реакција од ќеркичката. Во видеото, таа им дава мафини на синовите и на ќеркичката Виена. Во средината на слатките се наоѓала бојата која требало да покаже дали бебето е момче или девојче. Само што ќе почне да јадe, малата Виена открива дека станува збор за сина боја и дека ќе добие уште едно братче. Разочараното девојче започнува да плаче и да вика: „Сакав да ...

Микробите постојат милиони години. Тие се насекаде околу нас. Повеќето од нив се безопасни, дури и витални за човековото постоење. Друг, мал дел од нив се патогени и можат да предизвикаат болест. Тука на помош доаѓа имунолошкиот систем, кој е главниот штит од штетните микроби. Останува да се разбере како имунолошкиот систем нѐ штити од инфекции. Што се микробите? Микробите се микроорганизми и во зависност од нивната структура се поделени во ...

Хелен Мирен е редовна гостинка на големите свечености и модните настани, а не го прескокна и овогодишното „Берлинаре“. 77-годишната актерка изгледаше неверојатно во црна креација на 73-тото издание од Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Хелен присуствуваше на премиерата на биографскиот филм „Golda“ во кој ја има главната улога. Во „Golda“, Мирен ја портретира првата премиерка на Израел, Голда Меир. Филмот е режиран од Гај Натив. Види ...

Амелија и Елиза Спенсер за првпат дефилираа на ревија во рамките на Лондонската недела на модата. Русокосите близначки, кои ѝ се внуки на покојната принцеза Дијана, заедно чекореа на модната писта. Тие блескаа во две гламурозни креации од брендот Josh Birch Jones. Амелија носеше фустан со еден ракав во смарагдно-зелена боја, додека Елиза презентираше црна креација надополнета со колоритни кристали. Синооките сестри успешно се пробија во модната ...

Секој од нас во животот има играно „тетрис“, но ретко кој ја знае приказната која довела до нејзиното создавање. Новиот филм на Apple, „The Tetris“ ја раскажува сторијата за оваа популарна видеоигра програмирана од рускиот дизајнер на игри Алексеј Пажитнов. „Тетрис“ го импресионираше холандскиот претприемач Хенк Роџерс, кој отпатува во Советскиот Сојуз за време на Студената војна за да ги обезбеди правата за дистрибуција на играта, но наиде на ...

Поттикнувајќи го индивидуалното донаторство со личен пример, компанијата Веро ја предаде сумата од 675.098 денари (околу 11.000 евра) на СОС Детско село, обезбедени во рамки на донаторската акција „Заокружи сметка“. Како и претходните години, Веро и оваа година ја организираше оваа акција во сите свои маркети со цел да им пружи поддршка на децата без родителска грижа и да им обезбеди подобра иднина. Донаторската акција „Заокружи сметка“ траеше ...

Фотографија од бебенце родено со расцеп на усните и непцето предизвика лавина од љубов на социјалните мрежи. На неа, 2-месечната Сатон слатко спие за време на фотосесија. Преслатката фотографија беше објавена на бизнис страницата на фотографката Шенон Мортон, која тврди дека воопшто не очекувала ваква реакција од светот. „Неверојатно е. Мислам дека ја споделив во вторникот, а до петокот наутро имаше 5 илјади допаѓања. Помислив дека е ...

Жаклин Ворен е авторка чии текстови допираат до многу луѓе. Мајката на четири деца напиша писмо до посветениот сопруг во кое ја изрази благодарноста за нивната љубовна приказна. Таа му упати пофални зборови за љубовта и поддршката кои секојдневно ѝ ги пружи. Прочитајте го нејзиниот текст: Тој не ги забележува моите брчки, тука ја гледа мојата насмевка. Тој не ги мери моите екстра килограми, туку ја гледа својата невеста. Тој не се плаши од моите ...

Со гордост ви го најавуваме традиционалниот концерт на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect посветен на Тоше Проески - „Засекогаш во срцата“. Двете концертни вечери ќе се одржат на 24 (петок) и 25 (сабота) февруари во Центар за култура, Битола и ќе бидат посветени на музичките великани Тоше Проески и Пепи Бафтировски. Покрај Камерниот Оркестар на ⋮IWConnect предводен од диригентот Владимир Димовски, на сцената ќе настапат и Бојан Маровиќ, ...

Мерјем Узерли не остана незабележана на галата Time 100 во Дубаи. На свеченоста во „Музејот на иднината“ во Дубаи, 39-годишната турска актерка пристигна во впечатлива креација со наметка. Фустанот е дело на модната куќа Zuhra. Мерјем кај нас е најпозната по улогата на Хурем Султан од серијата „Величествениот“. Узерли се обиде да го искористи овој настан за да ја подигне свеста за сериозноста на последиците од земјотресите во Турција. „Благодарам ...

Кетрин Зета-Џонс изгледаше неверојатно на доделувањето на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности. За свеченоста во Лондон, 53-годишната актерка избра блескава креација од високата мода на Тони Вард. Фустанот во жолта и виолетова боја, таа го искомбинира со сандали од Сара Флинт и накит од Шопард. На сцената, Кетрин ја додели наградата за Најдобар филм на „All Quiet On The Western Front“, кој беше голем победник на ...

Додека конфликтите во Украина сé уште продолжуваат, група деца и тинејџери се во мисија да „му покажат на светот дека светлината секогаш победува“. Light Balance Kids од Украина се талентирани млади танчари кои користат иновативна технологија за да создадат уникатен впечаток додека танцуваат. Групата стигна до финалето во 14-тата сезона на „America’s Got Talent“, па беше поканета да учествува и на овогодишното „America’s Got Talent: All-Stars“ ...

Принцезата Кетрин однесе гламур и елеганција на црвениот тепих на доделувањето на наградите БАФТА во Лондон. 41-годишната претставничка на британското кралско семејство изгледаше беспрекорно во бел фустан надополнет со долги црни ракавици и впечатливи обетки од Zara. Асиметричната креација на едно рамо е дело на модната куќа Александар Меквин. Кетрин на настанот пристигна со принцот Вилијам. Истиот фустан, но со цветен детаљ на рамото, Кетрин го ...

Серотонинот е клучен елемент на човечкиот организам и, иако не можеме да го внесеме со исхраната, нутриционистката Симона Коруновска и dm ни откриваат како тоа што го јадеме влијае врз неговото функционирање Можеме да влијаеме на начинот на кој се чувствуваме и тоа токму преку исхраната. Кога станува збор за хормонот на среќа, значаен придонес има тоа што го јадеме. Овој хормон не можеме да го внесеме директно преку храната, но преку комбинација ...

Селена Гомез сè почесто се соочува со злобни коментари за нејзиниот изглед. Славната актерка и пејачка доживува промени во тежината и на секое јавно појавување, станува мета на критики. 30-годишната ѕвезда им откри на своите фанови дека флуктуациите во тежината се случуваат поради лекарствата кои ги прима поради болеста лупус. „Кога ги примам лековите, во телото ми се задржува повеќе вода. И тоа се случува многу нормално. Кога ќе престанам да ги ...

Кетрин Зета-Џонс импресионираше на премиерата на „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ во Лондон. 53-годишната актерка изгледаше елегантно во сина креација од Кристина Отавијано и накит од Шопард. Таа го придружуваше сопругот Мајкл Даглас кој е дел од актерската екипа во филмот базиран на стриповите на Марвел. Кетрин и Мајкл стапија во брак во 2000 година и заедно имаат две деца. Трејлер за „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ Види повеќе » ...

Луиза Дан во шестата деценија од животот блеска повеќе отсекогаш. 52-годишната блогерка и модел ја прифати својата седа коса и придоби бројни обожаватели кои ѝ се восхитуваат на младешкиот изглед. Дан признава дека првите бели влакна на косата ѝ се појавиле уште во тинејџерските години, па за да ги прикрие, започнала да си ја фарба косата. „Првото бело влакно на косата си го открив на 16 години и за да ги сокријам корените, започнав да си ја ...

Помалку од една година по објавувањето на веста дека има афазија, Брус Вилис има нова дијагноза - фронтотемпорална деменција. Семејството на 67-годишниот актер сподели дека состојбата му се влошува поради „суровата болест“, но дека им е олеснување што конечно имаат точна дијагноза. Во заедничката изјава на неговата сегашна сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур и петте ќерки стои: По објавувањето дека на Брус му е дијагностицирана афазија во ...

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ уживаат во секој момент од нивната врска. 34-годишниот српски актер и неговата девојка моментално се релаксираат на одмор на Малдиви. Заљубениот пар споделува фотографии од рајските места кои ги посетува за време на престојот таму. View this post on Instagram A post shared by Miloš Biković (@bikovic) View this post on Instagram A post shared by Miloš Biković (@bikovic) View this post on Instagram A post shared by ...

Утре ќе започне спектакуларниот карневал во Рио де Жанеиро. Луѓе од целата планета пристигнуваат во популарниот бразилски град за да бидат дел од една од најголемите улични забави на светот. Изабел Голарт со сексапилна фотосесија и видео го најавува почетокот на карневалот кој ќе трае до 25 февруари. 38-годишниот поранешен ангел на Victoria’s Secret го истакна тонираното тело во бикини со школки. „Подготвена за карневал“ – напиша бразилската ...

Приказна за мал борец од Битола ќе допре до сечие срце. На херојот Адријан на само 11-годишна возраст му беше дијагностицирана леукемија, но смогна сили и успеа храбро да се избори со болеста. Сторијата за оваа битка ја раскажа неговата мајка Марта Стојковска. „Секогаш верувајте во своето дете дека ќе успее и дека таквите моменти се само премрежје и еден лош сон кој ќе помине и ќе се разбудат посилни од кога било“ – изјави таа за Femina.mk. Како ...

Криси Тиген и Џон Леџенд споделија семеен албум со фотографии направени пред вечерното излегување на Денот на вљубените. 37-годишниот модел и 44-годишниот пејач позираа со новородената Ести, 4-годишниот Мајлс и 6-годишната Луна. Сите беа облечени во комбинации во бои кои се симбол на љубов и романтика. Криси ја држеше едномесечната ќеркичка. Веста за приновата во нивното семејство, Криси ја соопшти на 20 јануари. „Таа пристигна! Ести Максин ...

Меј Маск беше дел од гостите на ревијата на The Blonds која се одржа во рамките на Њујоршката недела на модата. 74-годишната мајка на милијардерот Илон Маск носеше припиен металик комбинезон од брендот кој ја прикажуваше колекцијата за сезоната есен/зима 2023. Поранешната финалистка на Мис Јужна Африка седеше во првиот ред. Минатата година, Меј стана најстариот модел кој некогаш добил место на насловната страница на Sport Illustrated Swimsuit. ...

Спасувачите не се откажуваат од потрагата по преживеани под рушевините во Турција. Околу 228 часа по првиот разорен земјотрес, спасени беа мајка и нејзините две деца во градот Хатај. Ела и децата беа извлечени живи и беа одведени во болница, а на Twitter беше споделено видео од нивното спасување. A woman and her two children were rescued alive miraculously 228 hours after the twin earthquakes hit southern Türkiye on Feb. 06 Rescued 10 days after ...

Малата Оливија несомнено има вроден талент за пеење. 4-годишното девојче одушеви со изведбата на „Part of Your World“ од дизниевиот хит „Малата сирена“. View this post on Instagram A post shared by Upworthy (@upworthy) Оливија потекнува од Тенеси и освојува на TikTok со неверојатниот глас и актерските способности. Дел од нејзините видеа имаат милиони прегледувања. @shelby_kimberly Not my toddler being more entertaining than Disney on Ice #disney ...

Куки е млада девојка која сака да се дотерува, а за да го направи тоа, постојано црпи инсприрација од познатите дами. Таа ги пресоздава модните комбинации на принцезата Кетрин, Меган Маркл, Амал Клуни, кралицата Летиција и многу други. За да ги склопи сите стајлинзи, Куки наоѓа облека и модни додатоци по пристапни цени. „Споделувам аутфити инспирирани од славните личности кои нема да ве банкротираат“ – пишува таа. Погледнете ги видеата: View ...

За Јуки Нишимура реалниот живот на обичните луѓе отсекогаш бил инспирација при создавањето на уметничките дела. Талентираниот Јапонец слика ситуации од секојдневието на луѓето кои ги среќава. Најголем дел од нив се толку едноставни, што нивниот живот би поминал незабележано ако не постоеше вештата рака на Нишимура да го наслика на хартија она што тој го гледа. Јуки го започнува секој ден со 50 минути сликање. Во неговите дела ги доловува ...

Недозволиво е во 21 век жените од која било возраст да се помират со намален квалитет на живот Урогениталниот пролапс е сложена состојба која се карактеризира со пореметена анатомска позиција на засегнатите органи во комбинација со нивна нарушена функција. „Жената најчесто не е свесна дека тој постои сè додека не биде откриен при интравагинален преглед. Понапреднатите степени на спуштањето на вагината, мочниот меур или утерусот, самите пациентки ...

Првата

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1021
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
100%
1022
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
3.09
64%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
5.14
81%
1022
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.68
70%
1022
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
77%
1022
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1019
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1019
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
86%
1022
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
1023
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1007.18

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71