Речиси 20% од родилките во Македонија се соочуваат со постпородилна депресија. Чувство на беспомошност, песимизам, незаинтересираност, без воља кон емоционалните задоволства се симптоми кои укажуваат на оваа загрижувачка состојба кај мајките која бара сериозен професионален пристап од стручни лица, но и многу љубов, поддршка и разбирање од најблиските. Од клучно значење е навременото детектирање на состојбата, а тука најмногу може да помогнат ...
Кај многу мајки по породувањето може да се јават плачливост, тага, напнатост, загриженост, умор и слично. За ова се смета дека се заслужни големите хормонални промени кои настануваат по породувањето, но постанаталната депресија не е исто со овие промени на расположението. Таа е многу посериозна состојба. Овој текст е наменет за сите кои сакаат да дознаат повеќе за постнаталната депресија. Може да биде корисно за жените кои мислат дека можеби ja ...