Шеширите се моден додаток кој веќе со векови е дел од гардеробата на многу жени кои го претпочитаат класичниот изглед, или пак едноставно уживаат во нивната елеганција и креативноста која ја нудат во дополнувањето на изгледот. Некогаш задолжителен дел од секојдневниот стајлинг на жените (и мажите), шеширите денес се моден избор за кој потребно е барем мало познавање на нивната историја за да се постигне правилно стилизирање. Денес, женските ...

Речиси и да не постои човек кој не сака да патува. Можноста да се посети нова земја и да се ужива во нејзините убавини, природа, култура и историја е несомнено значаен фактор во културниот развој на секој човек. Дел од нас претпочитаат да играат на „сигурна карта" и се фокусираат на популарни туристички места или луксузни дестинации кои најчесто ги рекламираат инфлуенсерите на социјалните мрежи. Но оние со малку посилен авантуристички дух, би се ...

Сигурни сме дека не постои жена која за време на менструалниот циклус не посакала да има можност макар еден ден да остане дома. Е таа желба е многу блиску да им се оствари на Шпанките. Имено, доколку помине законот предложен од левоориентираната партија на власт во Шпанија, таа би можела да стане првата земја во Европа која воведува законска можност за менструално отсуство. Така, жените би имале можност да земат еден до три слободни дена, а за ...

Познатата повеќеслојна фризура „Рејчел" се врати во тренд благодарение на Џенифер Анистон! Фото: Pinterest Именувана според ликот на Анистон во хит-серијата „Friends", оваа фризура беше особено популарна во раните 2000-ти години, а се чини дека сега таа доживува вистинска ренесанса благодарение на актерката. Фото: Pinterest View this post on Instagram A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) На неодамнешното видео, кое го објави на ...

Есента е погодна сезона за деловни комбинации, затоа што преку слоевитото комбинирање се овозможуваат лепеза на опции како истите парчиња облека за на работа, да ги комбинирате во неколку различни варијанти. Веројатно едно од оние парчиња кои важат за базични во сечиј деловен стил е сакото, па секогаш е корисно да имате на ум како ова парче да го споите во вашиот деловен изглед неколку пати во текот на работната недела. Неговиот универзален ...

Светската премиера на филмот „Кајмак" на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ќе се случи на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио (ТИФФ), кој ќе се одржи од 24 октомври до 2 ноември. Фестивалот во Токио е на А-листата заедно со Берлин, Кан и Венеција, најголем е во Азија и еден од најголемите во светот. „Кајмак" во Токио ќе се прикаже во официјалната селекција за награди. Манчевски и дел од актерската екипа на „Кајмак" ќе ...

Неколку години наназад, сега веќе 16-годишниот Марко Пејчиновски им држи лекции на возрасните. За истрајност, за храброст, за тоа како соништата стануваат реални само кога многу и искрено се трудите за нив. Исто толку искрен и посветен во својата борба, Марко стана нашето дете-херој кое боледува од ретка болест покрај која уште поревносно се соочува со предизвиците. Кога имаше само 12 години, направи подвиг за паметење откако за околу 9 часа го ...

Портокаловата боја можеби се смета за заштитна боја на есента. Есенските трендови укажуваат на тоа дека оваа сезона ќе доминираат модни парчиња во сите нијанси на портокалова боја и земјени тонови, но непишаните правила се лесни за прекршување. Со внесување на контрастна и акцентска боја во очекуваната есенска палета на нијанси може да се постигне одличен ефект на необично освежување и разигрување на сезонската гардероба. Фото: Pinterest ...

Британскиот моден дизајнер Ричард Квин, вчеравечер ја затвори Лондонската модна недела со ревија на која ја претстави својата колекција за пролет/лето 23. На ревијата доминираа целосно црни креации, збогатени со тиари со мониста и превези од тантела посветен на покојната кралица Елизабета Втора. Фото: Vogue Во 2018 година, кралица присуствуваше на Лондонската модна недела и седеше во првиот ред следејќи ја дебитантската комерцијална ревија на ...

Втората сезона на манифестацијата ќе се одвива вкупно десет дена на нова локација во трговскиот центар, со три ревиски гала вечери и ексклузивен изложбен салон, за претставување на колекциите на учесниците од земјата и странство. „Can you feel the light?" e слоганот под кој на почетокот од месец ноември ќе отпочне второто издание на Скопски моден фестивал, забавна манифестација за љубителите на дизајнот, културата и уметноста во метрополата. ...

Есента е веќе на прагот, а вљубениците во ова оваа сезона со нетрпение ги очекуваат сите нејзини карактеристики: позлатени лисја, студени температури, звукот на есенскиот дожд, топлите напитоци и удобните есенски модни парчиња во кои несомнено се вбројуваат и плетените ролки. Фото: Pinterest Плетените блузи и џемпери се повеќе од само есенски и зимски тренд. Потребата од топлина и удобност безмалку ѝм дава статус на бесмртна класика, додека пак ...

Можеби дојде крајот на летните патувања, сончевите топли денови и песочните плажи, но авантурите не застануваат со последните денови од летото. Есенската сезона нуди одлична можност да се спознае природата од поинаков агол, а со тоа и да се ужива во неверојатниот раскош од бои и нијанси на злато во кои се облекуваат оклните шуми и планини. Па така, за почетокот на оваа есен имаме предлог за токму такво возбудливо патување на северот на Италија, ...

Минатиот викенд во Бејрут, Либан, се одржа деветтото издание на интернационалниот избор за убавина MISS TOURISM UNIVERSE 2022. Нашата држава ја претставуваше 19 годишната Ева Јовановска од Тетово, која успеа да освои дури две титули: Miss TEEN, како најдобра во конкуренција на девојки до 19 години и титулата 6-та придружничкa (6th runner up) вкупно, во конкуренција на 30 учеснички, од исто толку држави од целиот свет. Победничка е Мис ...

Минатиот викенд во Бејрут, Либан, се одржа деветтото издание на интернационалниот избор за убавина MISS TOURISM UNIVERSE 2022. Нашата држава ја претставуваше 19 годишната Ева Јовановска од Тетово, која успеа да освои дури две титули: Miss TEEN, како најдобра во конкуренција на девојки до 19 години и титулата 6-та придружничкa (6th runner up) вкупно, во конкуренција на 30 учеснички, од исто толку држави од целиот свет. Победничка е Мис ...

Во сферата на домашното уредување постојат трендови кои доаѓаат и си заминуваат во зависност од сезоната. Но, одредени материјали, стилови и парчиња мебел секогаш ќе си најдат место во домовите на вљубениците во бесмртната класика. Таков материјал е мермерот, кој со сите свои верзии со години е симбол на гламур и луксуз. Мермерот му пркоси на удобниот и природен изглед на дрвениот мебел кој веќе подолго време е еден од најприсутните во домовите ...

Негата на кожата е можеби најважниот чекор од рутината за убавина, без разлика н а тоа во која возрасна група се вбројувате. Но, колку што е важна секојдневната и внимателна грижа за кожата во борбата против несаканите ефекти на времето и околината, исто толку е важно и што точно содржат производите кои ги користиме доколку сакаме да постигнеме подолготраен ефект. Поранешната тенисерка, Ана Ивановиќ, ја разбира потребата од козметика која на ...

По смртта на кралицата на 8 септември, лондонската модна недела бргу и ефективно подготви нов распоред на ревии со цел да се избегне конфликтот со периодот на жалост. Смртта на кралицата и погребалните церемонии кои траеја неколку денови, видно имаа влијание врз начинот на кој се одвиваше модната недела, со што беше забележано намалено присуство, откажани забави, а меѓу другото, Раф Симонс и Бурбери избраа целосно да ги укинат своите ревии во ...

Самостојната изложба на македонскиот скулптор и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Жарко Башески, е поставена во ликовната галерија на МАНУ. Во рамките на изложбата се претставени скулптури од неколку циклуси. Публиката ќе можност да погледне постари дела кои претходно не биле изложувани во Македонија, вклучително и скулптури изложувани во Њујорк, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Мексико, како и сосема нови, претходно ...

Годинашното, трето по ред издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез" ќе се одржи на 23 и 24 септември во Македонската филхармонија. „Крај Вардарот Џез" е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, а оваа година е селектиран како еден од 10те фестивали од Балканот, кои ќе учествуваат во програмата за размена на Фестивали и клубови (FEX - Festival & Club Exchange Program), која се имплементира во рамки на платформата МОСТ ...

Сјај, луксуз, авангардна естетика, вистински гламур – модната приказна од култниот филм „Големиот Гетсби" сместена во 20-те години, добива современа интерпретација во новата ексклузивна колекција свечени фустани на ЕЛЕНА ЛУКА насловена „Гетсби". Целата таа живописна, впечатлива и отмена мода, ЕЛЕНА ЛУКА ја редефинираше во современа, ултра модерна и богато стилизирана колекција, која совршено ѝ прилега на секоја пригода во која треба да бидете ...

Според вообичаениот протокол и обичај, на денешниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, беа целосно облечени во црни креации кои ги споија со сентиментален бисерен накит. Фото: harpersbazaar.com Фото: harpersbazaar.com За кралското семејство, бисерите имаат посебна симболика и како обичај за искажување жалост за првпат биле искористени во ерата на ...

Албанската модна дизајнерка, Ненси Дојака (28), која за кратко време постигна неверојатен успех и си обезбеди огромна база на обожаватели, вчеравечер одржа ревија во Лондон и ја претстави својата Ready To Wear колекција за пролет 2023 година. Креациите на Дојака продолжуваат да се издвојуваат по својата софистицирана сексапилност и префинетост, и покрај плимата на копии кои се појавија на масовниот пазар, откако дизајнерката го лансираше својот ...

Во тек е официјалната погрбна церемонија со која кралското семејство, британската јавност и светот се простуваат од кралицата Елизабета Втора. Церемонијата вклучува највисоки државни почести во присуство на 200.000 гости, меѓу кои членови на кралското семејство и стотици светски лидери и високи личности. Истата може да ја следите во живо на овој линк. На дел од фотографиите може да се види како принцовите Вилијам и Хари во поворката се движат ...

Со реноме на Оскари во светот на модата, Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) секоја година ги доделува своите модни награди во неколку различни категории со кои им се дава признание на најзаслужните американски модни креатори. Меѓу категориите е и онаа за Модна икона на годината, која минатата година ѝ беше доделена на Зендаја, а годинава ќе му припадне на рокерот Лени Кравиц. Како што неговата музика е еклектичен спој на рок, фанк, ...

Лесли Хорнби, најпозната по својот прекар Твиги, е една од најлегендарните манекенки кои некогаш се појавиле. За неа може да се рече дека е модна икона на 1960-тите и веројатно предводник на сите супермодели што ќе дојдат после неа. Британската манекенка Твиги на модната сцена се појавува во 1966 година, со неполни 16 години, а благодарение на необичниот андроген изглед и крупните очи, нагласени долни трепки и кратката „пикси" фризура, таа ...

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана денеска со највисоки државни почести во присуство на 200.000 гости, меѓу кои членови на кралското семејство и стотици светски лидери и високи личности. Фото: news.sky.com Фото: news.sky.com Погребалната церемонија ќе започне со поворка која ќе започне од зградата на парламентот ќе застане во Вестминстерската палата. Потоа, ковчегот ќе биде пренесен во Капелата Сент Џорџ во Виндзор каде Опелото ќе ...

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана денеска со највисоки државни почести во присуство на 200.000 гости, меѓу кои членови на кралското семејство и стотици светски лидери и високи личности. Погребалната церемонија ќе започне со поворка која ќе започне од зградата на парламентот ќе застане во Вестминстерската палата. Потоа, ковчегот ќе биде пренесен во Капелата Сент Џорџ во Виндзор каде Опелото ќе започне во 16 часот по локално време, каде ...

Пенелопе Круз вчера на премиерата на нејзиниот нов филм „On The Fringe" на филмскиот фестивал Сан Себастијан се појави во неочекувано издание, кое се покажа како полн погодок. 48-годишната шпанска актерка облече џинс и прикажа како ова култно модно парче може да добие елегантна димензија кога соодветно ќе се искомбинира и што е уште поважно, кога ќе се одбере вистинскиот модел кој складно прилега на фигурата. Се работи за џинс со геометриски ...

Њујоршката модна недела и официјални ги врати на писта (и во фокус) коктел фустаните. Удобните тренерки и лежерна облека останува за дома, а публиката сака надвор: на коктел забави, на места со гласна музика или на интимна вечера со најблиските. Дизајнерите ја препознаваат желбата кај своите клиенти да се дотераат и не ја игнорираат таа потреба која сега е поизразена од било кога. Впечатоците од штотуку завршената Модна недела во Њујорк, го ...

По две години пауза, Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (TIFF22), кој важи за еден од најзначајните јавни филмски фестивали во светот, се враќа во најголемиот град на Канада со полна пареа и бројни светски филмски премиери. Од 8 септември па сè до 18 септември, 46-тото издание на TIFF22, на вљубениците во филмската уметност им нуди неповторлива 10-дневна можност да погледнат дел од исклучителната меѓународна и канадска кинематографија ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1015
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
90%
1017
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
75%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.97
62%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.07
92%
1018
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.33
97%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
83%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
88%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1013
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
92%
1018
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
90%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
68%
1018
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.7933

Currency

34.5571

Currency

37.9634

Currency

66.4195

Currency

7.47635

Currency

0.65544

Currency

0.34162

Currency

0.5252

Currency

1.25539

Currency

0.60035