Ајрис Апфел замина во легендите. Модната икона позната по својот ексцентричен стил почина на 102-годишна возраст. Препознатливата супербабичка, која беше голема обожавателка на впечатливите модни додатоци и различните принтови, остави доволно голем отпечаток во модниот свет за никогаш да не биде заборавена. Смелата смисла за мода ја водеше додека го градеше својот колоритен свет, во кој зрачеше со ведрина. Апфел е родена на 29 август 1921 година ...

Американската дизајнерка и модна икона Ајрис Апфел почина на 102 години. Самнаречената „геријатриска старлета“ беше позната по нејзината препознатлива кратка бела коса, големи очила, светлиот кармин и впечатливиот накит. Апфел својата слава ја достигна во 1980-тите и 1990-тите, а беше познато лице на модните недели во Париз повеќе од половина век. Веста за нејзината смрт беше објавена пред речиси три милиони следбеници на нејзиниот Инстаграм ...